Вила Sunday Mood – Неа Скиони 2026

јануари 29, 2026

Вила Sunday Mood – Неа Скиони 2026

Вила САНДЕЈ МУД се наоѓа на само 50 м. од песочната плажа во Неа Скиони, опкружена е со прекрасен двор и цветна градина. Вилата располага со  петокреветни апартмани со една спална и  шестокреветни дуплекс апартмани со 2 спални соби. Во сите апартмани и дуплекси спалните соби се физички одделени од дневниот престој каде што се наоѓа кујната. Сите соби се со комплетно опремени кујни, сопствени бањи, ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената, WI-FI, балкони со поглед на градинаили поглед на море.

             ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ 

Период Број на ноќи 1/4  + 2 ДУПЛЕКС 1/6 ДУПЛЕКС
07.06 – 14.06 7 189  209 
14.06 – 21.06 7 219  239 
21.06 – 28.06 7 289  309 
28.06–  05.07 7 449  469 
05.07 – 12.07 7 499  519 
12.07 – 19.07 7 589  609 
19.07 – 26.07 7 739  779 
26.07 – 02.08 7 769  799 
02.08 – 09.08 7 769 € 799 
09.08 – 16.08 7 769  799 
16.08 – 23.08 7 769  799 
23.08–  30.08 7 739  759 
30.08 – 06.09 7 739 € 759 
06.09 – 13.09 7 679 € 699 
13.09 – 20.09 7 579  599 
20.09 – 27.09 7 479  499 
27.09 – 04.10 7 379  409 
07.06 – 14.06 7 219 € 249 

    20% попуст до 20.02.2026     /      15 % попуст до 15.03.2026        /      10% попуст до 05.04.2026 

1/5 Апартман  со  1 спална за 3 лица (брачен и единечен кревет)  и дневна со софа за 2 возрасни лица    
1/4 + 2 Дуплекс апартман со 2 спални – 2 спални соби со 2 легла во секоја спална и  дневна со софа за 2 деца
1/6 Дуплекс апартман со 2 спални – 2 спални соби со 2 легла во секоја спална и  дневна со софа за 2 возрасни

ПРЕВОЗ: Возрасен: 50€ повратен билет/40€ еден правец      Деца од 02-12г: 40€ повратен/30€ еден правец                     Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус и патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до објектот каде се сместуваат.

НАПОМЕНА:

  • Туристичка такса во износ од 2 евра дневно за студио/апартман, се плаќа на лице место
  • Во  апартманите  е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години со одобрение од агенција
  • Сместувањето во апартманите е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани, одобруваме 7% попуст.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка;
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при      склучување на договорот за патување.