Сицилија 14.03-17.03.2025

јануари 31, 2025
Сицилија Сицилија Italy
✈ авионски превоз

С И Ц И Л И Ј А

 

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

14.03 (Петок)     СКОПЈЕ – ТИРАНА – КАТАНИЈА – РАГУЗА

Состанок на групата во Скопје во 05.00 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Катанија во 13.05 и пристигнување во 14.35 часот. Катанија е вториот по големина град на истокот на Сицилија, познат по својата уникатна архитектура изградена од вулкански камен и привлекува посетители со своите “живи” плоштади и автентична сицилијанска атмосфера. Пешачка прошетка со водич: главниот плоштад, фонтаната на слонови од 18 век која според легендата има моќ да го смири вулканот Етна, катедралата од бел мермер посветена на Св. Агата, заштитничката на градот, дворецот Урсино, Универзитетот… Трансфер до хотел и сместување. Слободно време за вечера во некој од локалните ресторани со чаша италијанско вино. Ноќевање.

15.03 (Сабота)    СИРАКУЗА И НОТО

Појадок. Факултативен излет до Сиракуза и Ното.

Сиракуза е град богат со историја и култура што датира од периодот на античка Грција, некогаш по улиците на овој град шетал познатиот математичар Архимед, кој исто така е роден овде. Посета на островот Ортиџа – прошетка низ живописните улици до катедралата, која претставува уникатен пример за архитектура, комбинација од грчкиот храм на божицата Атина и барокна црква. Историското јадро на градот е на листата на наследство на УНЕСКО. Уживајте во прошетката во градот кој Цицерон го опиша како „најголемиот и најубавиот грчки град “.

Малото гратче Ното, скриен скапоцен камен на Сицилија, кој исто така е на листата на светско наследство на УНЕСКО, со тесни камени улици и прекрасна барокна архитектура во боја на песок. Прошетка низ историскиот центар, со раскошните фасади на црквите и палатите, централната улица на Виторио Емануел, Градска Порта Реале, црквата Света Кјара, Катедрала Свети Никола, Палатата Николачи… Ноќевање.

16.03 (Недела)    ЕТНА И ТАОРМИНА

Појадок. факултативен излет до вулканот Етна и градот Таормина.

Вулканот Етна (3.340 m) – најголемиот и единствен жив вулкан во Европа со околу 400 изгаснати и неколку активни кратери. Патуваме по црните патеки, некогаш прекриени со вжештена лава, пристигнување на надморска височина од 1.900 метри и слободно време за индивидуална прошетка околу постарите, изумрени кратери или можност за индивидуално патување со жичарница (доплата на лице место) на надморска височина од околу 3.000 метри до кратерот кој последен пат бил активен во 2001 година (забелешка: патувањето до вулканот Етна зависи од временските услови).

Таормина е модерен град и еден од најубавите места на Сицилија, а се наоѓа на ридот Монте Тауро. Прошетка по главната улица, грчкиот амфитеатар од 3 век п.н.е. кој е еден од најдобро зачуваните амфитеатри од античката ера, палатата ди Стефано, црквата Св. Катерина, Градска општина… Ноќевање. 

 

17.03 (Понеделник)  РАГУЗА – КАТАНИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување во 11.05 часот и пристигнување во Тирана во 12.30 часот. Трансфер до Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 559 евра   (34.660 денари)

Рана уплата 05.02: 479 евра   (30.320 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје

– Авионски превоз на релација Тирана-Катанија-Тирана

– Трансфер аеродром-хотел-аеродром

– Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

– Сместување во Хотел Montreal 3*  во Рагуза на база 3 ноќевања со појадок

– Разглед на Катанија со локален водич

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Туристичка такса се плаќа во хотелите на рецепција

– Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање

– Факултативен излет Сиракуза и Ното 60 евра (трансфер, локален водич)

– Факултативен излет Етна (до 1900 метри) и Таормина 70 евра (трансфер, локален водич)

– Влезници за локалитетите

– Патничко – здравствено осигурување

– Доплата за еднокреветна соба  7.300 ден.

-Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

маг