ЛИСАБОН И ПОРТО 07.10-13.10.2026

Бисерите на Португалија

Авион/ 7 дена/ 6 ноќевања

07.Октомври (Среда)СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПОРТО                      

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:20 часот. Полетување во 12:45 и пристигнување во Порто во 15:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Плоштадот Батаља,  Црквата Сан Илдефонсо, улицата Света Катерина… Слободно време за уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.

08.Октомври (Четврток)ПОРТО                                                                                       

Појадок. Разглед на стариот дел од Порто: Катедралата, железничката станица Сао Бенто изградена во стилот на француската ренесанса, Плоштадот Слобода, Авенијата Алиадос, Универзитетот, Кулата Клеригос, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро и прошетка по втората значајна пешачка улица Rua das Flores. Ноќевање.

09.Октомври (Петок) ПОРТО – КОИМБРА – ОБИДОШ ЛИСАБОН                       

Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Попатна посета на симпатичното место Коимбра, каде се наоѓа еден од најстарите Универзитети во Европа. Прошетка низ историскиот дел на некогашниот главен град на Португалија при што ќе се види Универзитетскиот комплекс, старата и новата Катедрала, Кулата Алмедина, Црквата Санта Круз. Прошетката продолжува во централниот дел на Португалија. Малото сликовито гратче Обидош, кое поради стратешката позиција секогаш било предмет на интерес на португалските кралеви, всушност е најдобро сочувано средновековно место во земјата. Без сомнение, тоа е едно од најживописните и најромантичните гратчиња со карактеристични тесни, калдрмисани улички и шарени куќи. Обидош е познат и по локалниот специјалитет  жинжа – ликер кој се пие од чоколадна чашка. Сместување во хотелот Лисабон. Ноќевање.

10.Октомври (Сабота) ЛИСАБОН

Појадок. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем, која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде славниот Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, ремек дело на мауелската архитектура. Слободно време за посета на најпознатата лисабонска слаткарница  Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче.. Враќање до хотелот, слободно попладне. Препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.

11.Октомври (Недела) ЛИСАБОН – АЛФАМА

Појадок. Прошетка низ историскиот центар на Лисабон и покрај брегот на реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квартот Алфама – најстариот дел од градот, препознатлив по тесните калдрмисани улички и автентичната атмосфера. Тука се наоѓаат Катедралата, Црквите посветени на Св. Антонио и Св. Винсент, како и Националниот Пантеон. Можност за ручек во некој од локалните ресторани и уживање во традиционалните португалски специјалитети. Попладнето е резервирано за слободно време и посета на некој од познатите miradouros – панорамските видиковци од кои Лисабон се открива во својата најубава светлина. Во доцните попладневни часови, погледот кон зајдисонцето над реката Тежо открива една од највпечатливите глетки во Лисабон, кога градот се обојува во топли златни и портокалови нијанси. Ноќевање.

12.Октомври (Понеделник) ЛИСАБОНИ ОКОЛИНАТА (Синтра, Кабо Да Рока, Кашкаиш)

Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19 Век во романтизам.  Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставува совршен контраст со зеленилото кое ја опкружува. Слободно време за вкусување на традиционалните колачиња каежадас. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, ‘ртот Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло.  Враќање во хотелот во Лисабон во попладневните часови, слободна вечер. Ноќевање.

13.Октомври (Вторник)ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ                                         

Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 10:55 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:35 и полетување за Скопје во 18:55. Слетување во Скопје во 19:25 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  1055 евра      (65.410 денари)

Цената вклучува:                                                          

– Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Порто и Лисабон-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси

Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)

– Трансфер од Аеродромот до хотелот во Лисабон

– Трансфер од хотелот во Лисабон до хотелот во Порто

– Трансфер од хотелот до Аеродромот во Порто

– 2 ноќевања со појадок во Хотел YOTEL 4* во центарот на Порто

– 4 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Лисабон

– Посета на Коимбра и Обидош

– Разглед и прошетки во Порто според програмата

– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

– Туристичка такса  (се плаќа во хотелите, на рецепција)

– Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 95 евра

– Панорамски разглед на Лисабон 50 евра

– Карти за локален превоз (метро)

– Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

– За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

– Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

–  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

ATL P