Царска Кина 06.09-17.09.2025

јули 31, 2025

ЦАРСКА КИНА

КИНА

Ве водиме на незаборавни денови во прекрасната и постојано осовременуваната цивилизација.

Ќе ги посетиме: Престолнината Пекинг и најголемиот објект во светот Кинескиот ѕид,градот Сиан со земјените војници, ќе отидеме и до градот Хангжоу со незаборавното Западно Езеро, романтичниот Сужоу,  градот на лотусите и современот Шангај.

Во живо ќе ја видиме молскавичната промена во Кина, зачуваните традиции и неверојатните современи остварувања. Минатото и иднината ткаат неверојатен сплет на убавини,чувства, носталгии и восхитувања.

КИНА од Скопје со Turkish Airlines преку Истанбул

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:20 часот и пристигнување во 23:00 часот.

Полетување за Пекинг во 01:30 часот и пристигнување во 15:35 часот по локално време, летот трае 9 часа и 5 минути. Трансфер до хотелот и сместување. Разглед на Пекинг, по прочуената стара трговска улица во градот, Вангфујинг, која ги поврзува Далечниот Исток и Европскиот Запад бидејќи спојува различни култури и стилови. Може да се видат современи западни продавници со познати марки и стари кинески ракотворби. Шаренилото на рекламите и кинеската традиција ги пишуваат првите страници од незаборавните денови во главнот град на Кина. Секојдневно на улиците гледаме нови модели и достигнувања на кинеската автомобилска индустрија. Можна е посета на улицата каде што на едно место може да се видат најновите модели на електрични автомобили. Ноќевање.

Појадок. Една од најголемите светски привлечности е Кинескиот Ѕид. Овој ден ќе го видиме и ќе одиме по најголемиот објект создаден од човекот. Ѕидот требало да ја заштитува Кина од непријателски напади од север повеќе од 20 века. Потоа, предвидено е да се видат достигнувањата во архитектурата на современа Кина. Прв ќе биде националниот стадион „Птичјо гнездо“ и Националниот воден центар „Воден коцка“. Објектите беа изградени во 2008 година и на нив се одвиваа активности поврзани со Олимписките игри во 2008 година. Ноќевање.

Појадок. Овој ден ќе одиме до Забранетиот град, најголемото царско живејалиште во целиот свет пред кое е и најголемиот плоштад на планетава, Тјенанмен. Преубавата кинеска архтектура е проткаена со многу длабоко вкоренета симболика и значење што сведочи за долгата царска традиција и духовна култура во оваа далечна држава. Ќе го посетме Небесниот храм и ќе прошетаме низ паркот што го опкружува, за да уживаме во совршената хармонија што ја создале природата и човекот. Во Пекинг ќе постои можност да се возиме со традиционални рикши кои нудат возење и доживување на атмосферата на историскиот Пекинг. На туристите им се дава можност да искусат и уникатен третман и масажа на стапалата и да добијат совети од искусни практичари на традиционалната кинеска медицина. Во попладневните часови, разгледот ја опфаќа и Летната палата, ремек-дело на царската архитектура сместено на брегот на езерото Кунмин. Павиљоните и салите се украсени со прекрасни фрески и интересни камени статуи. Летната палата била омилено место на царевите, каде што наоѓале спокојство и засолниште од жештината, а сега на посетителите им нуди искуство на царската елеганција. Ноќевање.

Појадок. Трансфер до железничката станица и превоз со брз воз до Сиан. Сиан е античкиот главен град во кој почнувала историјата на многу династии – Џоу, Чин, Хан, Суи и Танг, кои ја обликуваа историјата на Кина. Трансфер до хотелот и сместување. Во времето на династијата Хан, градот станал центар на Патот на свилата. Секоја од овие династии оставила значаен белег, правејќи го Сиан историски симбол на кинеската цивилизација и култура. Сиан е дом и на живиот муслимански кварт, каде што ќе го почувствувате автентичниот дух на градот и ќе уживате во раскошните специјалитети на кинеската исламска кујна. Ноќевање.

Појадок. Сиан најмногу ги првлекува туристите од  од целиот свет поради тоа што во него е откриен мавзолејот на првиот цар Чин Ши Хуангди и неговата Теракотна војска. Овој комплекс, со површина од 56 квадратни километри, е еден од најважните археолошки локалитети во светот. Да се стои покрај илјадници земјени војници поттикнува чувство на поврзаност со дамнешни времиња, а пред очите се простира нешто големо и неповторливо. Посетата на Сиан ќе опфати обиколка на пагодата на малата дива гуска, која е ремек-дело на архитектурата на династијата Танг. Туристите ќе ја посетат и познатата кула со Тапани, историски симбол на градот, каде во текот на денот се уште може да се слушне звукот на традиционалните инструменти кои се користеле за одбележување на времето и важните настани. Тука се наоѓа Големата џамија во Сиан, најстарата џамија во градот која датира од 8 век. Оваа џамија комбинира исламски и кинески архитектонски стилови. Вечерта гостите се почестени со спектакуларно шоу на династијата Танг, кое преку колоритни костими, танц и музика во најголемиот театар во градот ја носи приказната за богатството и сјајот на познатата династија Танг, враќајќи ја публиката во златното доба на кинеската култура и уметност. Сиан е град со богата готварска традиција. Постои можност да се вкусат традиционалните рачно изработени тестенини, кои го отсликуваат автентичниот вкус на Сиан. Ноќевање.

