Исланд 24.04-29.04.2026

ноември 24, 2025
ИСЛАНД 24.04-29.04.2026
REYKAVIK ICELAND Iceland
✈ авионски превоз

ИСЛАНД – Земја на огнот и мразот!

 

 Авион  / 6 дена / 4 ноќевања

Инспирирајте се од земјата на глечери и вулкани! Пејзажи во кои доминираат гејзери, лава и водопади. Прекрасното крајбрежје, заливите и фјордовите отвораат спектакуларни глетки што треба да ги доловите и да ги претворите во трајни спомени. Откријте го интересниот и динамичен Рејкјавик, капете се во една од стотиците бањи на отворено со геотермална топла вода. Исланд е сè што можете да замислите, полн со контрасти, величенствен и роментичен!

  

24.04 (петок)  СКОПЈЕ – РЕЈКЈАВИК

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување за Виена во 12:35 и пристигнување во 14:10 часот. Полетување за Рејкјавик во 21:00 и пристигнување во 23:20 часот. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

 

25.04 (сабота) РЕЈКЈАВИК

Појадок. Посета на музејот Перлан (вклучена влезница во износ од 45 евра),  музеј со најсовремена технологија, кој ги прикажува извонредните пејзажи и природа на Исланд на достапен и привлечен начин. Неговите импресивни практични, интерактивни експонати и ревии ги објаснуваат формите на земјата, геологијата и дивиот свет: aурора во планетариумот на Перлан со 8K проекција и сараунд звук, прошетка низ вистинска ледена пештера долга 100 метри, интерактивни експонати кои покриваат теми како што се глацијацијата и океаните, извонредно шоу за вулкани… Потоа, разгледување на градот Рејкјавик  најсеверната престолнина во светот, градот во кој живее повеќе од половина од населението на Исланд. Името на градот може да се преведе како „Заливот на чадот“ поради пареата која во 9 век се издигнувала во оваа област. Денеска во градот нема чад бидејќи куќите се загреваат од топлата вода на геотермалната област. Рејкјавик е необичен главен град, доволно мал за лесно шетање и доволно космополитски за да се чувствувате светски. Тој е град на возбудливи можности опкружен со фантастични пејзажи, шарен и жив, кој сè уште негува традиционален начин на живот и каде што нема да го чувствувате стресот на западните метрополи. Следи разглед на старите и новите делови на градот, пристаништето, прекрасната црква Халгрим, паркот во близина на музејот на скулптури Асмундур Свенсон и Националниот музеј... Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

26.04 (недела)  ЗЛАТЕН КРУГ – ЦЕЛОДНЕВЕН РАЗГЛЕД                             

Појадок.  Факултативно излет Златен круг (,,Golden Cirkle”), најбараниот излет на Исланд, каде ќе ги доживеете неговите најпознати знаменитости: најстариот парламент во светот во Шингвелир, геотермалните чуда на Гејзир и величествениот Водопад Гулфос – совршен вовед во уникатната историја и природна убавина на Исланд.

Вашето патување започнува во Националниот парк Тингвелир (Þingvellir), место заштитено како светско наследство на УНЕСКО, каде што во 930 година е основан парламентот на Исланд Alþingi, поволно за пешачење помеѓу видливите рабови на евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, што го прави Þingvellir геолошко и историско чудо. Следно, значајно за посета е геотермалната област Гејзeр, каде што ќе ве пречекаат врелите, топли извори кои го прекриваат прекрасниот пејзаж. Оваа област е дом на самиот Гејзeр, оригиналниот топол извор што го подарил своето име на сите гејзери ширум светот и Strokur, кој еруптира на секои 5-10 минути, исфрлајќи топла вода на 25-30 метри во висина. Вашата последна станица е Gullfoss или „Златниот водопад“, една од најомилените природни атракции на Исланд. Овој моќен водопад паѓа од 32 метри на две нивоа во  карпест кањон, кој нуди неверојатен поглед од повеќе агли. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

27.04 (понеделник)   ЈУЖНА АВАНТУРА – ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ

Појадок. Факултативно, доживејте го Исланд со неговите симпатични села, вулкани, плажи со црн песок, прекрасни водопади и огромни глечери. Ова патување нуди незаборавно уживање на најпознатите знаменитости на островот.

Започнуваме со посета на Seljalandsfoss, еден од највисоките водопади на Исланд, кратката патека води кон задниот дел на водопадите, давајќи  извонреден поглед на водата додека се спушта надолу. Почувствувајте ја освежувачката магла на вашето лице од оваа единствена перспектива!

Малку поисточно, ќе стигнете до Skogafoss, еден од највпечатливите водопади во земјата, а потоа упатете се кон карпата Dyrhólaey, драматичниот карпест лак кој се протега во океанот. Од оваа гледна точка, уживајте во прекрасните погледи на Reynisfjall, впечатливи релјефи од лава кои се издигнуваат од морето, како и  величествениот глечер Mýrdalsjökull што се протега низ хоризонтот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

28.04 (вторник) НАБЉУДУВАЊЕ НА КИТОВИ – ПЛАВА ЛАГУНА                              

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативно, набљудување на китови  едно од најпознатите атракции на Исланд-трансфер до заливот Факсафлои. Авантурата ќе ја  води капетанот на бродот кој ќе ви раскаже сè за овие неверојатни животни, уживајќи во нивната игра,  во нивното природно живеалиште. Заливот  е исто живеалиште на многу видови птици кои активно се хранат со изобилството на риби. Прекрасни пејзажи ја опкружуваат оваа област и додаваат уникатен контраст на огромниот океан, а оттука се нудат спектакуларни глетки на хоризонтот.

Факултативно, следи попладневна посета на Плавата Лагуна (,,Blue Lagoon”) – именувана како едно од 25-те светски чуда од National Geographic во 2012 година. Со својата единствена геотермална морска вода овој познат ресурс е богат со силициум диоксид, алги и минерали – елементите кои ѝ даваат на лагуната моќ за негување на кожата. Опуштете се во лагуната, вдишете го освежителниот океански воздух и уживајте во прекрасните глетки! Организиран трансфер до Аеродромот.

 

29.04 (среда) РЕЈКЈАВИК-СКОПЈЕ

Полетување од Рејкјавик во 01:10 часот. Пристигнување во Виена во 06:15 и полетување за Скопје во 10:15. Слетување во 11:50 часот.

 

Попуст за ранa уплатa до 20.12: 999 € / 661.940мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1089 € / 67.520 мкд

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Рејкјавик-Скопје со Austrian Airlines

парче чекиран багаж 23кг по соба, 1 парче рачен багаж 8кг по лице

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Сместување во хотел Muli 3* во Рејкјавик на база 4 ноќевања со појадок

Разглед и прошетка на Рејкјавик

Влезница во музејот Перлан

Билети за јавен превоз и влезници за локалитети кои не се вклучени во цената

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

1.Пакет 3 факултативни излети 375 евра

-ЗЛАТЕН КРУГ – ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ

ЈУЖНА АВАНТУРА – ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ

-ПЛАВА ЛАГУНА – 4 часа. Комфор пакет: влезница, маска од силицијумска кал, користење на пешкир, 1 пијалок, козметика…

2.НАБЉУДУВАЊЕ НА КИТОВИ 135 евра

 

Туристичка такса 870 мкд (се плаќа во агенција)

Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба  16.740 мкд

 

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во дво и трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

ма