ПАРИЗ -ВЕРСАЈ ДИЗНИЛЕНД
Велигден17.04.2025 – 22.04.2025
ПАРИЗ -ВЕРСАЈ ДИЗНИЛЕНД
Велигден17.04.2025 – 22.04.2025
ПАРИЗ 6 ДЕНА / 5 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен. 1 ден – 17.04,2025 (Четврток) Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:25 ч од Скопје. Слетување во Париз во 11:05 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејски полиња, Триумфална капија, Конкорд, црквата Мадлена, опера Гарние, Вандом, Лувр, Орсеј, Нотр Дам, Латински кварт, Инвалиди, Воена Школа, Ајфелова кула, мостот Александар III. Сместување во хотел. Слободно време за ручек и одмор. Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските полиња, Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање. 2 ден – 18.04.2025 (Петок) Појадок. Организирана прошетка до Лувр (со метро). Од Конкорд преку паркот Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр. Слободно време за влез во Лувр со претходно резервирани влезници. Посетата трае 2 часа. Слободно време за ручек. Заедничка организирана прошетка и посета од надвор на Операта Гарние, влез во галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар. Прошетката продолжува пешки до плоштадот Вандом и хотелот Риц. Прошетка и слободно време за сликање на плоштадот Конкорд. Враќање во хотел со метро. Организирана прошетки по Елисејските полиња со можност за посета и влез Триумфалата капија (факултативно) од каде погледот на дванаесетте авении е најубав.Слободно време за заедничка вечера (факултативно ). Ноќевање. 3 ден – 19,04,2025 (Сабота) Појадок. Во 08.00 часот поаѓање за Версај (факултативно). Посета и влез во дворецот. Слободно време за прошетка по парковите. Враќање во Париз и факултативна посета на латинскиот кварт, посета на Богородичната црква. Слободно време за ручек во познатиот кварт. Попладневна Факултативно посета на квартот на уметниците Мон Мартр (со метро). Слободно време и прошетка , посета на црквата Свето Срце. Посетата продолжува со прошетка по познатата улица Пигал и слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Враќање во хотел со метро. Ноќевање. 4 ден – 20,04,2025 (Недела) Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк Дизниленд. Се патува со брз воз, влезниците се купуваат преку интернет. За оние кои остануваат во Париз има организирана прошетка до квартот Маре, Општината, Бастиља, центарот Помпиду. За љубителите на кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање. 5 ден – 21,04,2025 (Понеделник) Појадок. Крстарење со брод по Сена (факултативно). Посета на Луксембуршките градини и Сорбона. Слободно време за ручек. Можност за посета на Музејот Орсеј или катедралата Sainte Shapelle и Conciergery (факултативно).Организирана прошетка до Ајфеловата Кула и слободно време за посета на истата. Слободно време за вечера во некој од рестораните на Трокадеро (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање. 6 ден – 22,04,2025 (Вторник) Појадок. Багажот се остава на рецепција. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг. Посета на La Defence ( на 10 мин.пешки од хотелот) . Слободно време за ручек. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 14:30 часот. Полетување за Загреб во 18:30 часот, слетување во 20.20 ч. Полетување за Скопје во 22.15 ч, слетување во 23.40 часот.
Општи услови: Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден);
|