САРДИНИЈА 18.08-25.08.2026

 

Авион/ 8 дена/ 7 ноќевања

 

Опкружена со тиркизното сино на Тиренското Море, Сардинија е остров што освојува со својата природна елеганција. Смарагдните нијанси на морето, заливите скриени меѓу карпите, долгите песочни плажи и мирисот на медитеранската вегетација создаваат пејзажи што пленат со својата убавина.

Еден од највпечатливите предели е Коста Смералда – крајбрежје познато по кристално чистото море, префинетата атмосфера и складот меѓу природата и архитектурата. Тука се наоѓа и Порто Черво, едно од најелегантните медитерански летувалишта, каде луксузните јахти, шармантните плоштади и малите кафулиња создаваат посебна атмосфера.

Еден остров и милион епитети – утринско капење во тиркизното море, прошетка низ автентични медитерански места, вкусови на традиционалната кујна и зајдисонца што го обојуваат брегот во златни нијанси. Сардинија е дестинација која го освојува сите сетила.

Токму затоа, островот со право го носи епитетот на еден од највпечатливите бисери на Медитеранот – место каде природната убавина, префинетиот медитерански шарм и автентичната атмосфера создаваат префинета хармонија.

  1. Август (Вторник) СКОПЈЕ – АЛГЕРО

Полетување за Алгеро во 18:10 и пристигнување во 20:15 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

  1. 19. Август (Сабота) АЛГЕРО

Појадок. Слободно време за уживање на плажа. Во попладневните часови, прошетка во Алгеро, градот кој уште го нарекуваат и „Мала Барселона“. Тука жителите зборуваат каталонски, а натписите на улиците и менијата се двојазични. Историскиот дел на градот е заокружен со ѕидини и кули, од времето на шпанското владеење. Лавиринтот со живописни улици се протега се до главниот плоштад, каде се наоѓа катедралата Света Марија од 16 век, главната улица Виа Карло Алберто со црквата Сао Франческо, еден од најзначајните барокни објекти на Сардинија – црквата Сан Микеле. Алгеро е познат и по изработката на корален накит… Ноќевање.

  1. – 21. Август АЛГЕРО

Појадок. Денови за уживање на прекрасните плажи со бел песок и тиркизна вода Мариа Пиа и Ле Бомбарде, прошетки, факултативен излет до најубавата плажа во регионот Ла Пелоса… Ноќевање.

  1. Август АЛГЕРО – ГОЛФО ПЕВЕРО

Појадок. Трансфер до Голфо Певеро во зоната на Коста Смералда – „Смарагдниот брег“, најпознатиот дел на италијанскиот брег и едно од најелитните и најпопуларнитe летувалишта во Европа. Брегот е полн со прекрасни песочни плажи, кристално чисто море, бујна медитеранска вегетација и живописни места. Пристигнување во хотелот и сместување. Слободно време за уживање на плажа. Ноќевање.

  1. – 24. Август ГОЛФО ПЕВЕРО или ПОРТО ЧЕРВО

Појадок. Денови за уживање на прекрасната плажа Гранде Певеро, прошетки до другите плажи, факултативен излет Крстарење по Архипелагот Ла Мадалена…Ноќевање.

  1. Август (Вторник) АЛГЕРО – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Организиран трансфер до Аеродромот во Алгеро. Полетување во 20:50 и слетување во Скопје во 22:50 часот.

 

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА:    

 

Хотел Alghero Vacanze 3* Алгеро  

4 Ноќевања со појадок

и Хотел Piccolo Pevero 3* Порто Черво

3 Ноќевања со појадок

 

999 Евра

 

Хотел Rina  4* Алгеро          

4 Ноќевања со појадок

и Хотел Piccolo Pevero 3* Порто Черво

3 Ноќевања со појадок

 

1299 Евра

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје- Алгеро- Скопје

– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)

– Трансфери според програмата

– Сместување во избраниот хотел во Алгеро на база 4 ноќевања со појадок

– Прошетка во Алгеро

– Сместување во избраниот хотел во Порто Черво на база 3 ноќевања со појадок

– Организација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Кабински багаж или багаж за чекирање

– Факултативни излети

– Патничко – здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

AT pl