Шри Ланка

февруари 18, 2026
ШРИ ЛАНКА “Дијамантот на Индискиот Океан”

 

Шри Ланка, остров, кој поради својата местоположба – јужно од Индија, и поради својата форма, се нарекува и „солза на Индија“. Опкружен со Индискиот Океан, островот е дом на бескрајни песочни плажи, многу лагуни и големи површини со тропски шуми.

Поради својата богата природа и совршена клима, со векови била мета на разни освјувачи и колонијални сили.

Денешното име доаѓа од зборот „ланка“, што значи остров, додека зборот „шри“ значи свето.

Откријте ги тајните на Шри Ланка, островот сличен на дијамант, и почувствувајте го гостопримството во насмевките на неговите домаќини.

Шри Ланка е исто така богата со разновидна флора и фауна. Дури 27% од растенијата и 22% од животните на островот се ендемски видови, уникатни за таа област. Мешавината од егзотични вкусови и ароми што ги проткајуваат модерните и традиционалните јадења, прекрасните пејзажи исполнети со антички градби и рајските плажи полни со патници од целиот свет желни да се забавуваат, ќе го направат патувањето низ оваа земја незаборавно…

Островот се смета за еден од најубавите предели во светот. За релативно мал остров, тој има извонредна културна и природна разновидност. Кога ќе стапнете на островот, од самиот почеток на вашето патување, вашите сетила ќе бидат преплавени од топлиот тропски воздух, опивачката арома на зачини и егзотични овошја и светлите бои на дивите цвеќиња. Ќе патувате по плантажи со чај, кокосови шуми, покрај бујна тропска џунгла, бројни водопади, езера и планини. Ќе ги запознаете убавините на Шри Ланка истражувајќи ја областа Дамбула, карпите Сигирија и колонијалните градови Канди и Гале. Ќе посетите древни храмови од минатите цивилизации, ќе возите шарен Тук-Тук, ќе ѕирнете во прекрасни ботанички градини со зачини и орхидеи, ќе запознаете традиционално село и ќе берете чај на плантажа.

За време на вашето патување ќе имате можност да сретнете слонови во нивното природно живеалиште, како и разиграни мајмуни кои слободно се движат низ националните паркови, храмови и џунгли. Незаборавните сафари-авантури во паркови нудат уникатна можност да се набљудуваат диви животни одблиску, додека тропската природа, водопадите и зеленилото создаваат сцени како од филм.

Ова патување е идеално за оние кои бараат комбинација од авантура, природна убавина и релаксација на рајските плажи со златен песок.

 

Индивидуална програма за 14 дена која може да се скрати и прилагоди по ваша желба.

 

1. ДЕН – КОЛОМБО / НЕГОМБО

Пристигнување во Коломбо. Пречек на аеродром и трансфер до хотел во Негомбо. Сместување. Ноќевање.

2. ДЕН – НЕГОМБО – СИГИРИЈА

Појадок. Патување кон Сигирија со посета на „Millennium Elephant Foundation„ – дружење, хранење и капење на слонови. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

3. ДЕН – СИГИРИЈА

Појадок. Искачување на Сигирија – Лавовата карпа (UNESCO). Посета на традиционално село со локален ручек. Попладне ајурведски масажи и релаксација. Ноќевање.

4. ДЕН – ПОЛОНАРУВА

Појадок. Екскурзија до Полонарува – древна престолнина (UNESCO). Разглед пеш или со велосипед. Попладне посета на работилница за традиционални дрвени маски. Ноќевање.

5. ДЕН – ДАМБУЛА – КАНДИ

Појадок. Посета на пештерскиот храм Дамбула. Патување кон Канди со попатна посета на хинду храм во Матале. Вечерна претстава и посета на „Храмот на Забот„ на Буда. Ноќевање.

6. ДЕН – КАНДИ

Појадок. Разглед на градот Канди: пазар, езеро, фабрика за скапоцени камења и ботаничка градина Пераденија. Слободно време или готвачки курс. Ноќевање.

7. ДЕН – НУВАРА ЕЛИЈА – ЕЛА

Појадок. Патување низ чајните плантажи, посета на фабрика за чај и градот Нувара Елија. Патување со воз Nanu Oya – Ella. Ноќевање.

8. ДЕН – ЕЛА – ЈАЛА

Појадок. Искачување на Little Adam’s Peak и мостот Nine Arches. Посета на водопадот Равана. Патување кон Јала . Ноќевање.

9. ДЕН – ЈАЛА – ЈУЖЕН БРЕГ

Појадок. Сафари во Националниот парк Јала (леопарди, слонови, див свет). Патување кон јужниот брег. Ноќевање.

10.–13. ДЕН – ЈУЖЕН БРЕГ

Појадок. Одмор на тропските плажи. Море, релаксација, сурфање и одлична храна. Ноќевање.

14. ДЕН – ЈУЖЕН БРЕГ – АЕРОДРОМ

Појадок. Трансфер до аеродром со застанување во Бентота (желки, мангрови, речен сафари).

 

*Цена за 13 ноќевања по лице од 2050 евра /тотал за семејство (2 возрасни + 2 деца) 6100 евра

*Цена за 11 ноќевања по лице од 1890 евра /тотал за семејство (2 возрасни + 2 деца) 5770 евра

*Цена за 9 ноќевања по лице од 1800 евра /тотал за семејство (2 возрасни + 2 деца) 5540 евра

*Цена за 6 ноќевања по лице од 1650 евра /тотал за семејство (2 возрасни + 2 деца) 4800 евра

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Авионски билет, трансфер, возач-водич (англиски), даноци, трошоци за организација, помош по пат на српски јазик, џип – сафари, сместување во хотели на база ноќевање со појадок, на брегот сместување во хотел со базен.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Влезници (се плаќаат на лице место), Виза, Оброци кои не се споменати во понудата, Патничко осигурување, Лични трошоци, Воз.

 

ЗАБЕЛЕШКИ:

Цените се од информативен карактер, за точна понуда според датумите на вашето патување ве молиме да не контактирате.

Може да се направи доплата за хотел од повисока категорија.

План програмата може да се прилагоди според вашите желби, цената се оформува според трошоците за промени.

 

За конкретна програма може да побарате понуда на емаил  

*период на патување

*број на лица / возраст на деца доколку патуваат

*број на планирани ноќевања (колку за престој во хотел на плажа, а колку за истражување на островот)

*планиран буџет како важен сегмент при подготовка на понуда

(Цените на авио картите започнуваат од 750 евра – во зависност од датумите на престој, цената на виза е 50 долари)

 

НАПОМЕНИ:

-Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

-За резервација потребно е авансна уплата од минимум 60% од цената на аранжманот

-Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари

MA