Tonanti 5* Врњачка Бања

септември 4, 2023

 

Хотел ТОНАНТИ 5* – Врњачка Бања

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА

HOTEL TONANTI – VRNJACKA BANJA
2 деца до 11,99 години ГРАТИС (сместување во Lux Room)

Термин 01.03-30.04.2024

Single Room 100€
Double Room 63€ по лице на ден
Lux Room 84€ по лице на ден

Услови за деца:
– 2 деца до 11,99 години во присуство на две полноплатежни лица ГРАТИС;
– Tрето возрасно лице на дополнително легло 45€ по лице на ден;

Во цената е вклучено:
– Полупансион (појадок и вечера)
– Неограничено користње на Спа центар: затворен базен, финска сауна, био сауна, инфра ред сауна, солена соба, релакс соба, тапидаиум, хамам…
– Спа сет (сет пешкири, бањарка, папучи)
– Користење на детско катче 0-3 години / 4-11,99 години
– Користење на фитнес центар
– Сеф во Соба
– Wi-Fi низ цел хотел;

Во цената не е вклучено:
– Турситичка такса и хотелско осигурување 1,50€ по лице на ден за возрасни; Деца 7-14.99 години 0,70€ по лице на ден; Деца 0-6,99 години ГРАТИС;
– Надворешен паркинг 7€ по кола на ден;

Напомена:
– Цените не се валидни за државни и верски празници;
– Цените се дадени во EUR, плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1€ = 61,8 Денари;

Услови за откажување:
– 15% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 90-31 дена;
– 40% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 30-15 дена;
– 100% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 14-0 дена;
– Доколку патникот си замине порано од резервираниот термин или не пристигне се наплаќа 100% од износот на резервацијата;

Редовни Цени 2024
Цените не се валидни за државни и верски празници

Февруари / Март / Април / Ноември / Декември

Цените се дадени по соба на ден на база Појадок и Вечера

Услови за деца:
– Деца до 3,99 години со две возрасни лица ГРАТИС;
– Дете 4-11,99 години на заедничко легло со родител 25€ по лице на ден;
– Деца 4 – 11,99 години на дополнително легло со две возрасни лица 35€ по лице на ден;
– Tрето возрасно лице на дополнително легло 50€ по лице на ден;

Во цената е вклучено:
– Полупансион (појадок и вечера)
– Неограничено користње на Спа центар: затворен базен, финска сауна, био сауна, инфра ред сауна, солена соба, релакс соба, тапидаиум, хамам…
– Спа сет (сет пешкири, бањарка, папучи)
– Користење на детско катче 0-3 години / 4-11,99 години
– Користење на фитнес центар
– Надворешен паркинг (лимитиран капацитет)

Во цената не е вклучено:
– Турситичка такса 1,20€ по лице на ден за возрасни; Деца 7-14.99 години 0,60€ по лице на ден; Деца 0-6,99 години ГРАТИС;
– Хотелско осигурување за сите патници 0,30€ по лице на ден;

Напомена:
– Цените не се валидни за државни и верски празници;
– Цените се дадени во EUR, плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1€ = 62 Денари;

Услови за откажување:
– 15% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 90-45 дена;
– 20% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 44-30 дена;
– 30% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 29-20 дена;
– 40% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 19-15 дена;
– 80% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 14-10 дена;
– 90% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 9-6 дена;
– 100% од вкупниот износ се наплаќа доколку се откаже резервација 5-0 дена;
– Доколку патникот си замине порано од резервираниот термин или не пристигне се наплаќа 100% од износот на резервацијата;

 

Хотел

 

Хотелот Тонанти е еден од најлуксузните на овие простори. Се наоѓа во центарот на Врњачка Бања, во непосредна близина на централниот дел на паркот.

