Париз  29.04-02.05.2026

февруари 17, 2026
Париз  
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Париз
Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…
Ден 1
Скопје – Париз – Лувр
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 08:45 часот. Полетување кон Париз во 10:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Easyjet. Пристигнување на аеродромот Орли во 13:40 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел.Во попладневните часови можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Враќање назад во хотел.Ноќевање.
Ден 
Париз – Версај – разглед
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините).По завршување на посетата на Версај се враќаме назад во центарот на Париз, каде што следува разглед на градот со локален водич (со доплата), шетање по прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро) Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Враќање назад во хотел.Ноќевање.
Ден 
Париз – Ајфелова Кула – Крстарење по Сена
Појадок во хотел. Појадок во хотел. По појадокот индивидуални прошетки или можност за посета на Ајфеловата кула(индивидуално) и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание.По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време, индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 
Париз – Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Orly. Полетување кон Скопје во 06:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Easy Jet. Слетување во Скопје во 08:55 часот.

 

Програма

Дополнителни информации

 

Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…

ПРОМОТИВНА  ЦЕНА :519 €
за првите 8 места !!
РЕДОВНА ЦЕНА 579 €

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со авикомпанијата Easy Jet;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Туристичка такса 6 € по лице на ноќ – уплата во агенција;
  • Доплата за еднокреветна соба 171 Еур.
  • Патничко осигурување;
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ И ПОСЕТИ:

  • Пешачки разглед со локален водич – 25 €;
  • Посета на Версај – 80 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер ;
  • Крстарење со брод по Сена – 25 €;
  • Посета на Лувр – 45 € (индивидуална влезница со термин , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) индивидуално – информативни цени – до втор кат – 28 €, до трет кат – 40 € (со лифт);
  • Дизниленд – цена за влезница при уплата поради променлив карактер на истите

Задолжително минимум две екскурзии – пријавување во агенција !!

АТС