Групно крстарење по источниот Медитеран 18.06.2025 (Италија, Грција, Турција)
Групно крстарење Источен Медитеран (поаѓање Атина)
Поаѓање: 18 Јуни 2025
10 дена / 9 ноќи
ДЕН | ДАТУМ | ПРИСТАНИШТЕ | ПРИСТИГНУВАЊЕ | ИСПЛОВУВАЊЕ |
19.06.2025 | ПИРЕА, АТИНА , ГРЦИЈА | – | 18:00 | |
2. | 20.06.2025 | КУШАДАСИ, ТУРЦИЈА | 07:00 | 15:00 |
3. | 21.06.2025 | ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА | 10:00 | 23:00 |
4. | 22.06.2025 | ДЕН НА МОРЕ (ПЛОВИДБА) | – | – |
5. | 23.06.2025 | КРФ, ГРЦИЈА | 13:00 | 21:00 |
6. | 24.06.2025 | БАРИ, ИТАЛИЈА | 07:00 | 14:00 |
7. | 25.06.2025 | ТРСТ, ИТАЛИЈА | 09:00 | 19:00 |
8. | 26.06.2025 | ДЕН НА МОРЕ (ПЛОВИДБА) | – | – |
9. | 27.06.2025 | КАТАКОЛОН (ОЛИМПИА),
ГРЦИЈА |
07:00 | 15:00 |
10. | 28.06.2025 | ПИРЕА, АТИНА , ГРЦИЈА | 08:00 | – |
ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО НАВЕДЕН ТИП НА КАБИНА
(уплатата е во денарска противвредност по курс 62.00)
Датум | Цена за сместување/услуга | |||||||
19 јуни 2025 | внатрешна кабина | прозорска кабина | балконска кабина | |||||
Цена по лице | 1.780 € | 1.890 € | 1.990 € |
- 3 и 4 возрасно лице над 18 години
- Во внатрешна кабина – 1.330 €
- Во прозорска кабина – 1.400 €
- Во балконска кабина – 1.440 €
- Деца до 18 години
- Во внатрешна кабина – 1.230 €
- Во прозорска кабина – 1.300 €
- Во балконска кабина – 1.340 €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз Скопје Пиреја (Атина) Скопје
- Пристанишни такси 200 € по лице
- Напојници 108 € по лице
- Сместување во двокреветни внатрешни, прозорски или балконски кабини на MSC FANTASIA на база проширен полн пансион (појадок, ручек, вечер, закуски, вода, кафе и чај)
- Панорамски разглед на Aтина 18.06.2025
- Лиценциран водич на Македонски јазик и пратители од ТА Ел Мундо Скопје
- Организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Меѓународно патничко здравствено осигурување (задолжително)
- Факултативни излети
- Пијалоци на бродот
Ден / Место | Програма на патување |
1. ден (18/19.06.2025)
СКОПЈЕ – АТИНА (Piraeus) |
Поаѓање од Скопје во 22:00 часот од паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски. Патување за Атина со попатни паузи. Пристигнување во Атина околу пладне. Панорамски разглед на Атина до времето на качувањето на бродот. Атина е главен и најголем град на Грција. Атина доминира во регионот на Атика и е еден од најстарите градови во светот, со запишана историја која се протега над 3.400 години и нејзиното најрано човечко присуство кое започнува некаде помеѓу 11-тиот и
7 –миот милениум п.н.е. Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулка на западната цивилизација, воглавно поради нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера и влијанието на остатокот од тогаш познатиот европски континент. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културата, науката. Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат. Нејзините уметници Фидије и Поликлет и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста. Политичката Атинска школа и денес е активна исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златната доба. По разгледот на Атина, продолжуваме кон пристаништето Пиреја. Испловување на бродот во 18:00 часот. |
2. ден (20.06.2025)
КУШАДАСИ |
07:00 – 15:00 Кушадаси, Турција. Слободен ден за разгледување на Кушадаси.
Кушадаси (турски: Kuşadası) — приморски град во Турција и многу популарно летувалиште на брегот на Егејско Море. Некогаш мала рибарска населба, денес центар на туристи од Велика Британија, Ирска, земјите на Бенелукс и поранешна СФРЈ. Според пописот од 1995 година, градот брои 50.000 жители, а денес населението изнесува 70.000, додека пак во текот на летната сезона во Кушадаси има до милион туристи. Административно, општината и градот Кушадаси, припаѓаат на вилаетот Ајдин, од чиј центар Кушадаси е оддалечен 65 км. Иако развиено летувалиште градот нема сопствен аеродром, туку се користи аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир и „Милас-Бодрум“ во Милас, кои се оддалечени 85 км, односно 120 км. Градот поседува марина (мало пристаниште) и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости на Кушадаси.
