Рим и Фиренца 26.10 – 29.10.2025
€838.00
авионски превоз
-
Локација
ФИРЕНЦА – Италијанската Атина, град со некои од највредните културно-историски споменици во светот.
Внатрешноста на многубројните цркви, палати и галерии крие цел универзум на врвни дела од визуелната уметност. Првиот голем успех како град на уметноста Фиренца го доживува во XV век, за време на доминацијата на семејството Медичи, кога е родена и ренесансата.
РИМ – Сите патишта водат во Рим, срцето на Италија, Вечниот град или „Caput Mundi“, град создаден како свет за себе.
Неговата историја долга 3.000 години ја обликува природата на Рим, создавајќи единствена целина каква што не може да се најде никаде на друго место во светот. Да се посетат Римскиот амфитеатар – Колосеумот, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, Пантеон или квартот Трастевере е задолжително – инаку би било како воопшто да не сте го посетиле овој вечен град.
-
Програма
1 ден – 26.10,2025 (недела)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16:55 часот. Полетување за Рим во 18:55 часот, слетување во 20:45 часот. Следува организиран трансфер до Фиренца. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден – 27.10.2025(понеделник)
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот со посета на следниве културно-историски знаменитости: Piazza della Signoria, прошетка по Piazza del Duomo, Piazza San Lorenzo, Davide Museum, Piazza Santa Maria Novella, црквата San Trinita, мостот Ponte Vecchio и Pitti Palace.
Поаѓање за Пиза и краток разглед на градот. Потоа трансфер кон Рим (приближно 3 часа патување, со кратки паузи за храна и одмор). Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден – 28.10.2025 (вторник)
Појадок. Организирана посета на: Piazza del Popolo, Via del Corso, Fontana di Trevi, Пантеон, Piazza Venezia, Piazza Navona и Колосеумот. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден – 29.10.2025 (среда)
Појадок. Поаѓање за Ватикан – посета на плоштадот Свети Петар, Ватиканските музеи и замокот Sant’Angelo. Трансфер до аеродром во Рим. Полетување за Скопје во 21:30 часот, пристигнување во 23:10 часот.
-
Вклучено
- Авио билет на релација Скопје-Рим-Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*(Во Фиренца – Hotel Delta Florence или сличен; Во Рим – Hotel Meeting Rome или сличен)
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи според прогармата
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Рим и Фиренца
- Туристичка такса
-
Не е вклучено
- Се што не е наведено во програмата
- Влезници за музеите и другите културно историски споменици
- Влез во Ватикан 17 € од лице без водич
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
-
Општи услови
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ; Напомена: Има можност за трокреветни соби!
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
- Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани и редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците.
FB