Венеција со островите 17.04-22.04.2025

февруари 17, 2025
Венеција со островите Велигден 
Италија 
1.Ден 17.04.2025 (Четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински и гранични формалности.
2.Ден 18.04.2025 (Петок) ПАЛМАНОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО   
Пристигнување во утринските часови во Италија. Попатна посета на еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia – Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi’s, Marc O’Polo, Nike и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето можност за уживање на плажа во Лидо ди Јесоло покрај брегот на Јадранското Море.  Ноќевање.
3.Ден 19.04.2025 (Сабота) МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО – ВЕНЕЦИЈА 
Појадок. Ден предвиден за целодневен излет до Убавицата на морето – Венеција и островите во венецијанската лагуна Мурано, Бурано и Торчело. Турата започнува со крстарење по островите на Венецијанска лагуна. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. Продолжуваме со посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Патувањето продолжува со трасфер со брод до Венеција. Пешачки разглед низ градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи и уживање во убавата Венеција. Во договорено време со водичот заминување од Венеција и враќање во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности и прошетки.  Ноќевање.
4.Ден 20.04.2025 (Недела) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА 
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и лулката на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: реката Арно, Стариот Мост – Понте Векио,  плоштадот Сињори, Старата Палата – Палацо Векио, Дуомото – Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во доцните попладневни часови во договорено време со водичот на групата враќање во хотел. Ноќевање.
5.Ден 21.04.2025 (Понеделник) ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ 
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија, прошетката и запознавањето на Верона ја правиме релаксирано со придружникот на групата. Ќе поминеме покрај Арената и Плоштадот Бра, преку пешачката улица Виа Мацини ќе стигнеме до Плошдатод Ербе и  Куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки, разгледи и ручек. Можност за шопинг во некои од продавничките со италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови во договор со водичот на групата, заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински и гранични формалности.
6.Ден 22.04.2025 (Вторник)                                СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ПРОМО цена за резервации до 31.03.2024 – 179€/ 11.098 мкд
Редовна цена – 219€/13.578мкд
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3* во регионот Венето на база 3 ноќевања со појадок
– Организирана посети на градовите според  програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување
– Факултативна екскурзија крстарење и посета на островите Мурано, Бурано, Торчело и Венеција – 60€
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 55€
– Доплата за туристичка такса (5€ по лице од ноќ)
– Влезници по културно – историските  знаменитости и индивидуални трошоци
***ПРОМО пакет за пријава на пакет со сите факултативи 105€ наместо 115€!!! 
Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
– За еднокреветна соба доплатата изнесува 60€ на цената на аранжманот.
– Трето возрасно лице на дополнителен кревет добива -10% попуст од цената на аранжманот.
– Дете 2-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет -10% попуст од цената на аранжманот.
– Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
– Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени.
– Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
– Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.