Прага 24.04 – 27.04.2026

февруари 27, 2026

Yay City Break – Прага

Прага е срцето на централна Европа – град исполнет со историја, романтика и безвременска елеганција. Во април се облекува во својата пролетна убавина, со расцутени паркови и пријатна атмосфера, совршена за пролетно патување, city break или викенд посветен на себе. Свежиот воздух и помалите гужви создаваат идеален амбиент за опуштени прошетки и истражување.

Од калдрмисаните улички на Стариот град и Карловиот мост, до импозантниот Прашки замок и шармантниот кварт Мала Страна – Прага нуди магија на секој чекор. Астрономскиот часовник, Вацлавскиот плоштад и панорамските погледи над Влтава блескаат под пролетното сонце, создавајќи сцени како од бајка.

Април е идеален период за уживање во чешката гастрономија – традиционални специјалитети, локално пиво, пријатни кафулиња и слатки паузи со поглед на градот. Прага во овој период нуди мир, шарм и незаборавни моменти што ја прават совршена дестинација за пролетно европско бегство.

Датум: 24.04 – 27.04.2026

 

24.04.2026
– Состанок со групата на аеродромот во Скопје во 10:30 ч.
– Полетување од Скопје за Прага во 12:45 ч.
– Пристигнување на аеродромот во Прага во 15:00 ч.
– Организиран трансфер од аеродромот до хотелот
– Пристигнување и сместување во хотел во попладневните часови
– Кратка вечерна прошетка низ Стариот град
– Посета на традиционална чешка пивница со жива чешка музика
– Ноќевање
25.04.2026
– Појадок во хотел
– Опционална факултативна тура на Прага со водич
Прошетка по Вацлавске намести (Вацлавски плоштад)
– Посета на Националниот музеј
Староместске намести (Староградски плоштад)
– Разгледување на Астрономскиот часовник – Орлој
Посета на Еврејската четврт
– Вклучувајќи ја и Старо-новата синагога (Staronová synagoga)
Прошетка покрај реката Влтава
– Карловиот мост, Кулата на Стариот град и споменикот на Карло IV
– Разгледување на Националниот театар (Národní divadlo)
– Враќање во хотел
– По враќање – слободен избор на активности:
Staropramen Experience
Madame Tussauds (Мадам Тисо)
Крстарење по реката Влтава
Реката Влтава е срцето на Прага – тивка, романтична и величествена.
Крстарењето нуди спектакуларни панорами кон Карловиот мост, Прашкиот замок и староградските фасади.
Совршено искуство за релаксација, фотографии и доживување на градот од поинаква перспектива.- Ноќевање
26.04.2026
– Појадок во хотел
– Факултативен целодневен излет: Карлови Вари + Дрезден
Карлови Вари (Карлсбад) – прочуен бањски град во Западна Бохемија
– Познат по своите термални извори уште од 19 век
– Прошетка низ бањската зона и колонадите
– Посета на Колонада на топлите извори и гејзерот Вржидло,
кој исфрла вода до 12 метри висина
– Продолжување кон Дрезден – барокна убавица на Германија
– Враќање во Прага и ноќевање.
27.04.2026
– Појадок во хотел
– Одјава од хотел
– Слободно време во центарот на градот
Посета на Palladium Shopping Center (кафе пауза и купување сувенири)
– Организиран трансфер до аеродром
– Полетување за Скопје во 15:35 ч.
– Пристигнување во Скопје во 17:35 ч.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.
  • хо