Андалузија 24.05-30.05.2026

декември 11, 2025
АНДАЛУЗИЈА 24.05 – 30.05.2026
Андалузија Андалузија Spain
✈ авионски превоз

АНДАЛУЗИЈА

Авион  / 7 дена / 6 ноќевања

Андалузија е место на контрасти во секој поглед. Уникатна и посебна во својата егзотична мешавина од традиционална шпанска, маварска и еврејска култура со арапски и африкански влијанија, таа не личи на ниедно друго место во светот. Позната е како татковина на фламенкото, гитарата, борбата со бикови, Пабло Пикасо и Дон Жуан.

 

24.05 (недела)                                                 СКОПЈЕ – МАЛАГА

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 06.45 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:20 часот по локално време. Полетување за Малага во 13:15 и пристигнување во 16:50 часот. Трансфер и сместување во Хотел. Вечерна прошетка во Торемолинос. Овој популарен туристички центар во регионот Коста дел Сол, 12 км западно од Малага, се карактеризира со блага медитеранска клима со 300 сончеви денови годишно и е идеален за одмор и забава преку целата година. Ноќевање.

 

25.05 (понеделник)                                      РОНДА – МАРБЕЉА

Појадок. Факултативно, се упатиме кон Ронда, град кој се издига на 750 м надморска височина, а нејзиниот пејзаж може да се класифицира како еден вид природно чудо. Имено, градот се наоѓа на врвот на две огромни варовнички карпи. Панорама на една од најстарите арени каде што се одржуваат борби со бикови, прошетка низ стариот градски центар, панорама на прекрасниот „нов мост“. По паузата, ќе го продолжиме нашето патување кон Марбеља, модната престолнина на туризмот на „Коста дел Сол“, која, покрај 320 сончеви денови во годината, е украсена и со интересна мешавина од медитерански дух и маварска архитектура. Прошетајте низ живописниот стар град (Каско Антигуо), во чие срце се наоѓа плоштадот на портокалите  со фонтана, гувернерската куќа од 16 век, капелата Сантијаго и стариот арапски ѕид. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

26.05 (вторник)                                  МАЛАГА – ГРАНАДА

Појадок. Разглед и прошетка во Малага. Со своите 16 сончеви плажи, овој андалузиски град е вистинскиот главен град на Коста дел Сол. Градот, кој се трансформираше во модерен центар преку своите многубројни лица, го задржа духот на минатото, незаменливиот шарм и урбаната атмосфера на весели улици каде што се служи тапас во баровите на секој чекор, се слуша локална музика и се испреплетува богатата историја. Неколку работи ја прават Малага единствена – и на прво место тоа е родното место на Пабло Пикасо (посета на музејот), потоа сончев ден поминат на кралицата на локалните плажи – Плаја де ла Малагата, прошетка низ локалните улици каде што се менуваат традиционална вкусна храна, сувенири и продавници за локално наследство. Тука е и светилникот Ла Фарола де Малага, пешачката улица на маркизиот Лариос, украсена со цвеќиња и прекрасни балкони. Трансфер до Гранада. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

27.05 (среда)                                           ГРАНАДА                          

Појадок. Разглед и прошетка во градот. Самата локација на Гранада е импресивна и посебна, но она што ја прави место од „1001 ноќ“ е големото арапско наследство кое буквално го обликувало градот со векови – Арапите останале во Гранада до 1492 година, кога Гранада паднала како нивно последно упориште на Иберискиот Полуостров. Ова најдобро се гледа во нејзината најатрактивна знаменитост – Алхамбра. Обиколка на ова најпознато место во Шпанија кое останало по заминувањето на Арапите од шпанската почва, најромантичниот европски монументален споменик. По посетата на Алхамбра, прошетка до катедралата, капелата на католичките кралеви (поглед однадвор) и старата арапска улица Алкасерија. Би било штета Гранада да се изедначува само со Алхамбра – Гранада има многу повеќе да понуди! По разгледувањето, слободно попладне за лични програми, препорачуваме прошетка низ Албасин, впечатлив градски кварт со бели фасади и тесни улички и Мирадор де Сан Николас од кој има прекрасен поглед на Алхамбра. Ноќевање.

