Милано, Комо и Ст Мориц 18.09-23.09.2025

јули 25, 2025

Италијанска Елеганција и Швајцарска Бајка – Милано, Комо и Ст Мориц

Авион/ 6 дена/ 5 ноќевања

18. Септември (Четврток) СКОПЈЕ – МИЛАНО – КОМО          

Состанок  на групата на Аеродромот во Скопје во 17:15 часот. Полетување за Милано во 19:10 и пристигнување во 21:15 часот. Организиран трансфер од Аеродромот Малпенса до хотелот во Комо. Ноќевање.

19. Септември (Петок) КОМО – БЕЛАЏО         

Појадок. Прошетката во живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу Езерото, светскиот џет сет има свои вили и го поминува својот одмор. Тука се снимени и некои од подобрите филмски остварувања, меѓу кои и Казино Ројал – Џејмс Бонд. Можност за крстарење до Белаџо, пловидбата е спектакуларна, покрај симпатичните места, кои изгледаат како сликани од уметник, сместени во подножјето на планините. Вистинскиот бисер на езерото Комо воодушевува со своите тесни калдрмисани улички, терасести градини, шармантни кафулиња и романтична атмосфера…. Ноќевање.

20. Септември (Сабота) КОМО – ЛУГАНО – ТИРАНО

Појадок. Попатна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано нуди можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија, Parco Civico. Патувањето продожува до шармантното Тирано, скриено италијанско гратче во долината Валтелина, вистинска врата кон швајцарските Алпи. Сместување во хотелот. Ноќевање.

21. Септември (Недела) ТИРАНО – БЕРНИНА ЕКСПРЕС – СТ МОРИЦ – ТИРАНО

Појадок. Организиран трансфер до железничката станица во Тирано, од каде тргнува познатиот Панорамски воз Бернина Експрес. Возење покрај пејсажите на тиркизните езера, алпските тунели, глечери и мостови високо над долините. Глетките се како разгледница, но, вистински. По возење од околу 2,5 часа, пристигнување во гламурозниот Ст Мориц – еден од најпознатите алпски градови. Слободно време за прошетка покрај езерото, ручек со поглед и уживање во чистиот планински воздух. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

22. Септември (Понеделник) ТИРАНО – МИЛАНО

Појадок. Организиран трансфер до елитниот град Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Сместување во хотелот. Слободно време да се почувствува атмосферата на миланските кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано…  Ноќевање.

23. Септември (Вторник) МИЛАНО – СКОПЈЕ

Појадок. Прошетка по најмонденската улица Спига каде што свои бутици имаат речиси сите познати модни креатори. Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а, внатрешноста плени со многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на сликата на бикот и се сврти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Слободно време за шопинг. Трансфер до Аеродромот Малпенса. Полетување за Скопје во 22:20 и пристигнување во 00:25 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:     899 евра (55.750 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје

– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)

– Организирани трансфери со автобус според програмата

– Возење со Панорамскиот воз Бернина Експрес од Тирано до Ст Мориц

– Пет ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Комо, Две во близина на Тирано, Едно во Милано)

Хотел Como B&B Baradello 3* во Комо

https://www.hotel-bb.com/en/hotel/como-baradello

Хотел Valamerica 4* во Сернио, Тирано

https://hotelvalamerica.com/

Хотел Hotel B&B Santambrogio 3* во центарот на Милано

https://www.hotel-bb.com/en/hotel/milano-sant-ambrogio

– Организирани разгледи и прошетки според програмата

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 

– Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg или 20kg) 

– Бродски карти до Белаџо, околу 25 евра

– Туристичка такса (се плаќа во хотелите)

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз 

– Патничко – здравствено осигурување 

НАПОМЕНИ: 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 21 патници 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

atpl