Групно Крстарење – Idyllic Greece (Секоја Сабота)

Крстарење – Idyllic Greece

€1.640
Цена од €599
цената важи за резервации до 08.05.2026

Опис на патувањето

Откријте ја богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови и тоа со најновиот крузер на Celestyal Journey. Ве покануваме да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села со нашето осумдневно крстарење. Посетете ја Миноската палата во Кносос и интригантниот град Ефес, еден од најдобро зачуваните археолошки пронаоѓалишта на источниот Медитеран.

Нашето крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места. Ќе имате можност да ги истражите скришните места и да се впуштите во едно автентично искуство.

Програма за патување

  • 1 ден
    Атина
    Испловување во 17:00 часот

    Од 12 до 16:00 часот чекирање. Бродот испловува во 17:00 часот и започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на светлината – Атина. Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси.

  • 2 ден
    Кушадаси
    Испловување во 18:00 часот

    Појадок. Пристигнување во Кушадаси во 08:00 часот. Ручек. Може да уживате во прекрасните песочни плажи на Кушадаси. Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, шопинг во големата чаршија и дегустација на локалните специјалитети. Можност за факултативна екскурзија – посета на Ефес или некои други. Враќање на бродот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Родос.

  • 3 ден
    Родос
    Испловување во 18:00 часот

    Пристигнување во Родос во 08:00. Појадок. Импресивниот пејзаж на Родос беспрекорно ги спојува драматичните антички локалитети со шармантните модерни ридски села. Тука ќе ја посетите величествената средновековна тврдина на Акрополот во Линдос, сместена на врвот на карпа над кристално чистото Егејско Море, и ќе ги истражите калдрмите во Стариот град со раскошна османлиска и италијанска архитектура. Ручек. Поаѓање во 18:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење кон Крит (Агиос Николаос).

  • 4 ден
    Крит (Агиос Николаос)
    Испловување во 20:00 часот

    Пристигнување во Крит во 08:00. Појадок. Во Крит ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16-ти век на тврдината Кулес. Слободно време за посета на малите критски села или палатата на Кносос. Можност за резервација на факултативни екскурзии. Ручек. Поаѓање во 18:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење кон Санторини.

  • 5 ден
    Санторини
    Испловување во 22:00 часот

    Пристигнување во Санторини во 08:00 часот. Појадок. Можете да се пријавите за неколку различни факултативни екскурзии на овој прекрасен вулкански остров, место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи. Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера на брод. Бродот испловува во 22:00 часот. Ноќевање и ноќно крстарење до Миконос.

  • 6 ден
    Миконос
    Испловување во 02:00 часот

    Пристигнување во Миконос во 08:00 часот. Појадок. Организиран превоз до градот. Градот Миконос или Хора мами со својата убавина, космополитски дух и врвен ноќен живот. Познат како „Остров на ветровите”, препознатлив по своите бројни ветерници од 16-ти век. Живописниот остров е примамлив со своите песочни плажи, кристално чистата вода и културни историски споменици. Може да уживате во бројните музеи, кафулиња, барови или клубови. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 02:00 часот по полноќ. Ноќевање и крстарење до Милос.

  • 7 ден
    Милос
    Испловување во 18:00 часот

    Пристигнување во Милос во 08:00 часот. Појадок. Вулканскиот пејзаж на островот Милос го прави најегзотичен остров на Егејското море со извонредни бои и мистика. Овде ќе уживате во најубавите плажи, кои вулканските карпи ги обоиле во црвена, розова и портокалова боја. Можност да дознаете многу повеќе ако искористите некоја од понудените екскурзии. Ручек и вечера на брод. Ноќевање и крстарење до Атина.

  • 8 ден
    Атина
    Пристигнување во 07:00 часот

    Пристигнување во Атина во 07:00 часот каде завршува ова преубаво крстарење. Појадок. Најфасцинантен град во светот, испреплетен со митови и легенди во срцето на античка Грција. Синоними на градот се Акрополис и Партенон. Овде може да посетите некои од локалните театри, историски локалитети или пак да се опуштите на прекрасната градска плажа. Багажот се остава пред Вашите кабини. По појадокот одјавување од бродот.

Што е вклучено:

  • 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey;
  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 еур;
  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации;
  • Полн пансион со вклучени безалкохолни пијалаци за време на оброците и ужина;
  • Филтер кафе, чај, вода и сокови вклучени во одредено време;
  • Основен WI-FI интернет;
  • Претставник од Fibula Travel на патување (доколку се оформи група над 30 патници).

Не е вклучено

  • Медицински услуги;
  • Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.;
  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина;
  • Патничко осигурување;
  • Факултативни излети;
  • Туристичка такса на островите: во мај – Миконос и Санторини 12 еур/лице, останати пристаништа 3 еур/лице; во јуни – Миконос и Санторини 20 еур/лице, останати пристаништа 5 еур/лице.

Важни информации

  • Чекирањето на бродот е од 12:00 до 16:00 по локално време;
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци;
  • Индивидуални излети/посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место;
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето;
  • За резервација задолжителна е уплата од 50% депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Зулу Травел и Целестијал;
  • За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници;
  • Цените важат за резервации до 08.05.2026!