Хотел Акрополис 3* – Фурка, Халкидики 2026 со 20% ПОПУСТ

ноември 17, 2025

Хотел-Акрополис  3*се наоѓа во Фурка, на околу 250 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 900 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченост од ресторани, кафулиња и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од  кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината.
Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Хотелот  Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и  секогаш уредни и добро одржувани.

 

https://maps.app.goo.gl/eocekjDuvsm8JxPYA 

 

Цените се дадени за наем на СТУДИО за 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД.
Хотелот Акрополис располага со 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет,
балкун, паркинг и клима ВКЛУЧЕНА во цена. Хотелот располага и со детско катче со играчки.
Сите апартмани имаат прекрасен поглед на море и целата околина на Фурка.
Гостите имаат на располагање базен бесплатно, како и лежалки и чадори на базен.
Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок
од својот Akropolis beach bar со музика и одлична услуга.
Постои и можност за доплата за појадок и вечера во хотелот по цена од 140 Еур по лице за 7 дена.
Информации и резервации во агенција.
Термините обележани со црвено се промо, и не подлежат на попуст.
На плажата оддалечена 250м од хотелот има можност за поставување на свои лежалки,
или пак изнајмување само со нарачка на пијалок.
Автобуски превоз 45 Еур возрасни Битола, Прилеп, 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена.
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 30%,
а остатокот најдоцна 14 дена пред термин.

AR