Марбеља 13.08-20.08.2025

април 6, 2025

МАРБЕЉА -ШПАНИЈА 

13.08-20.08.2025 /7 ноќи /8 дена

1 ден  13 Август 2025              СКОПЈЕ -MAЛАГА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:00 часот. Лет за Малага во 15:30 ч. со едно преседнување во Франкфурт  Пристигнување во Малага  во 23:00 часот. Трансфер до хотелот.  Ноќевање.

 

2 – 7 ден 14– 20 Август 2025

МАРБЕЉА-е град во јужна Шпанија, сместен во провинцијата Малага, во автономната заедница Андалузија. Се наоѓа на брегот на Средоземното Море, помеѓу Малага и Гибралтарскиот теснец, во подножјето на планината Сиера Бланка. Општината зафаќа површина од 117 км² и има популација од 156.295 жители според пописот од 2023 година.

Градот е познат како еден од најважните туристички центри на Коста дел Сол, привлекувајќи посетители од целиот свет со својот медитерански климатски услови, прекрасни плажи и развиена туристичка инфраструктура. Марбеља е исто така позната по својата културна сцена, со бројни музеи, театарски претстави и годишни фестивали, како што е Меѓународниот филмски фестивал на Марбеља.

Препорачуваме за време на вашиот престој освен релаксација на преубавите плажи во Марбеља и дел од многубројните екскурзии:

МАЛАГА-наречен уште и „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, прошетка до Римскиот театар, стариот градски кварт и Катедралата… . Тоа е еден од најстарите градови во Европа, со историја која брои повеќе од 2.800 години. Малага е позната по своите убави плажи, сончевата клима и богатото културно наследство.Некои од популарните атракции во Малага се:

  1. Алказаба — арапска тврдина изградена во 11. век, која е едно од главните историски објекти во градот.

  2. Кафедралната црква на Малага — прекрасен пример на ренесансна архитектура.

  3. Музејот на Пикасо — Малага е роден град на славниот уметник Пабло Пикасо, и тука се наоѓа музеј посветен на неговиот живот и творчество.

  4. Гората Гибралфаро — од врвот се пружа прекрасен поглед на градот и пристаништето.

СЕВИЉА– град во јужна Шпанија, сместен во автономната заедница Андалузија. Градот е познат по својата богата историја, културно наследство и значајна улога во светскиот фудбал, Прошетка до еден од главните и најфотографираните симболи на Севилја, Шпанскиот плоштад, со полукружната зграда, околу која, погледот го разубавуваат неколку мостови и фонтани, со локален превоз. Разглед на историскиот центар на “престолнината” на Андалузија, со Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација… 

 РОНДА-гордо распространета на 750 метри надморска височина, а, нејзиниот пејсаж може да се опише како воодушевувачко чудо на природата. Градот е сместен на две високи карпи поврзани со Мостот Puente Nuevo, како главна атракција. Позната е и како колевка на коридата, тука се наоѓа една од најстарите и најубави кружни арени во Шпанија, од 1.785 година…

8 ден -20 Август 2025            МАЛАГА- СКОПЈЕ

Појадок.  Организиран трансфер во 10:00 часот до Малага .Лет за Скопје во 13:40 ч. со едно преседнување во Виена. Пристигнување во Скопје во 00:15 часот на 21 Август .

Полетување: Скопје – Марбеља 15:30 – 23:00 (Преку Франкфурт)
Повратен лет: Марбеља – Скопје 13:40-00:15 (Преку Виена)
Во цената е вклучено:
– Авионска карта на релација – Скопје – Франкфурт – Марбеља – Виена – Скопје
– Сместување во избраниот хотел со вклучен доручек
– Рачен багаж од 8 кг
– Трансфер од аеродром до хотел и обратно
Во цената не е вклучено:
– Доплата за куфер: 60 евра
– Туристичка такса (се плаќа во хотел)
– Патничко осигурување
Детали од Лет:
1 LH1541 K 13AUG 3 SKPFRA HK1 1530 1800 320 E 0
2 LH1152 K 13AUG 3 FRAAGP HK1 1 2000 2300 321 E 0 RG
3 OS 386 L 20AUG 3 AGPVIE HK1 1340 1645 321 E 0 G
4 OS 777 L 20AUG 3 VIESKP HK1 3 2245 0015+1 E95 E 0 G