
КИПАРЛЕТО 2026
Авион 8 дена / 7 ноќевања
КИПАР е островска држава позната по својата богата историја, пријатна клима и прекрасни плажи. Островот спојува европска и ориентална култура, со антички локалитети, традиционална кујна и гостопримливи луѓе. Лоциран во Средоземното море и влијанитео на средоземната медитеранска клима се причина на Кипар да доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар, службени јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија е најголем град на островот и единственот во светот кој припаѓа на две држави…
Аја Напа е едно од најпознатите туристички места на Кипар, позната по кристално чистото море, песочните плажи и живиот ноќен живот. Особено омилен кај младите и љубителите на летната забава, градот е познат по својот динамичен ноќен живот, бројните барови и клубови, но истовремено нуди и прекрасни природни пејзажи, кристално чисто тиркизно море и одлични услови за одмор. Во околината има и културни знаменитости, како манастирот Аја Напа, како и можности за излети со брод и прошетки покрај морето. Во овој дел од Кипар се наоѓаат некои од најубавите плажи на островот. Овие плажи ја прават Аја Напа една од најатрактивните летни дестинации во Медитеранот.
Ниси Бич (Nissi Beach) познат по белиот песок, плитко море и жива атмосфера.
Макронисос Бич е помирна и идеална за семејства, со ситен песок и чиста вода.
Ланда Бич нуди повеќе тишина и природна убавина.
Грчка Беј (Grecian Bay) е одлична за оние што сакаат комфор и уредена плажа во близина на центарот.
1 ден СКОПЈЕ –– КИПАР
Состанок на групата на Скопскиот ареодром 2 часа пред лет. Полетување за Ларнакa во 16.20часот и слетување во 19.30часот. Организиран трансфер до хотелот во Аја Напа. Ноќевање.
2 ден – 7 ден КИПАР
Појадок. Слободно време за индивидуални активности.
8 ден КИПАР – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 14.20часот и слетување во 15.45часот.
| Хотел |
27.07 – 03.08 |
14.08 – 21.08 |
04.09 – 11.09 |
| EURONAPA 3* |
739 € |
739 € |
679 € |
| NISSIANA HOTEL 3* |
789 € |
799 € |
759 € |
| MILEA 3* |
799 € |
799 € |
779 € |
| ZOI AYIA NAPA HOTEL 4* |
759 € |
759 € |
699 € |
| TASIA MARIS OASIS 4* |
799 € |
799 € |
779 € |
| TASIA MARIS SEASONS 4* |
819 € |
819 € |
799 € |
| TASIA MARIS SENDS 4* |
929 € |
939 € |
919 € |
| SO NICE CLUB RESORT 4* |
1019 € |
1019 € |
959 € |
| SO WHITE CLUB RESORT 5* |
1069 € |
1069 € |
1039 € |
| GRECIAN BAY HOTEL 5* |
1249 € |
1249 € |
1229 € |
Цената на аранжманот е по лице во двокревена соба, за услуга ноќевање со појадок.
Постои можност хотелот да се букира и на база полу пансион.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
Авионски билет Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
Мала кабинска мека торба со димензии 40x30x20cm
Трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување во хотел 3*/ 4* на база 7 ноќевањa со појадок
Организација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)
Туристичка такса – се плаќа на рецепција во хотел.
Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
Условите за деца и трета возрасно лице побарајте ги во агенција.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Доколку патникот го откажува или менува терминот на поаѓање на истиот аранжман, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трошоци во износ од 10 €/Евра, по пријава-договор.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
Хотел Еуронапа (Euronapa Hotel Apartments) се наоѓа во Аја Напа, на мирна локација и на кратко растојание од центарот на градот и плажите. Објектот нуди комфорни апартмани и студија, погодни и за парови и за семејства. Гостите имаат на располагање базен, ресторан, бар и уредени заеднички простории за одмор. Хотелот е познат по пријатната атмосфера, љубезниот персонал и добриот сооднос меѓу цена и квалитет, што го прави популарен избор за летување во Аја Напа.
Nissiana Hotel & Bungalows е удобен и пријатен 3* хотел лоциран во Аја Напа, само околу 150 м од светски познатиот плажa Nissi Beach — една од најубавите песочни плажи на Кипар со тиркизно море и плажни барови. Во близина има барови, ресторани и продавници, а центарот на Аја Напа е само околу 20минути пешачка прошетка. Хотелот има надворешен базен и детски базен, како и внатрешен базен, фитнес центар, сауна, турска бања, масажи, терен за тенис и детско игралиште. Бесплатен Wi-Fi е достапен во целата зграда, а на располагање има и лежалки и чадори за сонце. Овој хотел е особено погоден за семејства и парови кои сакаат да бидат блиску до плажа и сите забавни содржини на Аја Напа, но и за оние кои бараат комфорен одмор со удобности на едно место.