Појадок. Трансфер до железничката станица и превоз со брз воз до Сужоу. Трансфер до хотелот и сместување. Сужoу е опишан како рај на земјата. Во него се наоѓа една од најпознатите градини, Мајсторот на мрежите, која е препознаена како одличен пример на традиционалната кинеска градинарска архитектура. Тука човекот ги вплел – природата, водата, дрвјата и каменот заедно да создадат визуелна и емоционална рамнотежа. Овде гостите ќе уживаат во спокојството што зрачи од секој агол. Природата во градините зрачи со посебна енергија. Во Сужоу се произведува и најдобрата свила на светот. Затоа туристите имаат можност да го посетат Музејот на свилата, каде што се запознаваат со историјата на овој скапоцен материјал кој одиграл клучна улога во кинеската култура и трговија. Ноќевање.

Појадок. Во Хангжоу туристите најчесто го посетуваат Западното Езеро кое го посетил познатиот истражувач и долгогодишен жител на Хангжоу, Марко Поло. Западното езеро е опкружено со пагоди, павилјони и цветни градини, создавајќи живописен амбиент кој зрачи со мир и елеганција. Посетителите имаат можност со пловењето по езерото со традиционални чамци да го видат храмот Лингин (Храмот на духовната инспирација), еден од најважните будистички храмови во Кина. Ноќевање.

Појадок. Организиран трансфер до хотелот во Шангај и сместување. Градината YuYuan е вистинска оаза на мирот и убавината, каде што можете да се одморите меѓу традиционалните кинески градини и архитектура. Може да се прошета по луксузната шопинг улица Nanjing Road, која е преполна со познати брендови и продавници. Ноќевање.

Појадок. Храмот на Буда Од Жад, едно од најважните и најпознатите светилишта во Шангај, е дом на импресивна скулптура на Буда направена од непроценлив жад. Во Шангај треба да се доживее возењето со метро, ​​едно од најмодерните во светот, потоа, на врвот на Шангајската кула, втората највисока кула во светот, да се посети и познатиот „лажен пазар“, место каде што можете да купите разни производи копии на познати брендови како облека, модни додатоци, електроника и сувенири. Ова е возбудливо место за љубителите на шопинг, каде што ќе можат да ги практикуваат своите вештини за ценкање. Препорачливо е да се крстари по реката Хуангпу, која минува низ срцето на Шангај. Ова возење нуди неверојатен поглед од двете страни на реката, каде што се спојуваат минатото и сегашноста на градот. Незаборавно акробатско шоу ве очекува во Шангај, каде што ќе уживате во впечатливите изведби на акробати кои одлично ги усогласуваат своите вештини со драматични ефекти и музика. Познато по својата неверојатна прецизност и страсна енергија, ова шоу дава увид во богатата уметност и традиција на Кина и ќе ви даде можност да ги доживеете врвните кинески акробатски вештини. Со модерна сценографија, извонредно осветлување и неверојатни изведби, претставата нуди незаборавно искуство. Ноќевање.

Појадок. Во 19 век во Шангај била создадена Француската концесија. Позната по европското архитектонско влијание по авениите со дрвореди и по живата атмосфера, претставувала територија за странци, а денес е една од најшармантните и најпопуларните населби во Шангај. Организиран превоз до аеродромот во Шангај.  Полетување за Истанбул во 22:25 часот.

Пристигнување во Истанбул во 05:20 и полетување за Скопје во 07:25. Пристигнување во Скопје во 07:55 часот.

  • Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Пекинг и Шангај–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
  • Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
  • Трансфери со автобус и брз воз на наведените релации според програмата
  • Девет ноќевања со појадок во двокреветни соби во Хотели 4* (локална категоризација)
  • (Три во Пекинг, Две во Сиан, Две во Сужоу и Две во Шангај)
  • Ручеци во локални ресторани
  • Разгледи и прошетки во градовите според програмата, со локален водич и вклучени влезници
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Доплата за еднокреветна соба 19.000 денари
  • Бакшиш за локалните водичи и возачи, вкупно 50 евра
  • Дополнителни влезници во локалитети (доколку има)
  • Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари