Шпанија – место створено за забава и незаборавни моменти!
Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.
Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.
Сместен веднаш покрај морската променада, Hotel Reymar Playa нуди удобно сместување во самиот центар на Малграт де Мар. Хотелот располага со надворешен базен и пријатен простор за релаксација.
Собите се пространи и климатизирани, секоја опремена со рамноекрански ТВ од 32″ до 40″, приватно купатило и сопствен балкон.
На располагање е 24-часовна рецепција со услуга за размена на валути и туристичко биро. Во склоп на хотелот има детско игралиште, ресторан и бар. Тенискиот терен и теретаната се достапни со доплата. Малграт де Мар нуди богат избор на продавници и живописни барови во непосредна близина.
Аеродромот Жирона се наоѓа на 35 км, а градот Жирона е оддалечен 45 км. Од Малграт де Мар сообраќа редовна железничка линија до Барселона, која е околу 65 км оддалечена.
Malgrat de Mar е живописен туристички град на Коста Брава, познат по долгите песочни плажи, прекрасно уредената морска променада и пријатната медитеранска атмосфера. Градот нуди одлична комбинација од релаксација и забава – бројни ресторани, барови, шопинг улици и содржини за семејства. Одлично е поврзан со Барселона и Жирона со редовна железничка линија, што го прави идеална база за истражување на регионот. Malgrat de Mar е совршена дестинација за мирен, но динамичен одмор на море.
Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) – Шведска маса.

Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*).Ноќевање
Појадок и поаѓање кон Верона.
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење
Посета на Венеција со Брод – 30€ по лице
Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови.
По пристигнувањето, започнуваме со турата низ Венеција и ги посетуваме најпознатите знаменитости: Мостот на воздишките, плоштадот Св. Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, како и бројните романтични канали, меѓу кои и Големиот канал кој го дели градот на два дела.
По завршување на организираниот дел од турата, следува слободно време за индивидуални активности – прошетка низ уличките, возење со гондола, купување сувенири и уживање во уникатната атмосфера на Венеција.
Посета на Верона
Пристигнување во Верона.
Следува прошетка низ историскиот центар на градот и посета на некои од неговите најпознати знаменитости: античката римска арена – една од најстарите и најдобро сочувани во Европа, каде денес се одржуваат престижни концерти и оперски претстави; куќата на Јулија, симболот на романтиката; како и споменикот на Данте Алигиери, сместен на прекрасниот плоштад Пјаца деи Сињори.
Ќе уживате во атмосферата на овој волшебен италијански град исполнет со историја и шарм.
Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло
Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.
Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35 €
Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Поаѓање после појадок од пред хотел со Автобус.
Пристигнување во Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Со вклучена посета на Магичните фонтани. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Посета на убавата Рамбла, кралскиот плоштад Реиал и еден од најубавите Roof top bars во Барселона.
– Препорака за исклучително добар и ефтин традиционален ресторан со локална Каталанска храна
Враќање на Коста Брава во вечерните часови.
Цена на излетот: 65 €
Деца до 12 години: 35 €
Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Фламенго Вечер – 50€, деца до 12 години: 30 €
Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)
Задолжителнен пакет на факултативи
Задолжителнен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло 45 евра
- Задолжителнен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло 45 евра (уплата во агенција)
- Резервација на место се прави со задолжителна уплата од 9000 ден.
- Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
- Останатиот износ се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.
- Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.
- Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
- Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
- Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
- Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
- Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
- Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
ho
