Групно Крстарење по грчките острови 23.10.2026 -7 дена / 5 ноќи

Крстарење  ·  7 дена / 5 ноќи

Idyllic Greece
Крстарење по грчките острови

Скопје · Атина · Кушадаси · Родос · Крит · Санторини · Миконос · Атина · Скопје

 

1 Ден Скопје -Атина  /поаѓање со Автобус

Состанок на групата и поаѓање за Атина со автобус.

2 Ден Чекирање  од 12-16 часот .Испловување 17 :00

Од 12 до 16:00 часот чекирање. Бродот испловува во 17:00 часот и започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на светлината — Атина. Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси.
3 Ден Кушадаси, ТурцијаПристигнување 08:00 · Испловување 18:00

Појадок. Пристигнување во Кушадаси во 08:00 часот. Ручек. Слободното време може да го искористите за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети. Можност за факултативна екскурзија — посета на Ефес или некои други. Враќање на бродот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Родос.
4 Ден РодосПристигнување 08:00 · Испловување 18:00

Пристигнување во Родос во 08:00. Појадок. Импресивниот пејзаж на Родос беспрекорно ги спојува драматичните антички и историски локалитети со шармантните модерни ридски села. Тука ќе ја посетите величествената средновековна тврдина на Акрополот во Линдос, сместена на врвот на карпа над кристално чистото Егејско Море, и ќе ги истражите калдрмите и тесните премини во Стариот град, каде што ќе откриете раскошна архитектура со османлиско и италијанско влијание. Ручек. Поаѓање од Родос во 18:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Крит (Агиос Николаос).
5 денКрит (Агиос Николаос)Пристигнување 08:00 · Испловување 20:00

Пристигнување во Крит во 08:00. Појадок. Во Крит ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16-ти век на тврдината Кулес. Слободно време за посета на малите критски села или палатата на Кносос. Можност за резервација на некои факултативни екскурзии. Ручек. Поаѓање од Крит во 20:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини.
6 ден Санторини и МиконосСанторини 07:00 · Миконос 18:00 · Испловување 23:59

Пристигнување во Санторини во 07:00 часот. Појадок. Слободно време за уживање во убавините на овој магичен вулкански остров. По желба, можете да се пријавите за некоја од факултативните екскурзии и да ги откриете најпознатите места на Санторини — живописната Оја и Фира, препознатливите бели куќи со небесно сини куполи, спектакуларните погледи кон калдерата и уникатниот вулкански пејзаж на островот. Во 13:00 часот испловување од Санторини кон Миконос. Ручек на крузерот. Пристигнување во Миконос околу 18:00 часот. Време за прошетка низ шармантните тесни улички на Хора, откривање на познатите ветерници и уживање во прекрасното зајдисонце над островот. Вечерта продолжува со можност да ја почувствувате препознатливата космополитска атмосфера на Миконос, со бројните кафулиња, барови и ресторани, како и познатиот динамичен ноќен живот. Испловување од Миконос во 23:59 часот. Ноќевање и ноќно крстарење до Атина.
7 ден Атина — СкопјеПристигнување 07:00 · Поаѓање за Скопје

Пристигнување во Атина во 07:00 часот каде завршува ова преубаво крстарење. Појадок. Багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж. По појадокот одјавување од бродот и панорамски разглед на Атина, а по разгледот во попладневните часови поаѓање за Скопје.

Celestyal Journey
★★★★ Крузер  ·  Егејско Море
Поаѓање
24.10.2026 од Атина
Ноќевања на брод-5 ноќи
Пристаништа
Атина · Кушадаси · Родос · Крит · Санторини · Миконос
Храна
Полн пансион со безалкохолни пијалаци