Milea Hotel е 3* хотел во централното подрачје на Аја Напа, идеален за туристи што сакаат удобно сместување во близина на плажа и главните атракции на градот. Лоциран е само неколку минути пеш до пешачки улици со ресторани, барови и продавници, а до песочниот Limanaki Beach е околу 150-200 м од хотелот. Сите соби се климатизирани и имаат бесплатен Wi-Fi, ТВ, мини-фрижидер и приватна бања. Хотелот има бар покрај базенот, како и простор за дружба, надворешен базен каде можете да се релаксирате.
Zoi Ayia Napa Hotel е комфорен 4* хотел лоциран во централниот дел на Аја Напа, Кипар, на одлична локација блиску до плажите, баровите и туристичките атракции. Хотелот се наоѓа во пешачка достапност до плажите како Пернера и други убави песочни делови од крајбрежјето, како и блиску до централните знаменитости и ноќни места во Аја Напа. Собите се модерно уредени, климатизирани и имаат бесплатен Wi-Fi, приватна бања и балкон или тераса со поглед кон базенот или околината. Гостите можат да уживаат во надворешен базен, сончева тераса, уредена градина и ресторан со меѓународни јадења. Има бар и базен бар за освежување, како и фитнес и велнес центар за релаксација. Овој хотел е добар избор за парови, семејства и туристи кои сакаат удобно сместување со пристап до плажи, градски содржини и блиску до центарот на Аја Напа, со добар баланс на локација, услуги и квалитет.
Tasia Maris Oasis е 4* хотел кој комбинира современ стил, удобност и одлична локација за туристи што сакаат пријатен престој блиску до главните содржини на курортот. Хотелот е сместен на блага падина, само околу 5–10 минути пеш од центарот на Аја Напа каде има ресторани, барови и продавници, а до најблиската песочна плажа (како Grecian Bay или други делови од крајбрежјето) е околу 600–700 м пешачка рута. Сместувањето вклучува модерно уредени соби со клима, бесплатен Wi-Fi и flat-screen ТВ, балкон со поглед кон базенот или околината, мини фрижидер, сет за кафе/чај и фен за коса. Погоден за парови, семејства и туристи кои сакаат комфорен и тропски одмор. Гостите можат да уживаат во главен ресторан со буфетски појадок и вечера, ресторан покрај базен, барови, вклучително и rooftop бар за коктели и пијалаци со поглед. Хотелот нуди надворешен базен со дел за деца и градина околу него, лежалки и чадори за релаксација, сауна, парна бања и можности за масажи (со доплата), фитнес центар, игралиште и забавни активности, бесплатен Wi-Fi и приватен паркинг.
Tasia Maris Seasons Hotel (само за возрасни) е модерен 4* хотел лоциран во самото срце на Аја Напа, на познатата улица Nissi Avenue само неколку минути пеш до плажите, баровите, ресторани и главните туристички атракции. Собите се модерно уредени со стилски дизајн и удобности како клима-уред, бесплатен Wi-Fi, ТВ и балкон/тераса. Има различни типови соби, вклучувајќи и опции со поглед кон базен или море. Услуги и содржини: надворешен базен со лежалки – идеален за релаксација, ресторан и барови, вклучително и место за пијалаци и лесни оброци покрај базенот. Сеасонс Premium Lifestyle Venue – елегантен бар-ресторан со коктели, шиша и гурмански избор на јадења (инстаграм-пријателско место). Хотелот има современ и елегантен стил, насочен кон возрасни гости (минимална возраст обично 14+), нудејќи комбинација од релаксирачки одмор и лесен пристап до динамичниот живот во Аја Напа.
Tasia Maris Sands е 4* хотел во Аја Напа, сместен во мирна зона на Пeрнера Стрит и нуди лесен пристап до плажите и централните содржини на градот, ресторани, барови и продавници. Комфорно уредени соби со клима-уред, ТВ, бесплатен Wi-Fi и балкон. Ресторан и барови за појадок, вечера и пијалаци. Надворешен базен и простори за релаксација. Дополнителни удобности како сауна или фитнес центар. Песочната плажа е лесно достапна, неколку минути од хотелот. Овој хотел е добро оценет за својата удобност и близина до главните градски содржини и плажи, со пријатна и релаксирачка атмосфера идеален за парови или гости кои сакаат комбинација од одмор, блиски плажи и пристап до активности во Аја Напа.
