Jужна Италија – Апулија и Матера Мај,Јуни ,Јули ,Август

Jужна Италија – Апулија и Матера
Бари, Алберобело, Полинјано а Маре, Монополи, Бриндизи, Лече, Отранто, Галиполи, Таранто, Матера, Алтамура, Барлета, Трани

АЛБЕРОБЕЛО – На 40 километри од Бари се наоѓа ова градче во областа Апулија ,изградено во стилот на традиционалната медитеранска градба, без гипс, од сув камен, стара неколку илјади години. Ѕидовите на куќите се бели, а покривите се куполи и често имаат шила (пинаколи) на врвовите. Шилците се разликуваат по форма, што било еден вид потпис на нивните градители. Исто така, на некои покриви со бела боја се исцртани разни симболи, како крст или злобно око – некои христијански, некои пагански: „Меѓутоа, нивната улога е само да ја задоволат љубопитноста на посетителите.

Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје, 2 часа пред летот. Директен лет до Бари со авиокомпанијата Wizz Air во 16:45 ч. и пристигнување во 17:55 ч. Организиран превоз со автобус, до Алберобело и се посетуваат традиционалните куќи trulli. Патувањето продолжува кон Polignano a Mare со кратка посета. Пристигнување и сместување во хотел во Бриндизи. Ноќевање.

2 ден
Појадок. Кратка посета на Монополи со прошетка низ стариот дел на градот, замокот Carlo V – средновековна тврдина, и главната катедрала Monopoli. Потоа организиран разглед на Бриндизи со посета на Colonne Terminali – остатоци од римскиот плоштад, Castello Aragonese – средновековна тврдина, Chiesa di Santa Maria и San Giovanni – историски цркви. Продолжуваме кон Лече со посета на Basilica di Santa Croce – барокна катедрала, црквата на Св. Марија, Piazza del Duomo – главниот плоштад, статуата на Sant’Oronzo, Porta Napoli – историска градска порта, замокот и амфитеатарот. Следува посета на Отранто со Castello Aragonese – средновековна тврдина, а потоа кратка прошетка во Галиполи. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден
Појадок. Поаѓање кон Taranto со разглед на Castello Aragonese – средновековна тврдина, Taranto Cathedral – катедрала, Ponte Girevole – ротационен мост, Lungomare – шеталиште покрај морето, Rotonda и Borgo Antico – стар град. Потоа продолжуваме кон Матера со посета на Sassi di Matera – древни пештерски населби издлабени во карпи, катедралата Matera и црквите издлабени во карпи. Следува посета на Алтамура со Piazza Duomo – главниот плоштад и катедралата на градот. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден
Појадок. Поаѓање за Барлета со посета на главната катедрала, Santa Maria Maggiore – историска црква, Basilica di Santa Sepolcro и Svevo Barletta Castle – средновековна тврдина. Потоа следува посета на Трани со Trani Castle – средновековна тврдина и Basilica di San Nicola Pellegrino. Патувањето завршува со разглед на Бари, каде се посетуваат San Sabino – катедрала, Basilica di San Nicola – позната црква посветена на Св. Никола, Castello Normanno-Svevo – средновековна тврдина, и Piazza Mercantile – историски плоштад. Трансфер до аеродром, полетување во 18:30 ч. и пристигнување во Скопје во 19:40 ч.

Датуми на поаѓање
09.05.2026 – 12.05.2026 – 379еур по лице
13.06.2026 – 16.06.2026 – 389еур по лице
27.06.2026 – 30.06.2026 – 389еур по лице
18.07.2026 – 21.07.2026 – 399еур по лице
04.08.2026 – 07.08.2026 – 399еур по лице

Вклучено
Авио билет на релација Скопје – Бари – Скопје со Wizzair
Аеродромски такси
Бесплатен рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
3 ноќевања со појадок според програмата.
Расположливост за еднокреветна соба е на барање.
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
Претставник на македонски јазик

Не е вклучено
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци
Влез во туристичките знаменитости и музеи
Факултативни излети
Останати трошоци кои не се спомнати
Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомена
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
Општи услови и информации
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.

БАРИ – Стариот град (Bari Vecchia) плени со тесни калдрмисани улици, средновековни цркви и традиционални ресторани. Најпозната знаменитост е Basilica di San Nicola, а модерниот дел на градот нуди продавници, кафиња и променада крај морето.

АЛБЕРОБЕЛО  – мал град во регионот Апулија, југот на Италија, познат по својата уникатна архитектура – традиционалните камени куќи со конусни покриви, наречени trulli. Стариот дел на градот е зачуван како светско културно наследство на УНЕСКО и нуди живописни улички, локални продавници и традиционални ресторани, што го прави уникатна атракција за сите.

ОТРАНТО – историски град на југот на Италија, кој плени со стариот дел со тесни улички, средновековни ѕидини и чаробно пристаниште. Главната знаменитост е Cattedrale di Otranto, позната по впечатливиот мозаик од 12. век. Градот нуди и убави плажи и можност за прошетки покрај морето.

ТАРАНТО – познат важен пристанишен и индустриски центар, со богато историско наследство од грчкото и римското време. Главните знаменитости вклучуваат Castello Aragonese – средновековна тврдина, старото пристаниште и Археолошкиот музеј. Градот нуди и убави прошетки покрај морето и локална гастрономија.

МАТЕРА-град заштитен од Унеско,град  каде од белведерето на централниот плоштад

Ќе уживате  во  погледот на   пештеките населби каде што луѓето живееле уште во палеолитот

ф