Скандинавски престолнини -Малме – 06.11 -10.11.2026

Малме – Копенхаген – Хелсингор – Гетеборг – Осло – Оребро – Стокхолм

    • Локација

      КОПЕНХАГЕНГлавниот град на Данска и еден од најубавите, најорганизирани и најживи градови во Европа. Копенхаген е модерен, зелен и дизајнерски град, често рангиран меѓу најдобрите во светот по квалитет на живот.

      ГЕТЕБОРГ – Вториот по големина град во Шведска, познат по својата поморска историја, зелени паркови, пријателски дух и вкусна храна. Гетеборг често го нарекуваат „поопуштениот брат“ на Стокхолм, бидејќи е град со помалку формалност, повеќе топлина и хумор, каде жителите се познати по својот пријателски и духовит карактер.

      ОСЛО – Главниот град на Норвешка е познат по својата комбинација на модерна архитектура, природа и богата културна сцена. Овој град, еден од најстарите градови во Скандинаија, денес е пример за одржлив урбан развој — полн со паркови, велосипедски патеки и културни центри.

      СТОКХОЛМ – Главниот град на Шведска, град на острови, мостови и бескрајна скандинавска елеганција. Денес е модерен, зелен и уреден град, каде старото се меша со новото — средновековни улички стојат веднаш до современи стаклени згради.

       

    • Програма

      1 ден

      Состанок на групата на аеродромот во Скопје  два часа пред време за лет. Полетување за Стокхлом во 17:55 часот, слетување во 21:10. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање

       

      2 ден

      Појадок. Панормаска посета на спомениците во Стокхлом,  дворецот Drottingholmen со посета на неговите прекрасни градини, Градското собрание, стариот град и централниот остров Gamla Stan каде што се наоѓа стариот кралски дворец, централниот плоштад на градот и најубавиот Stortoget каде пто се наоѓа Шведската академија и Музејот на Нобел. Поаѓање за Орберо. Ноќевање.

       

      3 ден

      Појадок. Краток разглед на Орберо. Поаѓање за Осло. Патувањето трае околу 3 сати. Организиран разглед на Осло: Aksershus замок,Rathuset – градско собрание и место на доделување на Нобеловите награди; Карл Јохан – главна улица со Националниот Театар, парламент и кралска палата, Park Vigeland и Frogner, Holmenkollen – скијачка патека и панорама. Сместување во хотел. Ноќевање.

       

      4 ден

      Појадок. Поаѓање за Гетеборг (околу 2 часа). Организиран разглед на Гетеборг: плоштадот Густав Адолф; Градското собрание, Stortorget и Domkyrkan, кралските градини Kungsparken, стариот холандски кварт „Хаг“ и Gotaplatsen плоштадот; Nordstan – најголемиот шопинг центар во Скандинавија. Патувањето продолжува кон Хелингор). Сместување во хотел. Ноќевање

       

      5 ден

      Појадок.  Поаќање за Хелсингор со фери брод каде што се наоѓа замокот во кој се одвиваат насани од делото на Шекспир , Хамлет. Патувањето тае околу еден час. Посета на замокот околу еден час.  Продолжуваме за Копенхаген, патувањето трае околу 1 час. Организиран разглед на градот: катедралата на Копенхаген, каде што се наоѓа Универзитетот, како и Rundetaarn (Округлата кула) – стара опсерваторија; Rådhuspladsen – градскиот плоштад и градското собрание; Christiansborg Palace – актуелниот дански парламент; Rosenborg Palace – кралска палата со колекција на крунски накити; Amalienborg – резиденција на кралската фамилија; Frederick’s Church – впечатлива барокна црква; Малата сирена – позната статуа инспирирана од Ханс Кристијан Андерсен.  Продолжуваме до Малме преку мостот Оресунд. Посета на центарот во Малме. Поаѓање за аеродром. Поаѓање од Малме  во 21:20часот. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

       

      Цена- 649еур по лице

    • Вклучено

      • Авионска карта Скопје – Стокхлом и Малме – Скопје со Wizz Air
      • Аеродромски такси
      • Бесплатен багаж 40x30x20 cm (едно парче)
      • 4 ноќевања со појадок во хотел со 3*
      • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
      • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
      • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
      • Туристичка такса

       

    • Не е вклучено

      • Сè што не е наведено во програмата
      • Влезница за во објектите и културно-историски споменици
      • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

       

    • Напомена

      • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
      • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
      • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
      •  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

       

F