So Nice Club Resort е современ и пријатен 4* хотел/ресорт сместен во мирна зона на Аја Напа, веднаш покрај познатата Landa Beach, убава песочна плажа со тиркизно море и лесен влез во водата, идеална за одмор и релаксација. Хотелот е само на 50 м од плажата Landa, а Ниси Бич и другите популарни плажи се лесно достапни со кратка прошетка. Центарот на Аја Напа е на околу 4км, што овозможува комбинација од мир и лесен пристап до ресторани, барови и ноќен живот. So Nice Club Resort располага со околу 85 модерно уредени соби и суити, вклучувајќи опции со поглед на градина, базен или море. Сите соби имаат клима-уред, бесплатен Wi-Fi, ТВ, мини-бар/фрижидер, апарат за чај/кафе, фен за коса и балкон или тераса. Некои сместувања нудат приватни базени или делови со директен пристап до вода. Гостите можат да уживаат во голем избор на ресторани и барови: Главен ресторан BLU со континентален и интернационален буфет појадок, ручек и вечера, како и A’la carte ресторани – италијански „Nama“, јпонски „Nozomi“ и Beach Bar и Pool Bar со освежителни пијалаци и лесни оброци. Ресортот нуди голем надворешен базен во форма на лагуна, детски базен, лежалки и чадори, како и простори за релаксација. Покрај плажата, гостите можат да уживаат и во активности на вода (како педали, кајак или возење на бродови, со доплата).Хотелот е погоден и за семејства: има детски базен, игралиште и мини-клуб за најмладите, како и простори за забавни активности. Овој хотел е одлична опција за туристи кои сакаат комбинација од блага плажа, удобност и релаксирачкиодмор, со лесен пристап до центарот на Аја Напа и нејзините содржини.
So White Club Resort е луксузен хотел со 5*, сместен директно на познатата Golden Beach во Аја Напа, со златен песок и кристално чисто море, што го прави одлична опција за вистински медитерански одмор. Хотелот е неколку чекори од плажа, на Nissi Avenue, а центарот на Аја Напа и ноќниот живот се лесно достапни . So White Club Resort нуди 45 стилски соби и суити, опремени со клима‑уред, бесплатен Wi‑Fi, ТВ и мини‑фрижидер, балкон/тераса со поглед кон базен или градината, собите се дизајнирани во модерен, светол стил што создава пријатна атмосфера за релаксиран престој. Гостите можат да уживаат во: главен ресторан (BLU) со буфет појадок, ручек и вечера, италјански и грчки ресторани со а‑la‑carte менија, beach bar и pool барови за освежување по плажа или базен. Понудата вклучува меѓународна кујна и локални специјалитети. Хотелот има голем базен во стил на лагуна, како и детски дел и лежалки со чадори за сонце. Плажата е веднаш покрај објектот, со можност за водени спортови, нуркање и релакс на песокот. Хотелот нуди детски клуб и базен за деца, wellness & spa услуги (масажи, релакс третмани), анимација, жива музика и ноќна забава (сезонски), спортски активности и можности за изнајмување велосипеди, 24/7 рецепција и консиерж услуги. Овој комплекс е погодно место за семејства, парови и сите што сакаат комфор и содржини за целиот одмор. So White Club Resort е одличното место за оние кои сакаат луксузен и релаксирачки одмор на првата линија на море, со богат избор на услужни содржини и лесен пристап до сите атракции на Аја Напа.
Grecian Bay Hotel е елегантен и високо оценет 5* хотел сместен директно на широката песочна плажа со тиркизни води, што го прави идеален за гости кои бараат комбинација од комфор и префинетост. Хотелот се наоѓа на првата линија на една од најубавите плажи во Аја Напа, со лесен пристап до море и пешачка близина до центарот на градот, ресторани, барови и туристички локалитети. Сместувањето вклучува околу 270 пространи и стилски уредени соби и суити со балкон/тераса, клима‑уред, ТВ, мини‑бар и бесплатен Wi‑Fi. Постојат различни категории соби, вклучувајќи поглед кон море, страна море или поглед кон копно, како и поголеми студија и суити за семејства или романтични престои. Хотелот нуди повеќе ресторани и барови, меѓу кои и главен ресторан со богати буфет оброци, „Fisherman’s Hut” – ресторан со свежи морски специјалитети, барови и кафе‑барови со освежителни пијалаци и коктели. Гостите можат да уживаат во интернационална кујна, локални јадења и романтични вечери со поглед на морето. Хотелот има сопствена песочна плажа со бесплатни лежалки и чадори, што е голема предност за љубителите на море. Исто така, има надворешен и внатрешен базен, како и детски базен и простори за релаксација. Гостите можат да уживаат во спа и велнес центар со сауна, парна бања, џакузи и третмани за релаксација, фитнес центар, тениски и сквош кортови, активности на плажа (водени спортови), детски клуб и игралиште за најмладите, анимациски програми и жива музика. Овој хотел е одличен за семејства, парови и сите што сакаат луксузен одмор на плажа, со богата понуда на услуги, ресторани, забавни и рекреативни содржини.