ЛИСАБОН- АЗОРСКИ ОСТРОВИ-ПОРТО ПОРТУГАЛИЈА 03-10.06.2026

јануари 29, 2026
ЕГЗОТИЧНА АВАНТУРА СРЕД АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН – Јуни

 

ЕГЗОТИЧНА АВАНТУРА СРЕД АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН

ЛИСАБОН- АЗОРСКИ ОСТРОВИ-ПОРТО ПОРТУГАЛИЈА

 

Со лет од Скопје

(03.06.2026-10.06.2026)

  

Азорите се Португалски острови од вулканско потекло. Се наоѓаат на околу 1500 км од брегот на Португалија, сред Атлантскиот Океан, на местото каде што се допираат Американската, Евроазиската и Африканската тектонска плоча. Благодарение на тропските пејзажи, уникатните вулкански езера и геотермалните извори, богатата култура и традиција, но и локалните гастрономски специјалитети, во 2024 година Азорите по втор пат ја добија наградата за најавантуристичка дестинација во светот. И покрај тоа, на Азорите нема да Ве пречека масовен туризам, туку смиреност, љубезност и одмереност, што им го донесе на островите статусот на водечка светска дестинација за одржлив туризам. Азорскиот архипелаг го сочинуваат девет острови, од кои најголемиот и најзелениот е островот Сао Мигуел со главниот град Понта Делгада.

 

 

Прв ден: 03.06.2026 (среда)- Скопје – Истанбул – Лисабон

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06.30 часот. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 11:20 часот по локално време. Летот за Лисабон, главниот град на Португалија е во 12.25 часот, пристигнување во 15.30 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „MASA Hotel Almirante Lisboa Stylish“ 3*, кој се наоѓа во непосредна близина на центарот на Лисабон. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 04.06.2026 (четврток) ЛисабонPontа Delgada (островотSao Miguel)

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме на организиран разглед на Лисабон со лиценциран туристички водич. Лисабон е градот на шармот и убавината, градот со кратки живописни улици низ кои поминува старинскиот жолт трамвај, градот со шарени плочки и со меланхоличните звуци на фадо музиката кои допираат од секоја таверна, од каде се шират и мирисите на прекрасната храна. По организираниот разглед следува слободно време за индивидуални прошетки. Во 16.30 часот заминуваме кон аеродромот. Летот за Понта Делгада, главниот град на островот Сан Мигуел е во 19.25 часот, а пристигнувањето е во 20.55 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Ponta Delgada“, кој се наоѓа на неколку минути од центарот на градот и на гостите им нуди можност за уживање во внатрешниот затоплен базен и спа центарот. Сместување на групата и одмор од патувањето. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 05.06.2026(петок)– Pontа Delgada

 

Појадок. Заминуваме на организиран разглед со локален туристички водич на градот во кој живеат речиси половина од вкупниот број жители на островот. Понта Делгада е мало и шармантно гратче на брегот на океанот, со типична архитектура која ја сочинуваат впечатливи бели фасади, а главните улици и тротоарите се поплочени со бел и црн камен. Заради вулканската област, црниот камен може да се најде само тука, а белиот камен го превезувале од Португалија. Ќе ги посетиме плоштадот Largo da Matriz кој изобилува со барови и ресторани, главната црква Свети Себастијан, историскиот споменик Portas da Cidade, кулата Sineira од чиј врв се гледа целиот град, пазарот каде што можат да се купат локални тропски овошја, и ќе се прошетаме низ тесните улички со специфична архитектура, полни со барокни градби, улични мурали и зеленило. Слободно време за индивидуални прошетки, ручек во локалните ресторани познати по свежа и евтина морска храна, и користење на базенот и СПА центарот во хотелот. Во попладневните часови време е за првиот атрактивен излет на островот – морско сафари со китови и делфини. Азроските Острови се идеална локација за следење на дури 28 различни видови на китови, кои застануваат во близина на островите за да се хранат за време на нивната миграција од јужниот кон северниот дел од океанот и обратно. Набљудувањето ќе трае 3 до 4 часа, во текот на кои бродот ќе се оддалечи од островот и ќе крстари по локациите каде обично можат да се видат китови и делфини. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 06.06.2026 (сабота)-Pontа DelgadaSete Cidades & Lagoa do Fogo

 

Појадок. Заминуваме на целодневен излет кон Lagoa do Fogo и Sete Cidades, односно западниот дел од островот. Најпрво ќе застанеме на местото Pico do Carvao, од каде истовремено се гледаат и северниот и јужниот брег на островот, а потоа ќе се упатиме кон 850-метарскиот вулкан Sete Cidades на најзападниот дел од островот, кој со 17 ерупции во последните 5000 години е најактивниот вулкан на архипелагот. Во кратерот на вулканот се наоѓа едно од седумте природни чуда на Португалија – најголемиот извор на свежа вода на островите, составен од споени вулкански езера со различна боја – едното сино а другото зелено. Ќе поминеме по познатиот мост што ги спојува двете езера, а потоа на брегот на Синото Езеро ќе го посетиме селцето Sete Cidades и црквичката Свети Никола. Организиран ручек, а оттаму се упатуваме кон планината Barrosa, од каде што истовремено може да се набљудуваат северниот брег со гратчето Ribeira Grande и јужниот брег со главниот град Ponta Delgada, но и вулканскиот кратер на Lagoa do Fogo. Упатувајќи се кон северниот брег, ќе застанеме да се одушевиме на глетката на Огненото Езеро, распослано на најголемата надморска висина на островот. Оттаму ќе го посетиме природниот парк Caldeira Velha Environmental Interpretation Center во кој се наоѓаат четири геотермални базени со топла вода што извира од длабочините на вулканот. Слободно време за бањање и уживање во оваа атракција или прошетка низ паркот. Следува спуштање кон Ribiera Grande, крајбрежен град познат по својата барокна архитектура од XVII и XVIII век. Кратка прошетка низ центарот на градот. Последната станица од излетот е посета на Плантажа со ананаси, кое е најважното овошје на Азорите. Ќе научиме како се одгледуваат ананаси и ќе имаме можност да пробаме различни продукти направени од нив.  Во доцните попладневни часови се враќаме назад во хотелот во Понта Делгада. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 07.06.2026 (недела)-Pontа Delgada –Furnas & Nordeste

