Милано и волшебните езера на Италија 1ви Мај

Во најубавиот период од годината, кога пролетта ја разубавува северна Италија со свежи бои и цветни пејзажи, ве покануваме на незаборавна тура низ елегантниот Милано и трите најпознати италијански езера – Лаго Маџоре, Лаго ди Комо и Лаго ди Гарда. Романтични градови, шармантни езерски населби и панорами што го одземаат здивот создаваат совршена комбинација од природа, култура и италијанска елеганција. Ова патување нуди прекрасни прошетки покрај кристално чисти води, уживање во медитеранската атмосфера и моменти кои ќе останат незаборавни.
1. Ден 30.04.2026 (четврток) | СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот спроти кај спортската сала Борис Трајковски во 11:30 часот. Поаѓање за Италија во 12:00 часот (на пладне). Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2. Ден 01.05.2026 (петок) | МИЛАНО
Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано со лиценциран водич: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. Во договорено време со водичот собирање на групата и сместување во хотел. Ноќевање.
3. Ден 02.05.2026 (сабота) | МИЛАНО – ЛУГАНО – ЛАГО ДИ КОМО
Појадок. Ден предвиден за факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza dellaReforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посетана мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Дококу дозволат временските услови, можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
4. Ден 03.05.2026 (недела) | ЛАГО МАЏОРЕ – СТРЕСА – БОРОМЕЈСКИ ОСТРОВИ
Појадок. Факултативна посета на Lago Maggiore – Езерото Маџоре. Посета на градот Стреса, монденско летувалиште со бујна вегетација. Факултативна пловидба со брод и разглед на Боромејските острови: Isola Bella – Боромејска палата и раскошни градини и Isola dei Pescatori – можност за ручек во традиционални рибни ресторани. Враќање во Стреса во договорено време со водичот и враќање во хотел. Ноќевање.
5. Ден 04.05.2026 (понеделник) | ЛАГО ДИ ГАРДА – СИРМИОНЕ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе (задолжителна факултативна посета). Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки паузи за одмор и обавување на гранични формалности.
6. Ден 05.05.2026 (вторник) | СКОПЈЕ
Предвидено пристигнување во Скопје во претпладневените часови (во зависност од условите по пат).
ПРОМО цена за резервации до 15.04.2026 – 189€/11.718ден
***Со пријава на пакет екскурзии од 120€
Редовна цена на аранжманот – 229€/14.198ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3* во Милано (околина) на база 3 ноќевања со појадок
– Организирана посети на градовите според програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Разглед на Милано со водич (15€) (задолжителна доплата во бус)
– Посета на Лугано и Лаго ди Комо (55€)
– Посета на Стреса и Лаго Маџоре (55€)
– Посета на Сирмионе (10€) – (задолжителна доплата во бус)
– Крстарење по езерото Комо (цирка 15€) – оваа факултатива не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните
– Задолжителна доплата за туристичка такса 10€ по лице за престој доплата на лице место
– Индивидуално патничко и здравствено осигурување
*** ПРОМО ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ – 120€ наместо 135€ (ПОПУСТ од 15€)
Вклучено во пакетот: разглед на Милано со водич, посета на Лугано и Лаго ди Комо, посета на Стреса и Лаго Маџоре и посета на Сирмионе и Лаго ди Гарда!
Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
– За еднокреветна соба доплатата изнесува 90€ на цената на аранжманот
– Дете од 2 до 11,99 год добива -10% попуст на цената на аранжманот
– Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
– Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени.
– Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
– Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
Waik