Хотел Тонанти нуди два ресторани, пансионски и a la carte. Ресторанот за гости е наменет за гостите на хотелот, а a la carte ресторанот е отворен и за надворешни гости, со посебен влез во самиот агол на зградата и прекрасен поглед на надворешниот базен и паркот. Едниот бар се наоѓа во лобито на хотелот, другиот во аква зоната. Лоби барот е во непосредна близина на рецепцијата

Во пансискиот ресторан услугата е на полупансион, шведска маса, а времето за оброци е појадок 07:30-10:30 и вечера 18:30-21:30 часот. Во склоп на пансионскиот ресторан има вегански бар, бар за тестенини и сендвич бар.Аква зоната, покрај шанкот, ја сочинуваат и базени, две џакузи и разни водени атракции. Внатрешниот базен, со површина од 300 м2, е поврзан со отстранлива стаклена фасада со надворешните базени: големи, 600 м2, со водопад и детски базен, со површина од 50 м2.Спа и велнес центарот на над 1740 м² вклучува отворен и внатрешен базен, финска сауна, био сауна, инфрацрвена сауна, солена соба, соба за релаксација со тепидариуми и простор за масажа.

Работното време на Спа и велнес центарот е од 10;00 до 22;00 часот.

Внатрешниот базен, со површина од 300 м2, е поврзан со надворешните базени: голем од 520 м2, со водопад и детски базен од 50 м2. Температурата на водата во базените е 30-32C.

Деца до 12 години имаат пристап до Спа и велнес центарот до 20 часо

 

Соби

STANDARD DVOKREVETNA SOBA (21 м²)
Клима, бања со туш кабина, тоалетна козметика, бањарка, фен за коса, папучи мини бар-со доплата, безжичен интернет, сеф во соба, кабловска телевизија….
2 единечни кревети

STANDARD DVOKREVETNA SOBA – SO BALKON (21 м²)
Клима, бања со туш кабина, тоалетна козметика, бањарка, фен за коса, папучи мини бар-со доплата, безжичен интернет, сеф во соба, кабловска телевизија….
2 единечни кревети

LUX DVOKREVETNA SOBA (32 м²)
Лукс двокреветна соба ви дава можност да уживате во безгрижен одмор, каде се е наменето за децата и нивните родители. Во собата може да сместат до два дополнителни кревети и креветче и е идеална за семејства.
Клима, бања со туш кабина, тоалетна козметика, бањарка, фен за коса, папучи мини бар-со доплата, безжичен интернет, сеф во соба, кабловска телевизија, пегла, даска….
1 брачен кревет

LUX DVOKREVETNA SOBA – so balkon (32 м²)
Лукс двокреветна соба ви дава можност да уживате во безгрижен одмор, каде се е наменето за децата и нивните родители. Во собата може да сместат до два дополнителни кревети и креветче и е идеална за семејства.
Клима, бања со туш кабина, тоалетна козметика, бањарка, фен за коса, папучи мини бар-со доплата, безжичен интернет, сеф во соба, кабловска телевизија, пегла, даска….
1 брачен кревет

FAMILIJAREN APARTMAN (62м2)
2 поврзани соби – едната има брачен кревет, другата има два единечни кревети.
Модерниот внатрешен дизајн, можноста за појадок на балконот во вашата соба и сите дополнителни содржини кои можеби ќе ви бидат потребни се гаранција за целосна удобност.

Клима, бања со туш кабина, тоалетна козметика, бањарка, фен за коса, папучи мини бар-со доплата, безжичен интернет, сеф во соба, кабловска телевизија, пегла, даска, послужување во соба….
1 брачен кревет + 2 единечни кревети

 

Врњачка бања

 

