Шпанија – место створено за забава и незаборавни моменти!
Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.
Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.
Сместување во хотел Guitart Central Park Aqua Resort 4*, специјално дизајниран за семејни одмори, сместено до плажата Феналс, во идеално опкружување помеѓу морето и планините.
Хотелот Guitart Central Park Aqua Resort 4* се наоѓа во срцето на Лорет де Мар, крајбрежен град на Коста Брава — туристичка област која успеала да ја задржи својата традиција и прекрасни предели, истовремено развивајќи одржлив и висококвалитетен туризам. Околината на Лорет де Мар нуди природни пејсажи, прекрасни плажи и рајски ували што вреди да се откријат.
На Коста Брава, само неколку метри од прекрасната плажа на Лорет де Мар и замокот Сант Жоан, се наоѓа Hotel Guitart Central Park Aqua Resort, кој ги нуди сите удобности за незаборавен семеен одмор: воден парк, 3 базени, 3 ресторани, 8 барови и целосна програма на анимација за млади и возрасни.
Уживајте во шармот на Лорет де Мар во уникатен хотел со воден парк со тобогани, спа-центар, барови, ресторани и богата програма за забава која ќе ви го обезбеди целиот потребен уживање за вашите семејни празници.
Хотелот располага со различни типови сместување дизајнирани така што семејствата да можат да уживаат во одмор од соништата со најдобрите услуги при рака — од удобни двокреветни поврзани соби до фамилијарни соби со капацитет за двајца возрасни и три деца.

- Организација на патувањето и водич
- Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
- 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
– 6 полупансиони (појадок и вечера – шведска маса) во Лорет де Мар во дво и трокреветни соби - 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница / Санремо во хотел со 2/3*)
Во цената не е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување: 550 денари ( се плаќа во агенција).
- Доплата за еднокреветна соба = 45 еур по лице / на ден
- Задолжителна туристичка такса во Италија, Франција = 10 еур (Се уплаќа во агенција)
- Туристичка такса во Шпанија се плаќа на рецепција (Околу 1,5 еур ден се плаќа на рецепција во хотел)
- Задолжителен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло -45 евра
- Факултативни екскурзии според програмата
- Се она што не е наведено во програмата
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање
Појадок и поаѓање кон Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери.
Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење
Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) – Шведска маса.
– Факултативно – Организирано гледање на Ф1 на Шпанското Гран При во Барселона.
После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*
– Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.
Ноќевање
Поаѓање кон Скопје.
Факултативни Излети
Посета на Венеција со Брод – 30€ по лице
Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови.
По пристигнувањето, започнуваме со турата низ Венеција и ги посетуваме најпознатите знаменитости: Мостот на воздишките, плоштадот Св. Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, како и бројните романтични канали, меѓу кои и Големиот канал кој го дели градот на два дела.
По завршување на организираниот дел од турата, следува слободно време за индивидуални активности – прошетка низ уличките, возење со гондола, купување сувенири и уживање во уникатната атмосфера на Венеција.
Посета на Верона
Пристигнување во Верона.
Следува прошетка низ историскиот центар на градот и посета на некои од неговите најпознати знаменитости: античката римска арена – една од најстарите и најдобро сочувани во Европа, каде денес се одржуваат престижни концерти и оперски претстави; куќата на Јулија, симболот на романтиката; како и споменикот на Данте Алигиери, сместен на прекрасниот плоштад Пјаца деи Сињори.
Ќе уживате во атмосферата на овој волшебен италијански град исполнет со историја и шарм.
Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло
Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.
Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35 €
Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Поаѓање после појадок од пред хотел со Автобус.
Пристигнување во Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Со вклучена посета на Магичните фонтани. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Посета на убавата Рамбла, кралскиот плоштад Реиал и еден од најубавите Roof top bars во Барселона.
– Препорака за исклучително добар и ефтин традиционален ресторан со локална Каталанска храна
Враќање на Коста Брава во вечерните часови.
Цена на излетот: 65 €
Деца до 12 години: 35 €
Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Фламенго Вечер – 50€, деца до 12 години: 30 €
Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)
Задолжителнен пакет на факултативи
Задолжителнен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло 45 евра
- Задолжителнен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло 45 евра (уплата во агенција)
- Резервација на место се прави со задолжителна уплата од 9000 ден.
- Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
- Останатиот износ се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.
- Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.
- Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
- Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
- Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
- Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
- Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
- Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
ho