ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 479 € / 29.700 ден.
ИСТАНБУЛ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури – се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите – безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличенствените градови во светот.
За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете сѐ за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и сѐ така до недоглед…
1 ден
18.04.2025 (Петок)
Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 11:20 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Организирана пешачка тура низ стариот дел на Истанбул со лиценциран водич – плоштадот Султан Ахмет, византискиот Хиподром, палатата Топ Капи, џамијата Султанахмет наречена и Сина Џамија, поради своите бои (сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња), Аја Софија (црква, џамија, музеј, и повторно џамија), крстарење по Босфорот (1 час). Враќање во хотел. Факултативно, организирана вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.
2 ден
19.04.2025 (Сабота)
Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) посета на Ортакој, една од најшармантните области во Истанбул, позната по бројните кафулиња, галерии, историски објекти. Посета на Долмабахче Сарајот. Посета на Ускудар, каде ќе може да се посети Кузгунџук во азискиот дел на градот, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии, како и Моминската Кула, која е симбол на градот на Босфорот. Посета на ридот Чамлиџа, едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Враќање во хотел. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден
20.04.2025 (Недела)
Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) прошетка и посета на Балат и Пиер Лоти, една од најстарите и најспектакуларните области во Истанбул, препознатлива по историските градби и калдрмата. Посета и влез во Цариградската Патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија, една од 14-те Автокефални православни цркви, со можност за пристуство на миса. Посета на Галата Кула (однадвор) – средновековна кула сместена во населбата Галата во близина на Златниот Рог. Слободно време за ручек. Враќање во хотел. Вечерта (факултативно) организирана турска вечер – ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера, пијалак и забава. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
21.04.2025 (Понеделник)
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно ден за шопинг и индивидуални активности. Предлог –Посета на некој од познатите трговски центри, како на пример Форум, со можност за посета на Аквариумот или шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници. Можна посета на трговскиот центар Sapphire, сместен во највисоката зграда во Европа (236 м), со прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Направете виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D киното. За љубителите на убави фотографии препорачуваме посета на Каракој – место со многу улички и кафетерии, една од нив е познатата улица на чадорите. Организиран трансфер од хотел до аеродром во 14:00 часот. Полетување за Скопје во 18:55 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:30 часот
цената вклучува
- Авио билет Скопје – Истанбул – Скопје на Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
- Организиран трансфер: аеродром – хотел – аеродром
- 3 ноќевања со појадок Hotel Grand Washington во срцето на градот – http://www.grand-washington.com/
- Организиран разглед– пешачка тура со лиценциран водич
- Организирано крстарење по Босфорот (1 час)
- Организација и пратител на патувањето
цената не вклучува
- Влезница за Долма Бахче – околу 30 €
- Влезница во Чамлица – околу 15 €
- Посета на Долма Бахче, Обакој, Ускудар, Кузгунџук и Чамлиџа – 50 €, со трансфер и водич
- Вечера на брод – 65 € по лице, со вклучен трансфер, вечера и пијалаци на бродот
- Посета на Цариградска Патријаршија, Балат, Пиер Лоти, Галата кула – 50 € со трансфер и водич (доплата за жичарата на Пиер Лоти 10€)
- Патничко и здравствено осигурување
- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
- За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
- Пријавувањето и уплатата за факултативите се врши во агенција, и цените важат за минимум 15 пријавени лица
- Краен рок за пријавување 02.04.2025. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
- Разгледите зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 20 патници
- атл