Мадрид, Толедо и Валенсија
Авион/ 7 дена/ 6 ноќевања
17. Април (Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МАДРИД
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Мадрид преку Истанбул во 08:45 и пристигнување во 16:50 часот. Трансфер до хотелот со панорамско возење кон “Кралскиот град”, избран за главен град од кралот Филип II во 16 Век, по Авенијата Кастелана преку Плоштадот Кастилја и покрај стадионот “Сантиаго Бернабеу“ на ФК Реал Мадрид. Сместување во хотелот. Вечерта, препорачуваме прошетка по прекрасните мали плоштади со тераси за кафе или популарниот пијалок сангрија, заедно со сендвичот „bocadillo de calamares“, со уживање во многу опуштената атмосфера. Ноќевање.
18. Април (Петок) МАДРИД
Појадок. Пешачка прошетка низ центарот на Мадрид, (трансфер со локален превоз), по познатата Авенија Гран Виа, (Големата улица) која се карактеризира со високи скалести згради, Плоштадот Пуерта дел Сол, Фонтанaтa Нептуно, Плоштадот Сибелес, Кружен плоштад со фонтана од 18 век, Портата Алкала (Триумфалната порта)… Прошетката продолжува до Шпанскиот плоштад каде има висок бел споменик посветен на Мигел де Сервантес и хероите од неговиот роман „Дон Кихот“, Плоштадот Ориенте, Кралската Палата, Катедралата Алмудена каде се венчаа сегашниот крал Филип VI и Летиција, познатиот Меркадо де Сан Мигел, Црквата Св. Исидор, заштитникот на Мадрид, Плоштадот Мајор… Можност за посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Во вечерните часови, можност за уживање со заводливиот ритам на шпанската музика со уникатните звуци на гитарата и спектаклот на оригиналниот танц Фламенко. Ноќевање.
19. Април (Сабота) МАДРИД
Појадок. Можност за посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми… Препорачуваме посета на музејот THYSSEN BORNEMISZA, со преку 800 слики и скулптури, меѓу кои се делата на познатите Караваџо и Рубенс… Слаткарницата San Gines е отворена во 1894 година, тоа е незаменливо место за купување на едно од најдобрите слатки на овој регион „чурос со чоколадо“. Вечерта, препорачуваме посета и уживање во тапас баровите во кои се служат традиционалните шпански јадења. Ноќевање.
20. Април (Недела) МАДРИД
Појадок. Прошетка во познатиот парк Ретиро, еден од најубавите и најголемите градски паркови во Европа. Поранешниот кралски имот кој им служел на кралевите како отмено место за одмор, денес е омилена зелена оаза во центарот на градот, со езеро и градини, каде може да пешачи по живописниот Paseo de la Argentina до Casita del Pescador, Кристалната палата, градината со рози Ла Росаледа. Тука е наоѓа и ЗОО – Аквариумот во Каса де Кампо, се простира на приближно 20 хектари и се смета за еден од најголемите во светот. Во близина е еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… Слободно време за индивидуални прошетки и посета на некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Ноќевање.
21. Април (Понеделник) МАДРИД – ТОЛЕДО – ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Слободно време за утринско кафе и торта. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно – историското наследство на Толедо, длабоки и сеуште видливи траги оставиле Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по ремек делата на големиот уметник Ел Греко. Тргнување за Валенсија во попладневните часови. Пристигнување во хотелот во вечерните часови и сместување. Ноќевање.
22. Април (Вторник) ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Посета на комплексот “Градот на науките и уметностите”, импресивен пример на модерната архитектура, дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава. Прошетка до привлечното и историско јадро на Валенсија и слободно време за ручек во некој од рестораните каде што се подготвуваат разни видови на паелја, освежителен сок “horchata” oд бадеми и “agua de Valеncia”, свежо цеден сок од портокали и шампањ. Ноќевање.
23. Април (Среда) ВАЛЕНСИЈА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до Аеродромот во Валенсија. Полетување за Истанбул во 11:35 часот. Пристигнување во Истанбул во 16:35 и полетување за Скопје во 18:55. Слетување во Скопје во 19:30 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 999 евра (61.950 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Мадрид и Валенсија-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси
– Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба со димензии 55х40х23см до 8 кг)
– Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот во Мадрид
– Сместување во Хотел Abba Madrid 4* во Мадрид на база 4 ноќевања со појадок
https://www.abbahoteles.com/en/destinations/abba-madrid-hotel/hotel.html
– Организиран превоз од Мадрид до Валенсија
– Сместување во Хотел Eurostars Acteón 4* во Валенсија на база 2 ноќевања со појадок
https://www.eurostarshotels.co.uk/eurostars-acteon.html
– Организиран трансфер од хотелот до Аеродромот во Валенсија
– Прошетки во Мадрид и Валенсија според програмата (со локален превоз)
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Туристичка такса 750 денари (се плаќа во Агенција)
– Факултативни посети: Посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 55 евра, Фламенко…
– Влезници во локалитетити
– Карти за локален превоз (метро)
– Патничко-здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
– Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето