Крстарење · 9 дена / 7 ноќи
Mediterranean Splendor
Португалија, Франција, Мароко и Шпанија
Скопје · Лисабон · Танжер · Валенсија · Палма де Мајорка · Сет · Барселона · Скопје
1 Ден. Скопје — Мадрид — ЛисабонЛет во 17:05
Состанок на групата и поаѓање за Мадрид со WizzAir лет во 17:05 часот. Пристигнување во Мадрид во 20:45 часот, од каде продолжуваме со автобуски превоз до Лисабон (околу 8 часа пат).
ден 2 ЛисабонЧекирање на брод 12:00–16:00
Пристигнување во Лисабон во раните утрински часови. Мала прошетка низ градот, потоа чекирање на крузерот. Чекирањето е од 12:00 до 16:00 часот. Сместување во кабините. Слободно време за одмор и запознавање со бродот. Вечера и ноќевање на брод.
ден3 ЛисабонИспловување во 18:00
Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Лисабон. Лисабон е познат по своите живописни улички, традиционалните жолти трамваи, прекрасните видиковци и автентичниот португалски дух. Можности за факултативни излети. Враќање на брод до 17:00 часот и оттука започнува незаборавната авантура по Медитеранот. Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Мароко.
ден4Танжер, МарокоПристигнување 13:30 · Испловување 19:30
Појадок. Пристигнување во Танжер околу 13:30 часот. Ручек. Можност да прошетате низ живописната Медина, да ги истражите тесните улички и традиционалните пазари, да уживате во погледот кон Гибралтарскиот проток и да почувствувате дел од автентичната мароканска атмосфера. Можности за факултативни излети и посета на интересни знаменитости. Враќање на бродот до 18:30 и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Шпанија.
ден5 Ден на мореПловење кон Шпанија
Ден на море, пловење кон Шпанија. Појадок, ручек и вечера на крузерот. Не може да здосади денот — од релаксирање покрај некој од баровите или рестораните, искористувајќи некои од спа третманите кои се нудат на крузерот, до различните забавни програми: караоке, учење нов танц, нов јазик, музика во живо и што уште не. Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Валенсија.
ден6 Валенсија, ШпанијаПристигнување 08:00 · Испловување 18:00
Пристигнување во Валенсија во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање низ Валенсија — град со прекрасна комбинација од богато историско наследство, модерна архитектура и медитерански дух. Може да прошетате низ живописниот стар град, да уживате во сончевите плажи и да ја вкусите познатата паеља, која потекнува токму од овде. Можности за факултативни излети и посета на најзначајните знаменитости на градот. Вклучен ручек и вечера. Испловување од Валенсија во 18:00 часот. Ноќевање и крстарење до Палма де Мајорка.
ден7 Палма де МајоркаПристигнување 08:00 · Испловување 17:00
Пристигнување во Палма де Мајорка во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на градот кој плени со својата медитеранска атмосфера, прекрасните плажи и богато историско наследство. Може да прошетате низ шармантниот стар град, да уживате во крајбрежјето и да ги откриете живописните улици. Можности за факултативни излети и посета на најатрактивните места на островот. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 17:00 часот. Ноќевање и крстарење до Франција.
ден 8Сет, ФранцијаПристигнување 10:30 · Испловување 19:00
Пристигнување во Сет околу 10:30 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Сет, прекрасно пристанишно градче познато по своите канали, рибарска традиција и прекрасната крајбрежна атмосфера. Може да прошетате покрај каналите и пристаништето, да ги истражите тесните улички на градот и да уживате во локалните морски специјалитети. Можности за факултативни излети и посета на околните атрактивни места. Ручек и вечера на брод. Испловување во 19:00 часот. Ноќевање и крстарење до Тарагона.
ден 9Тарагона (Барселона) — СкопјеПристигнување 09:30 · Лет во 16:15
Пристигнување во Тарагона (Барселона) во 09:30 часот каде завршува ова преубаво крстарење. По појадокот, багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж. Одјавување од бродот и слободно време за прошетка низ еден од најубавите медитерански градови — Барселона. Поаѓање кон Скопје со WizzAir лет во 16:15 часот. Пристигнување во Скопје во 19:00 часот.


-
1.Чекирањето на бродот е од 12:00 до 16:00 по локално време.
-
2.За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од минимум 6 месеци.
-
3.Индивидуални излети и посети, и сѐ друго што не е споменато во програмата, е со доплата.
-
4.Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
-
5.За резервација е задолжителна уплата од 50% депозит; целосна доплата 30 дена пред патувањето.
-
6.За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Celestyal.
-
7.За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
-
8.Цената важи до 14.09.2026.
- ф