Испловување на бродот во 15:00 часот. |
3.ден (21.06.2025)
ИСТАНБУЛ |
10:00 – 23:00 Истанбул, Турција. Слободен ден за разгледување на Истанбул.
Истанбул (турски: İstanbul; низ историјата познат и како Византион старогрчки: Βυζάντιον; латински: BYZANTIVM; Константинополис старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград старословенски Цѣсарьградъ) — е најголемиот град во Турција е и еден од најголемите градови во светот, со 15.655.924 жители (според евиденцијата од 2023) и најгусто населен град во Европа. Истанбул, исто така е велегад, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина, расположен на Босфор, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморното море. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европскиот (Тракија) и азискиот (Анадолија). Во својата долга историја Истанбул служел како главен град на Римското царство на Источното римско (византиското) царство, на Латинското Царство и Отоманското Царство. Кога Република Турција била основана во 1923 година од страна на Мустафа Кемал Ататурк, главниот град бил преместен од Истанбул во Анкара. Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година. Во 2008 година, за време на градежните изградби на Истанбулското метро и тунелот “Мармарај”, односно на деловите на поранешниот Цариград, била пронајдена непозната неолитска населба која датира од околу 6500 години п.н.е. Низ својата долга историја, Истанбул има добиено репутација како еден од најголемиот центар од најразновидни архитектонски стилови. Како резултат на тоа, постојат многу историски џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули. Некои од овие историски градби, денеска го претставуваат срцето на градот и истите се најголемите туристички атракции на современа Турција. Испловување на бродот во 23:00 часот. |
4. ден (22.06.2025)
ПЛОВИДБА |
Ден за уживање во содржините на бродот. |
5 ден (23.06.2025)
КРФ |
13:00 – 21:00 Крф, Грција. Слободен ден за разгледување на Крф.
Крф (грчки: Κέρκυρα — Керкира) – град и административен центар на округот Крф како и на Јонските Острови. Градот се наоѓа на истоимениот остров на крајниот северозападен дел на Грција. Според старогрчката митологија, градот и островот го добиле името по ќерката на речниот бог Асоп, нимфата Керкира која ја грабнал Посејдон. Друга и веројатно поточна претпоставка за потеклото на името е врзана за значењето на името на грчки јазик, што значи „гребен полн врвови“. Климата на Крф е средоземна со топли и суви лета и благи и дождливи зими. За разлика од егејскиот дел на Грција, на островот и на целиот запад на земјата има повеќе дождови, па градот и неговата околина се секогаш зелени. Во околината доминираат овоштарници од маслинки и агруми. Денес Крф е прав туристички град. Посебна атракција на градот е зачуваното старо градско јадро кое денес е под заштита на УНЕСКО. Тука е и старата, добро сочувана тврдина од венециско време. На периферијата на градот и во неговите предградија се наоѓаат поголемите хотелски комплекси со големи и убави плажи. Туризмот го насочи и традиционалното занаетчиство кон производство на сувенири, а поморството кон превоз на туристи. Испловување во 21:00 часот. |
6. ден (24.06.2025)
БАРИ |
07:00 – 14:00 Бари, Италија. Слободен ден за разгледување на Бари.
Бари (италијански Bari), по големина е деветти град во Италија. Бари е и главен град на истоимента област Бари и главен град на провинцијата Апулија, во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Историски гледано Бари бил могу важен пристанишен град заради силните трговски врски со Грција, Северна Африка и источен Медитеран. Градот е познат и како градот на свети Никола, бидејќи во градската катедрала Saint Nicholas , основана во 1087, се наоѓаат моштите на Светецот, кои постојано привлекувале и сеуште привлекуваат голем број на верници. Други знаменитости во градот се: Катедралата San Sabino, првично изградена во 1034 година, разурната во 1156 и повторно изградена 1170-1178. Најважната уметничка галерија во Апулија, Pinacoteca Provinciale di Bari која содржи многу слики од 15-тиот век до деновите на современата уметност. Театарот Petruzzelli Theatre, основан во 1903 година, бил целосно уништен во пожар во 1991 година, но повторно бил отворен во октомври 2009 г. Castello Svevo Замок изграден околу 1131 година бил уништен во 1156 година и повторно бил изграден од Фредерик II Хоенштауфен. Замокот сега служи како галерија за различни привремени изложби во градот. Barivecchia или Стариот Бари, е збир на улици и премини кои го сочинуваат делот од градот северно од модерната област Мурат. Климата во Бари е средоземна. Бари како и цела Апулија се познати како многу топло и сушно подрачје во Италија. Испловување на бродот во 14:00 часот. |
7. ден (25.06.2025)
ТРСТ |
09:00 – 19:00 Трст, Италија. Слободен ден за разгледување на Трст.
