Мадрид- 10.04.-13.04.2026

февруари 20, 2026

Мадрид за Велигден

          10.04.-13.04.2026

1 ден (10.04.2026) Скопје – Мадрид
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 2
(11.04.2026) МАДРИД
Појадок. После појадокот имаме можност за организирана пешачка тура што вклучува она што се нарекува Хабсбуршки Мадрид, бидејќи вклучува обиколка низ дел од градот што е создаден во 16-ти и 17-ти век, иако ќе видиме и места што се создадени подоцна. Тргнувањето е од Пуерта дел Сол (каде традиционално се дочекува Новата година), потоа Плаза Мајор (каде што се одржале првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид и многу други настани), пазарот „Mercado de San Miguel“, најстариот ресторан во градот „Ботин“, улицата Мајор (каде што се случил првиот масовен атентат во историјата на Шпанија). Потоа се спуштаме до катедралата Алмудена (и во зависност од тоа дали има миса или не, влегуваме), Кралската палата (најголемата палата во Западна Европа), споменикот на Филип IV и Кралската опера. По завршување на пешачкиот разглед следува време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3
(12.04.2026) МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.
Ден 4
(13.04.2026) МАДРИД
Појадок.Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата)…. Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 21:25ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:50ч.

 

 ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 539 €
4 дена / 3 ноќевања

МАДРИД – познат по музеи, прометни улици испреплетени со секакви продавници, ресторани со светска кујна и непобедлив ноќен живот. Ќе ве изненади со своите мирни историски места што ги шармираат сите што поминуваат покрај нив. Кога е време за јадење, Мадрид има многу различни опции, секоја попривлечна од претходната. Од една страна, традиционални барови каде што можете да откриете точно што значи кастизо и зошто тапасите се толку популарни. Автентичноста на Мадрид е тешко да се надмине. Тој е гостопримлив и разновиден. Мадрид , весел и жив во секое време, без сомнение, еден од најинтересните градови во Европа.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје – Мадрид – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од 8 кг (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, 3 ноќевања со појадок; Хотел Porcel Torre Garden.
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Туристичка такса 5 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
  • Доплата за еднокреветна соба  200 €;
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз со метро

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ :

  • Пешачки разглед со локален водич – 35 €;
  • Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич – 85 €;
  • Фламенко – 55€ по лице со пијалок

Задолжително минимум една екскурзија- пријавување во агенција        

АТС