Лион 05.06-07.06.2025

мај 17, 2025

Да, Лион дефинитивно вреди да се посети! Тој е трет најголем град во Франција со одлична комбинација на историја, култура, гастрономија и архитектура. Познат по своите живописни улички во стариот град (Vieux Lyon), Лион зрачи со шарм и автентичност. Реките Рона и Сона му даваат посебна магија, а панорамскиот поглед од базиликата Нотр-Дам де Фурвиер е незаборавен. Лион со своите традиционални “бушон” ресторани е вистинска ризница на француското наследство. 

ЛИОН 

Архитектура, гастрономија и романтика

Авион/ 3 дена/ 2 ноќевања

05. Јуни (Четврток) СКОПЈЕ – ЛИОН

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:30 часот. Полетување за Лион во 18:55 и слетување во 21:25 часот. Организиран трансфер до Хотелот и сместување. Ноќевање.

06. Јуни (Петок) ЛИОН Историја, природа и гастрономија

Појадок. Прошетка по старото градско јадро (Vieux Lyon) заштитено од УНЕСКО, по калдрмисаните улици, покрај ренесансната архитектура и скриените „traboules“ пасажи. Можнот за посета на     Базиликата Нотр-Дам де Фурвиер со прекрасна внатрешност и панорамски поглед на градот. Околината покрај римскиот амфитеатар е одлично место за сликање. Прошетката продолжува до Паркот, еден од најубавите градски паркови во Европа, со малото езеро и ботаничка градина. Препорачуваме да се вкуси некој од локалните специјалитети, како што се quenelles, andouillette и tarte à la praline. Ноќевање. 

07. Јуни (Сабота) ЛИОН Уметност и модерна страна – СКОПЈЕ  

Појадок. Прошетка до квартот Прескил, полн со шопинг улици, кафулиња, ресторани и модерна уметност. Можност за посета на Музејот на фини уметности, „мал Лувр“, со богата збирка. Прошетката продолжува до Place Bellecour, еден од најголемите плоштади во Европа и Rue de la République, главната трговска улица. Confluence District e модерна зона каде што се спојуваат реките Сона и Рона, како пример за урбана реновација и одржлив дизајн. Организиран трансфер до Аеродромот во Лион. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 00:20 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 349 евра   (21.650 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Лион-Скопје со вклучени аеродромски такси

– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)

– Трансфери во Лион од Аеродромот до Хотелот и обратно

– Сместување во Хотел 3* во централното подрачје во Лион на база 2 ноќевања со појадок 

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето  

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)

– Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg

– Туристичка такса (се плаќа во хотелот)

– Влезници во музеите и културно историските споменици

– Карти за локален превоз 

  • Патничко – здравствено осигурување 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

apl