Трст (италијански: Trieste) е важен град и пристаниште во северна Италија на брегот на Јадранското Море со околу 205.000 жители, во близина на границата со Словенија. Градот е административен центар на истоимената покраина Трст како и регионот Фурланија-Јулиска Краина. Трст бил населен уште од праисторијата имено во 3000 година п.н.е. овде се населило племето Карни. Во 177 година п.н.е. градот го освоиле Римјаните и тогаш за првпат се спомнува денешното име на градот во обликот Tergeste. Подоцна градот припаѓал на Византија, потоа на царството на Франките. Во 1382 година Трст припаѓал на Хабсбурговците. Под нивно влијание започнува и изградбата на поголеми градски пристаништа, а со самото тоа започнала и изградбата на современиот град. Тогаш градот се здобил и со космополитски карактер, со доселувањето на луѓе од сите делови на Хабсбуршката монархија. Трст го сочувал своето старо градско јадро од XVIII-тиот и XIX-тиот век и по својот “северен” изглед и правилната улична мрежа е потполно различен од другите јадра на италијанските градови, затоа што влијанието на “хабсбуршката архитектура“ бил значаен. Па така Трст повеќе потсеќа на Виена отколку на Венеција или Верона. Градот има голем број плоштади со многу цркви, палати, зданија и споменици. Поради стеснувањето зградите, па дури и оние кои се стари повеќе децении, имаат значителна катност. Испловување во 19:00 часот. |
8. ден (26.06.2025) | Ден за уживање во содржините на бродот. |
9. ден (27.06.2025)
КАТАКОЛОН(ОЛИМПИА) |
07:00 – 15:00 Катаколон, Грција. Слободен ден за разгледување на Катаколон.
Пристаништето Катаколон е популарна станица за бродовите за крстарење. Посетителите овде имаат можност да го посетат античкото пристаниште Олимпија, потонатиот антички град Феја. Античка Феја се наоѓала на другата страна на планината Ихтис, сега Агиос Андреас, во непосредна близина на пристаништето Катаколон. Археолошкиот локалитет на античките Олимписки игри, Олимпија, е местото каде спортистите се натпреварувале за слава пред илјадници години. Според легендата Зевс, кралот на грчките богови, ја изградил Олимпија. Тим германски експерти во 19-тиот век ја истражувале областа, при што биле откопани многу важни артефакти. Локалитетот, опкружен со дрвја, вклучува десетици остатоци од згради изградени не само од религиозни причини како што се урнатините на храмот на Зевс, туку и за спортски настани што се одржувале тука, гимназијата, хиподромот и стадионот, кој е изграден со максимален капацитет од 40.000 гледачи. Светилникот на Катаколон е изграден во 1865 година. Едно од најважните места на Катаколон е Музејот на античка грчка технологија. Остатоците од средновековниот замок Понтикокастро/Белведере/Бувоар сè уште стојат на врвот на ридот североисточно од модерното пристаниште, но замокот е главно руиниран и неговиот оригинален изглед може само да се претпостави. Катаколон има голем пазар. Се состои од повеќе од шеесет продавници, кафетерии, ресторани, продавници за облека и традиционални грчки производи. Испловување во 15:00 часот. |
10. ден (28.06.2025) | Пристигнување во Пиреја во 08:00 часот. Го напуштаме бродот околу 10:00 – 11:00 часот. Не чека нашиот автобус и тргнуваме накај Скопје. Возење со автобус 10-12 часа. Пристигнување во Скопје околу полноќ. |
СМЕСТУВАЊЕ: Брод МСЦ Фантазија Агенцијата организатор на ова патување не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓаат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.
НАПОМЕНА: За реализација на ова патување е потребен минимум од 20 патници.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.
ОТКАЗЕН РОК: До 30 дена пред патувањето се задржува 50 % од цената, од 29 дена до почетокот на патувањето 100% од цената.
- Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечни содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.
- Организатор на ова патување е Ел Мундо, Скопје.
- Бродската компанија MSC Cruise го задржува правото на измена на рутата без претходна најава.
- Програмата е лекторирана од лектор Ксенија Митева.
elm