 

Појадок. Заминуваме на целодневен излет кон Furnas и Nordeste, односно источната страна и северниот брег од островот. Движејќи се покрај плажите на јужниот брег од островот, ќе застанеме на видиковец од каде може да се видат островчиња формирани од подводни вулкански ерупции, а потоа ќе стигнеме до првиот главен град на островот, Vila Franca do Campo. Всушност, тоа е дел од островот каде за прв пат почнало населувањето по доаѓањето на Португалците во 1432 година и се смета за најубав дел на островот. По кратката пауза во градот, ќе продолжиме кон познатото жолтеникаво вулканско езеро Lagoa das Furnas со топла вода чија температура достигнува над 30 степени. Езерото се полни од жешки вулкански извори, а во неговата околина се наоѓаат и гејзери кои наликуваат на оние од Исланд или Нов Зеланд. Слободно време за бањање во езерото, кое е една од најголемите атракции на Азорите. Овој дел од островот е познат по специјалитетот Cozido das Furnas, кој традиционално се подготвува цели 6 часа во вулканска почва. Ќе имаме можност да видиме како локалните ресторани го подготвуваат познатиот оброк, а потоа ќе имаме организиран ручек. По ручекот ќе се упатиме кон гратчето Фурнаш, познато по неговите гејзери, геотермални извори и извори на минерална вода. Патувањето го продолжуваме кон североисточниот дел од островот и кон Националниот Парк Ribeira dos Caldeiroes, познат по петте ветерници и водопадите. На крај, ќе посетиме плантажи за производство на чај, и ќе застанеме да дегустираме чаеви во една од локалните фабрики. Во доцните попладневни часови се враќаме назад во хотелот во Понта Делгада. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 08.06.2026 (понеделник)-Pontа Delgada– Порто

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот (го оставаме багажот во хотелот) и наредните неколку часа имаме можност уште малку да уживаме во градот. Во 13.00 часот заминуваме кон аеродромот. Летот за Порто е во 15.20 часот, пристигнување во 18.40 по локално време. Организиран трансфер до хотелот „Fontinha Porto, Trademark Collection by Wyndham“ 4*. Одмор од патувањето и ноќевање.

 

 

Седми ден: 09.06.2026 (вторник)- Порто

 

Појадок, а потоа одиме на организиран разглед на еден од најубавите градови во Португалија и истовремено еден од најстарите градови во светот. Порто е познат по средновековните улици, живописните згради, готските и барокни цркви и импозантните катедрали распослани од двете страни на реката Доуро. Градот е преполн со многубројни ресторани и барови каде се служат локални специјалитети и светски познатото „Порто“ вино. Ќе ги посетиме историскиот кварт Рибеира, кулата на црквата Clerigos, капелата на душите (Chapel of Souls), Плоштадот на Слободата (Praca da Liberdade), познатите мостови и локалните пазари. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот и уживање во локалните специјалитети – познатиот сендвич Francesinha, бакалар и многубројните сорти вино. Ноќевање.

 

 

Осми ден: 10.06.2026 (среда)- Порто – Истанбул  Скопје

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминуваме кон аеродромот. Полетување кон Истанбул во 10.45 часот, слетување во 17:25 часот по локално време. Летот за Скопје е во 18.55 часот, пристигнување во 19.30 по локално време.

 

  

Промотивна цена за уплата до 20.02.2026…… 1590 евра (98.580 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………1690 евра (104.780 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

 

• Авионски билет СкопјеИстанбул-Лисабон со вклучени аеродромски такси    

• Авионски билет ЛисабонПонта Делгада-Порто со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет ПортоИстанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси    

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 1 ноќевањe во Лисабон

• 4 ноќевања со појадок во Понта Делгада

• 2 ноќевања со појадок во Порто

• Користење на базенот и СПА центарот во хотелот во Понта Делгада

• Организиран разглед на Лисабон, Понта Делгада и Порто

• Целодневен излет до Sete Cidades & Lagoa do Fogoсо вклучен ручек

• Целодневен излет до Furnas & Nordesteсо вклучен ручек

• Морско сафари со китови

• Лиценциран локален туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

• Доплата за еднокреветна соба –300 евра

• Туристичка такса во хотелите – 20 евра (се плаќа во агенцијата)

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 500 евра (31.000 денари). Целосна доплата на аранжманот до 30.04.2026

 

 

Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа!

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

ATK