Крстарење – Барселона, Рим, Марсеј
-
-
БАРСЕЛОНА – Главен град на Каталонија, на брегот на Средоземното Море, каде се спојува модерното со традиционалното, со богата архитектура, културен живот, плажи и забавни можности.
МАРСЕЈ – најстарото пристаниште на Француската ривиера е совршено место за прошетки, култура и средоземноморски пејзажи.
Лион – историски град на реките Рона и Сона, кој нуди ренесансна архитектура, музеи и живописни плоштади, идеален за прошетки и запознавање со културата на Прованса.
ЏЕНОВА – приморски град на северозападна Италија со богата историја и тесни, живописни улици. Морската атмосфера и пристаништето ја прават градската средина посебно привлекувачка.
-
Програма
1 ден
Состанок на групата два часа пред лет. Поаѓање од Скопје со авион за Рим. Полетување во 15:30. Пристигнување во Рим во 17:30. Трансфер од аеродромот до Рим. Панорамска посета на градот и главните знаменитости на Рим, како што се: Piazza Del Popolo, Via Del Corso, Fontana Di Trevi, Pantheon, Piazza Venezia, Piazza Di Spanja . Ноќевање во хотел..
2 ден
Појадок во хотел. Разглед на Рим. Посети: Piazza Navona и the Colosseum. San Pietro Square , продолжуваме со посетата на Ватикан каде што се посетуваат Ватиканските музеи и замокот San Angelo. Трансфер до Чивитавекија. Пријавување на бродот MSC Musica. Поаѓање во 19:00 часот. Вечера и ноќевање на брод.
3 ден
Појадок. Појадок на бродот. Пристигнување во Џенова во 08:00 часот. Опционален излет во Портофино. Ручек на бродот. Поаѓање во 18:00 часот. Вечера и ноќевање на брод.
4 ден
Појадок на брод. Пристигнување во Марсеј во 07:00 часот. Посета на главните знаменитости на Марсеј: највисоката панорамска точка, симболот на градот – Света Марија, заштитничката на Марсеј, Notre Dame de la Garde, старото пристаниште ,потоа Палатата и фонтаните Longchamp . Пријавување и ноќевање во хотел.
5 ден
Појадок во хотел. Заминување за Перпињан. Патувањето трае околу 4 часа. Пристигнување во Перпињан.
Посета на главните споменици: средновековната порта Le Castillet, катедралата Saint Jean Baptiste, дворот Campo Santo, центарот на Стариот град, Кралската палата на Мајорка, Плоштадот на Републиката итн. Пријавување и ноќевање во хотелот..
6 ден
Појадок во хотел. Поаѓање за Жирона. Патувањето трае 1 час. Посета на спомениците: Passeig de la Muralla, катедралата Жирона, Ајфеловиот мост, Шарените куќи на Ониар и Стариот кварт Ел Кал. Патувањето продолжува за Барселона. Пристигнување во Барселона.
Посета на главните споменици: Las Ramblas, Mirador de Colom– споменик на Колумбо на крајот од Las Ramblas, Plaça Catalunya– централниот плоштад, Passeig de Gracia– пешачење до Casa Batlló, Casa Amatller, Casa Milà (La Pedrera), готскиот кварт – Palace of Catalan Music, Placita de la Seu Square, Cathedral of Saint Eulalia Сместување и ноќевање во хотел.
7 ден
Појадок во хотел. Продолжува посетата на Барселона: плоштадот Espanya и ридот Montjuïc (Олимписки стадиони, Магична фонтана, Поглед од Montjuïc), Олимписката марина, Barceloneta, Sagrada Familia, Camp Nou.
Доцна попладне, трансфер до аеродромот. Лет Барселона – Скопје. Поаѓање од Барселона во 21.35 часот. Пристигнување во Скопје во 00.20 часот.
Цена по лице: 839€
-
Вклучено
- Авио билет на релација Скопје – Рим и Барселона – Скопје со
Визз Аир. - Аеродромски и пристанишни такси
- Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
- Ноќевања во хотел, 1 ноќевање во Рим, 1 ноќевање во Марсеј, 1 ноќевање во Перпињан и 1 ноќевање во Барселона
- 2 ноќевања на бродот MSC Musica Cruise.
- Појадок, ручек и вечера на бродот
- Шоу, караоке, влез во дискотека, сауна и разни активности на бродот.
- Автобуски тури и придружба во Рим, Барселона, Марсеј и Жирона
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
- Туристичка такса
- Авио билет на релација Скопје – Рим и Барселона – Скопје со
-
Не е вклучено
- Сè што не е наведено во програмата
- Влезница за во објектите и културно-историски споменици
- Екскурзии наведени во програмата како “Опционално„ како и тури во организација на Крузерот.
- Бакшишот за крстарењето е 10 евра за возрасни и 5 евра за деца по ноќ. Се фактурира и се плаќа на рецепција. Доколку имате основана причина, можете да поднесете приговор за тоа за време на патувањето (не на крајот).
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот.
-
Напомена
- Времињата на поаѓање и пристигнување може да бидат променети од страна на авиокомпанијата, но во секој случај програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
- Во програмата имаме направено проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од некоја друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите може да не бидат во централното подрачје на градовите. Информирајте се однапред за имињата на хотелите за време на турата. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
-
Општи услови и информации
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.