Врњачка Бања е најголемото и најпознатото бањско одморалиште во Србија и пошироко и атрактивен туристички центар за одмор и рекреација.
Таа е и најпопуларна туристички дестинации во Србија.
Затоа, таа со право го носи ласкавиот епитет „Кралица на туризмот“.
Се наоѓа во областа Рашка, на надморска височина од 227м , сместена помеѓу планината Гоц и реката Западна Морава.
Во близина се бројни културно-историски споменици, како што се манастирите Жича, Студеница, Градац, како и средновековните градови Маглиќ, Рас …
Во бањата има многу паркови и патеки за пешачење, а вљубените парови можат да го искористат својот престој за да ја врзат својата љубов на Мостот на љубовта. Исто така, тука се одржуваат бројни настани и фестивали, како што се Летниот филмски фестивал, карневалот …
Бањата се наоѓа во централна Србија, околу 200 км јужно од Белград.
Влијанието на блиските планини на микроклимата на Врњачка Бања и дава посебен карактер и ја прави многу пријатна. Летата се умерено топли со свежи утра и вечери, а зимите се снежни и без силни мразови. Просечната годишна температура е 10,5°C, а просечната летна температура е 20°C.

Познат по минералната вода „Врњци“, името Врњици често се споменува наместо Врњачка бања. Голем избор на вили, апартмани, приватно сместување и пансиони ja прават овaa бањa најпосетуваната туристичка дестинација во Србија.
Позната по лековитите води и експерти во третманот на дијабетес и органите за варење, Врњачка Бања е центар со најсовремена медицинска услуга за превенција, третман, дијагностика и рехабилитација на органите за варење и дијабетес.

Врњачка Бања има седум познати минерални извори: Снешник, Слатина, Топла Вода, Jezезеро, Борјак, Бели извор и Врњачко врело, од кои четири се користат за балнеолошка терапија (Снешник, Слатина, Топла Вода и Jezезеро), додека два се флашираат како минерална вода (Вода Врњци, од изворот Топла вода и Врњачко извор).

Врњачка бања е идеална дестинација во секое време од годината.

 

 

Услови

 

ВАЖИ ЗА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА (СУБ-АГЕНТ) И ЗА ПАТНИКОТ:
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на суб-агентот или патникот, а со целосна уплата 14 дена до пред поаѓање.

Сместување во собите после 14;00 часот ( прв ден )
Напуштање на собите до 11;00 часот ( последен ден )

Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.

Сите посебни потреби од страна на хотелот се потврдуваат на лице место од страна на самиот хотел.
Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа патникот и треба да се направи на лице место за време на престојот во хотелот.
Туристичката агенција не признава дополнителни трошоци кои не се впишани во ваучерот, а ги побарал патникот во хотелот.

Категоријата на хотелите се определува според законодавните одредби на соодветната држава.
Информацијата за услугите и конфорот кои што секој хотел ги нуди се осигурани од самите хотели.

Суб-агентот или патникот има право да ја откаже или промени резервацијата според

Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука ) или ако хотелот си има своја политика во тој случај се применуваат тие услови.
Промена или откажување на резервација за време на празници до 40 дена пред пристигнување е без пенали.
Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 40 дена пред пристигнување, суб-агентот или патникот плаќа 100% од целата резервација.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на патникот и од овластените во хотелот.
Хотелот не прима домашни миленици

Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот.

Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.

Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна на патникот. Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.

Агенцијата не сноси одговорност, не ги обештетува и не ги компензира туристите кои се откажале од користењето на услугата или на дел од неа.
Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали

Агенцијата не сноси одговорност за дејствија на погранични и царински служби, авиокомпании, автобуски и железнички превоз и не ги обештетува туристите независно од тоа дали поради таквите дејствија туристите неискористиле дел од услугите или целата услуга.

При штети кои што се нанесуваат во хотелите конретниот извршител или извршители прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот. Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања

Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Во овај хотел важат Условите кои хотелот ги пропишува.
Политика за откажување:
Согласно деловната политика на хотелот, поради откажување на резервацијата, не е можно да се вратат уплатените средства (аванс). Наведената резервација и авансно плаќање може да се искористи до крајот на тековната година.

*Скратувањето на престојот ќе се третира како ненавремено откажување на резервацијата и во тој случај хотелот го задржува правото да ја наплати целата сума на резервацијата.

*Резервациите направени за државни празници мора да се гарантираат најмалку 30 дена пред очекуваниот датум на пристигнување.