Премиум Галиција 19.05-25.05.2026

Шпанија и Португалија се земји на илјада прекрасни плажи, сини брегови на Атлантскиот Океан и Средоземното Море, високи врвови на Пиринејската Кордилера и пред сè, пријатни и гостопримливи домаќини. Богата историја, културни споменици, зачувани средновековни градови од листата на светското културно наследство, богати традиции, специфичности и контрасти ги прават овие две земји неодоливи и неизбежни на патеката на светските патници.

Галиција е шпанска провинција во крајниот десен агол на Пиринејскиот полуостров. Таа се граничи со Португалија со која ги дели нескротливите и романтични брегови на Атлантикот, како и богатата историја која започнува со Келтите. Шпанците ја нарекуваат “земјата на илјада реки” кои се влеваат во Атлантскиот Океан, формирајќи карактеристични заливи наречени “риас”. Галиција е исполнета со разновидна и богата историја.

Португалија го дели Пиринејскиот Полуостров со Шпанија и се протега долж брегот на Атлантскиот Океан. Бројни ридови, покриени со бујна вегетација, симпатични села и мистичниот амбиент на Брага и Гимараеш, се дел од северниот регион по кој земјата е именувана. Градот Порто, економскиот центар на Португалија се наоѓа на бреговите на реката Дуро. Панорамата на градот се состои од стари населби кои се поставени скалесто на карпа која се протега низ текот на реката. По должината на брегот се наоѓа една од најубавите населби во Португалија – Рибеира, која е целосно заштитена од УНЕСКО како светското културно наследство.