Хотел Гранд Терме 5 * – с.Бања
Се наоѓа на периферијата на прекрасното село Бања, во столетна борова шума. Пространо лоби, дизајнерскиот алпски покрив и атриум во средината… Сè е во природни топли бои и материјали – гранит, дрво, кожа и мермерни облоги. Површината на хотелот е 27.000 м2 и Спа просторот зафаќа 5.000 м2. Во близина се наоѓа голем фитнес центар од ланецот Pulse Fitness & Spa. Сите внатрешни и надворешни базени се со минерална вода, која извира во непосредна близина, со температура од 56 степени. Капацитетот на спа центарот, кој е прв во Бугарија со вакви карактеристики, е до 500 лица истовремено.
Има хотелски дел со 160 соби, 3 трикатни згради со 40 апартмани, 19 одвоени и терасовидни вили.
Double Deluxe / 35 m² / 2 возрасни
Executive room / 38 m² / 2 возрасни
Family room / 45 m² / 2 возрасни + дете
Family suite / 45 m² / 2 возрасни + дете
One bedroom app / 70 m² / 3 возрасни
Two-bedroom app / 70 m² / 4 возрасни













