НЕАПОЛ – СОРЕНТО – АМАЛФИ РИВИЕРА- Секој Петок од 05.06 до 28.08.2026-3 ноќи

Термини: Секој Петок од 05.06 до 28.08.2026

од 419€
од 25 978 ден

-Авиoнски превоз

-3 ноќи

-трансфер и вклучени разгледи

-Со појадок

НЕАПОЛ (Napoli) – Основан пред повеќе од 2500 години, Неапол е еден од најстарите континуирано населени градови во светот. Прошетајте низ неговиот историски центар – светско наследство на УНЕСКО – каде што тесните улички од калдрма кријат скриени цркви, водени катакомби и палати стари со векови.

КАПРИ – Идиличниот остров со длабоки сини води на Тиренското Море. Капри е остров од соништата кој со векови ги воодушевува посетителите. Познат по своите драматични карпи, тиркизни пештери и елегантен шарм, Капри претставува совршена мешавина од природна убавина, луксуз и италијанска животна убавина.

1 ден (петок)
Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 16:30 часот, пристигнување во Неапол во 18:10 часот. Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедрала, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуениот театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (сабота)
Појадок. Трансфер до пристаништето во Соренто, тргнување со фери брод до Капри. Панорамска прошетка по островот со посета на главните знаменитости: Villa Jovis – римска вила на императорот Тибериј, Chiesa di Santa Maria – црква со историско значење, светилникот Faro di Capri, Villa San Michele – позната вила со музеј и градини, и Chiesa di San Michele Arcangelo. Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.

3 ден (недела)
Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.

Опционално:

  • Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаици, и пристаништето.
  • Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro del Paradiso – историски комплекс, и други знаменитости.
  • Продолжување со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средновековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботаничките градини и шеталиштето Lungomare. Ноќевање.

4 ден (понеделник)
Појадок. Слободно време за плажа. Попладне трансфер до аеродромот во Неапол. Поаѓање во 18:45 часот, пристигнување во Скопје во 20:15 часот.


Во цената се вклучени следните услуги:

  • Авионска карта на релација Скопје – Неапол – Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
  • 3 ноќевања со појадок: 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевања во Соренто
  • Фери брод Соренто – Капри
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и придружник
  • Организација на патувањето и придружник од агенцијата за целиот престој

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Факултативни излети
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Важна напомена:

  1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застој предизвикан од друга причина, се запирањата може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1–2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

Забелешка:

Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат исклучиво со брод, по следната маршрута:
Соренто – Позитано – Позитано – Амалфи – Амалфи – Салерно

Цената за ова патување со три бродски навози е 50 евра. Пешачење при пристигнување во дестинациите.
За лица кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот), со предвидено слободно време во Салерно.


Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100€
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150€
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промени и не се загарантирани
  • F