ВЕЛИГДЕН ВО КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА
Комбинирана програма со лет од Скопје
(10.04.2026 – 13.04.2026)
КУШАДAСИ-ПАМУК КАЛЕ-ЕФЕС-ИЗМИР
Прв ден: 10.04.2026 (петок)-Скопје-Истанбул-Измир-Кушадаси
06.30 часот. Сoстанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 11.20 часот по локално време. Летот за Измир е во 13.00 часот, слетување во 14.10 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до Кушадаси. По пристигнувањето сместување на групата во хотелот „Derici“ 4**** лоциран во срцето на градот ( https://derici.hotelkusadasi.net/en/ ) Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални прошетки низ градот. Вечера. Ноќевање.
Втор ден: 11.04.2026 (сабота)- Кушадаси-Памук Кале-Кушадаси
Појадок. Организирано заминување со автобус кон Памук Кале. Пристигнуваме во хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“ каде ќе уживаме во внатрешните и надворешни базени. Тука ќе ја имаме единствената можност да ги почувствуваме благодетите од лековита кал. Ручек на шведска маса, а потоа организирана посета на единствениот природен феномен во светот – Памук Кале, античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за индивидуално разгледување на комплексот. Во попладневните часови се враќаме назад во Кушадаси. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 12.04.2026 (недела)-Кушадаси-Куќата на Богородица-Ефес
Појадок. Организирано заминување на групата кон Ефес и престој на едно од најсветите места за Велигден – куќата на Дева Марија каде Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. По разгледувањето на најубавото и најсветото место за Велигден, продолжуваме кон античкиот град Ефес – трет по големина во Римската Империја. Обиколка на градот со локален туристички водич. а потоа се враќаме во Кушадаси. Слободно време за идивидуални прошетки во градот. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 13.04.2026 (понеделник)-Кушадаси-Измир-Истанбул-Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување со автобус кон Измир – древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Во договореното време трансфер кон аеродромот. Летот за Истанбул е во 15.55 часот по локално време, слетување во 17.20 часот. Летот за Скопје е во 18.55 часот, слетување во 19.25 часот.
Промотивна цена за уплата до 26.01.2026……. 649 евра(40.240 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………749 евра (46.440 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет Скопје- Истанбул- Измир-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата
• 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 4* во Кушадаси
• Влезница во Памук Кале
• Користење на калните бањи и базените со термална вода во хотел „Пам“ и ручек на шведска маса
• Влезница во куќата на Богородица
• Влезница во античкиот град Ефес
• Посета на Измир
• Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
Доплата за еднокреветна соба – 90 евра
Бакшиш за локалниот водич
Патничко осигурување
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 250 евра (15.500 денари) најдоцна до 26. Јануари 2026 година. Целосна доплата на аранжманот до 05. Март 2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.
ATK