Термин: 06.12 – 09.12
2 ноќевање со појадок + превоз
Цена: 109€ / 6760 ден.
06.12.2024 (петок)
Состанок на групата по договорено време тргнување за Белград во 00.30 часот од пред ТА Либеро Травел. Попатно земање на патниците од Штип, Велес, Скопје и Куманово.. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
07.12.2024 (сабота)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на шопинг центар Галерија. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме во хотелот во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
08.12.2024 (недела)
Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центарот на градот. Поаѓање кон Белград. Враќање во хотел. Ноќевање.
09.12.2024 (понеделник)
Појадок. После појадок се тргнува накај манастир Тумане. Манастирот Тумане се наоѓа на девет километри оддалеченост од Голубац, во подножјето на планината Голубац, опкружен со шума, на левиот брег на реката Туманска, што му дава посебна убавина на светилиштето. Пет века по упокојувањето Преподобниот Зосим, јасно е зошто светиот подвижник го избрал токму ова место за својот осамен и молитвен живот, скриено од луѓето и потполно погодно за молитвена тишина. Амбиенталната убавина, духовниот мир и присуството на светињите, ја прават вредноста на манастирот Тумане, како на духовен, така и на културно-историски план. После посетата на Манастирот, се враќаме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Виница, Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- Организација и водство на патувањето
- ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
- 2 ноќевање со појадок во хотел 3* во Белград
- Посета на трговскиот центар „Галерија“
- Посета на Манастирот Тумане
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување 270 мкд
- Посета на Нови Сад – 25 еур по лице
- Tуристичка Такса 1е од ноќ по лице
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
- Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Либеро Травел и на самата агенција.
- Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Со оваа програма важат Општите услови СКТМ.