 

28.05 (четврток)                       ГРАНАДА – КОРДОБА – СЕВИЉА

Појадок. Трансфер до Севиља со попатна посета на Кордоба. Планирана е прошетка низ величествениот стар кралски град со неверојатен шарм, архитектура и многу пријатни локални жители. Ја посетуваме Големата џамија – катедрала во Кордоба, римскиот мост (Понте Романо) над реката Гвадалкивир, Торе де Калахора… Можност да ја почувствувате романтичната страна на Андалузија во најинтимна атмосфера, да прошетате низ тесните градски улици, уредни и особено убави со посебен шарм од минатото и големата историја на Кордоба. Пристигнување во Севиља. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

 

29.05 (петок)                                     СЕВИЉА

Појадок. Разглед и прошетка на четвртиот најголем град во Шпанија, кој е воедно и културен и финансиски центар на Андалузија. Севиља, главниот град на жешката Андалузија, за многумина е вистински шпански град. Често ќе чуете дека ниту Мадрид ниту Барселона немаат ист шпански дух како Севиља. Некои ќе ви кажат дека главната атракција на Севиља е прекрасниот Шпански плоштад, сместен во паркот Марија Луиза. Куриозитетот што го носи ова вистинско ремек-дело е тоа што неговите скици се направени во Хавана, што му дава посебен карипски дух. Други повторно ќе го стават стариот маварски дворец Алказар на прво место, вистински празник за очите, изграден за да биде восхитуван од маварските владетели, шпанските кралеви и денешните љубопитни посетители. Некои ќе бидат заведени од танцот на прекрасна фламенко танчерка и звукот на страсна гитара, додека други ќе ја понесат легендата за севиљскиот заводник, Дон Жуан. Во Севиља, сè е поврзано со освојување и страст. Дозволете живата атмосфера на градот да ве плени додека уживате во сангрија, тапас и други радости од жешкото срце на Шпанија. Можност за посета на Фламенко. Ноќевање.

 

30.05 (сабота)                                СЕВИЉА-СКОПЈЕ

Појадок. Полетување од Севиља во 11:45 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:15 по локално време и полетување за Скопје во 18:55. Слетување во 19:25 часот.

 

Цена за ранa уплатa до 20.12: 1149 € / 71.240 мкд

 За секоја  резервација направена во период од 24.11 до 20.12 доделуваме дополнителни 30 евра попуст по лице

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1229 € / 76.200 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Истанбул-Малага / Севиља – Истанбул-Скопје
Чекиран багаж 20кг, рачен багаж 8кг
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
2 ноќевања со појадок во хотел APARTAMENTOS BAJONDILLO 4* www.bajondillo.com во центарот на Торемолинос
2 ноќевања со појадок во хотел HOTEL DWO URBAN GRANADA 4* www.dwo-urban-granada во центарот на Гранада
2 ноќевања со појадок во хотел AC HOTEL SEVILLA FÓRUM BY MARRIOTT 4* http://skr.rs/zSLk во Севиља
Разгледи и прошетки со водич во Малага, Гранада и Севиља
Посета на музејот на Пикасо во Малага (влезница)
Кралската палата Алказар во Севиља (влезница, слушалки, водич)
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса 1120 мкд (се плаќа во агенција)
Факултативна посета на Ронда и Марбеља (трансфер и локален водич) 95 еур по лице
Фламенко во Севиља 30-35еур, Голема Џамија во Кордоба 30 еур (влезница, слушалки, водич), Алхамбра Палата во Гранада – пријавување најдоцна до 01.03 (влезница, слушалки, водич) 50 еур
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба  21.200 мкд

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
Дете од 02-12г. добива попуст од 60 еур
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

МА