Програма
Монденскиот, традиционалниот, мистичен – неверојатно романтичен Санторини за време на најголемиот христијански празник Велигден е центар на светот! Имате можност да го посетите најсветото место на Санторини – Пиргос, каде на традиционален начин се прославува Христовото Воскресение. Архипелагот од вулкански острови (Киклади) се наоѓа 220 километри југоисточно од копното на Грција и со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Опфака територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км.
1.ДЕН (17.04.2025 – Четврток) Поаѓање за Грција во 17:15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
2.ДЕН (18.04.2025 – Петок) ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на фери. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот…пловидба кон Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30 часот, следи трансфер од пристаниште до хотел – сместување во хотел во Камари. Време за краток одмор и релаксација. Околу 21.00 часот – следи факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите христијански верници проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со илјадници запалени свеќички од смола, кој и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквата, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка, слободно време за индивидуални активности. Вракање во хотел. Ноќевање.
3.ДЕН (19.04.2025 – Сабота) САНТОРИНИ Појадок. По појадокот, околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот…археолошкиот град Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на музејот, каде можете да ги погледнете прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш (влезница за локалитетот се плаќа дополнитено по цена која е на каса)…посета на „црвената“ плажа, Манастирот Св.Пророк Илија (Prophitis Ilias) кој се наога на највисоката точка на островот, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот остров (можност за фотографирање), посета на Фира и Имеровигли – Калдера. Во вечерните часови посета на најмонденското селце OIA…можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место…питорескната и монденска OIA, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море, кое било испирација за многу поети, сликари и писатели…враќање во хотелот во вечерните часови. Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали – враќање во хотел. Ноќевање.
4.ДЕН (20.04.2025 – Недела) САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел. Краток одмор –
Во вечерните часови – прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус, враќање во хотел. Ноќевање.
5.ДЕН (21.04.2025 – понеделник) САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Факултативна посета на на најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата следи слободно време во Фира и околу 14.00 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во раните утрински часови – наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 18.540,00 ден. (299 €) – за уплати во ЦЕЛОСТ до 31.01.2025 !
19.780,00 ден. (319 €) – редовна цена
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
– Автобуски превоз на горенаведената релација;
– 3 Н/П во хотел со 4* во Месариа;
– трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа;
– трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел – пристаниште;
– Fira by night (ноќна посета на Фира);
– ТРАНСФЕР на патници, БЕЗ НАДОКНАДА од Струга, Охрид, Прилеп, Велес и Скопје;
– пратител на група, организација – водство и реализација на аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
– Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;
– патничкото осигурување;
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :– Целодневен излет низ Санторини (копнена тура; автобус + водич) – 45 € по лице;
– крстарењето со брод (трансфер + брод + водич) – 45 € по лице;
– посета на винаријата (трансфер+резервација+влезница+дегустација на вина) – 30 € по лице;
ДОПЛАТИ :
– Доплата за еднокреветна соба : 55 € (3.410,00 ден.)
– Прво дете до 7 год. кое не користи кревет, а е со 2 возрасни лица – плаќа само превоз + брод : 140 € (8.680,00 ден.)
– Второ дете до 11,99 години со 2 возрасни лица – плаќа 80% од цената за возрасен
– Туристичката такса (3 € по лице на ден) се плаќа на лице место
НАПОМЕНИ :
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Комплетна уплата на аранжманот треба да се реализира најкасно 10 дена пред поаѓање;
– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
– Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Р.Грција, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и нема обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до градовите од каде што се патниците.
– Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ
PA