НЕАПОЛ – СОРЕНТО – АМАЛФИ РИВИЕРА – 7 ноќи

Термини: 08.05.2026 / 29.05.2026 / 05.06.2026 / 19.06.2026 / 03.07.2026 / 17.07.2026 / 31.07.2026 / 14.08.2026 / 28.08.2026

од 699€
43 338 ден

-Авиoнски превоз

-7 ноќи

-трансфер и вклучени разгледи

-Со појадок

НЕАПОЛ (Napoli) – Основан пред повеќе од 2500 години, Неапол е еден од најстарите континуирано населени градови во светот. Прошетајте низ неговиот историски центар – светско наследство на УНЕСКО – каде што тесните улички од калдрма кријат скриени цркви, водени катакомби и палати стари со векови.

КАПРИ – Идиличниот остров со длабоки сини води на Тиренското Море. Капри е остров од соништата кој со векови ги воодушевува посетителите. Познат по своите драматични карпи, тиркизни пештери и елегантен шарм, Капри претставува совршена мешавина од природна убавина, луксуз и италијанска животна убавина.


1 ден (петок)
Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 16:30 часот, пристигнување во Неапол во 18:10 часот. Панорамски прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедрала, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (сабота)
Појадок. Трансфер до пристаништето во Соренто, тргнување со фери брод до Капри. Панорамска прошетка по островот со посета на главните знаменитости: Villa Jovis – римска вила на императорот Тибериј, Chiesa di Santa Maria – црква со историско значење, светилникот Faro di Capri, Villa San Michele – позната вила со музеј и градини, и Chiesa di San Michele Arcangelo. Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.

3 ден (недела)
Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.

Опционално:
• Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаици, и пристаништето.

• Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музеј на хартија, Chiostro del Paradiso – историски клостер, и други знаменитости.

• Се продолжува со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castel Arechi – средновековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботанички градини и шеталиштето Lungomare. Сместување и ноќевање во хотел.

4 ден (понеделник)
Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

5 ден (вторник)
Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

6 ден (среда)
Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

7 ден (четврток)
Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

8 ден (петок)
Појадок. Поаѓање кон аеродромот во Неапол. Лет Неапол – Скопје. Поаѓање од Неапол во 18:45 часот. Пристигнување во Скопје во 20:15 часот.


Во цената се вклучени следниве услуги:
• Авионска карта на релација Скопје – Неапол – Скопје со Wizzair
• Аеродромски такси
• Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
• 7 ноќевања со појадок – 1 ноќевање во Неапол, 1 ноќевање во Соренто, 5 ноќи во Салерно
• Фери брод Соренто – Капри
• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и придружник
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите)


Во цената не се вклучени следниве услуги:
• Патничко осигурување
• Индивидуални трошоци
• Влез во туристичките знаменитости и музеи
• Факултативни излети
• Останати трошоци кои не се спомнати
• Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот


Важна напомена:

  1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  2. Во програмата е направен проценкиот водич на плановите, но доколку има застои во сообраќајот или застој од други причини, сите закажани посети може да не се реализираат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотел се дава 1–2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да избереме најсоодветни хотели.

Забелешка:
Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат исклучиво со брод, по следната маршрута:
Соренто – Позитано – Амалфи – Амалфи – Салерно.
Цената за ова патување со три брода изнесува 50 евра. Плаќање при пристигнување во дестинацијата.
За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопат).


F