Дубаи 27.12-03.01.2025

ноември 7, 2024

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација – една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

Плажите се песочни и со разновидни активности, а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.

Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.

За резервација до 22.1192.380 мкд (1490 евра)-Цена на аранжманот:  98.580 мкд (1590 евра)

                                                                                                                                                                                                                  8 дена/ 7 ноќи     

27.12.2024 (Петок)                           СКОПЈЕ – ТИРАНА – ДУБАИ

Состанок на групата на ул.Македонија, во центарот на Скопје спроти хотел Бристол во 03.00ч. Организиран трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Абу Даби во 12.55ч и слетување во 20.50ч. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

 

28.12.2024 (Сабота)                     

Појадок.

После појадокот во хотел, тргнуваме кон целодневен разглед на Дубаи. Разгледот го започнуваме со кратка посета/фото стоп на локацијата Bluewaters, едно од најпопуларните места во новиот дел на Дубаи. На оваа локација ќе имате можност да ги видите Ain Dubai, JBR, и музејот на восочни фигури Мадам Тисо.

Понатаму продолжуваме кон Marina The Walk, каде ќе ја видиме зградата Cayan или Infinity,повторно една од најпопуларните на оваа локација. Од овде се упатуваме до прекрасниот видиковец направен на палмата The Palm Jumeirah, The View At The Palm, каде од 52 спрат, ќе го видиме приватниот остров на Шеикот на Дубаи и останатие атракции кои се наоѓаат на оваа локација.

Понатаму, се возиме кон Souk Madinat, Jumeirah Madinat или  Малата Арапска Венеција каде ќе го видиме Burj Al Arab и имаме кратка пауза за кафе.

Од овде продолжуваме кон стариот дел на градот, каде ќе ги видиме пазарите за зачини, злато и текстил. На оваа локација ќе се возиме со традиционална абра преку стариот канал и ќе го видиме најголемиот златен прстен на светот направен од 24 каратно злато со огромен дијамант. По завршувањето на овој дел, турата ја заршуваме во Dubai Mall,  каде ќе ги видите: Dubai Fountain, Dubai Opera, Wings Of Mexico, Souk Al Bahar, и секако Burj Khalifa, како најголема атракција во Дубаи. По завршувањето на едно од претставите на вода во Дубајската фонтана, се враќаме назад во хотелот.Ноќевање.

 

29.12.2024 (Недела)                     АБУ ДАБИ

Појадок. Целодневен излет до Абу Даби во придружба на водич. Посета на стариот центар на градот, поминувајќи покрај хотелот „Emirates Palace“, зграда со седум ѕвезди. Посета на луксузната претседателска палата Каср ал Ватан (влезницата е вклучена во цената). Разглед на новите делови на градот, одење до островот Садијат каде во моментов се градат нови проекти како Louvre и музејот GuggenheimAbraham House,  и до островот Јас каде има тркачка патека Формула 1 и забавниот парк „Ферари Свет“. Разглед на џамијата Шеик Зајед, една од најголемите во светот. Ова уникатно архитектонско чудо е и мавзолеј бидејќи во него се наоѓа телото на таткото на нацијата Шеик Зајед. Слободно време. Враќање во Дубаи. Можете да ги набљудувате контрастите на старата и новата архитектура: Народната банка на Дубаи, Стопанската комора, куќата на Шеик Зајед… Враќање во хотелот.

Ноќевање.

 

 

30.12.2024 (Понеделник)             ДУБАИ

Појадок.

Слободно време за индивидуални активности или посета на највисоката зграда во светот Бурџ Калифа (индивидуално поаѓање и враќање).

Факултативна екскурзија до MIRACLE GARDEN И GLOBAL VILLAGE. Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. На оваа екскурзија ќе посетиме две значајни атракции на Дубаи, Miracle Gardens и Global Village.

 

Дали некогаш сте замислиле како изгледаат рајските градини…

Навистина, овде може да се види целата вештина на градинарот, целото богатство на владетелите на Дубаи, сета моќ, раскош, желба за разлика и екстраваганција. Среде пустина, на местото каде што порано имаше сув пустински песок, се појави оваа разновидност на бои и богатство на мириси… А сетилото за слух не треба да се занемари, има и саксофонист чија музика одекнува низ градината… Miracle Gardens е најголемата цветна градина во светот направена од природни цвеќиња. Овој парк има над 110 милиони видови цветови кои се распространети на 72.000 квадратни метри и обликувани во различни форми. Оваа градина започна со работа на 14 февруари 2013 година, на Денот на вљубените.

 

По посетата на Miracle Garden следува обиколка на  Global Village. Глобалното село е уште една од многуте популарни атракции во Дубаи, каде на едно место се изградени павиљони кои ја претставуваат секоја земја со нивните карактеристични знаменитости, храна, производи и културни специјалитети. Идејата на креаторите на Дубаи беше да ги соберат сите луѓе на едно место, да ги донесат сите убавини на светот во овој град. Зошто да одите во Ирак, Иран, Кина, африканските земји кога се што нудат е на едно место, така го создадоа Global village. Сите значајни земји во светот се претставени со некоја зграда. Таа претставува порта, во чии ѕидови се крие пазар каде што можете да најдете производи поврзани со дадената земја – национална облека, храна, зачини, чаеви.

Ноќевање.

 

31.12.2024 (Ворник)                       ДУБАИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Вечерта, дочек на Нова Година!

Ноќевање.

 

01.01.2025 (Среда)                          ДУБАИ 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности.

Попладне (15:00 ч.) поаѓање на ЏИП САФАРИ ВО ПУСТИНАТА. За време на оваа тура ќе ја видите убавината на бескрајната пустина и нејзините прекрасни дини. Започнува со авантуристичко возење низ златната пустина по големите песочни дини и завршува  уживање во зајдисонцето. Ќе бидете импресионирани од магичната вечер што ќе ја доживеете. Можете да јавате камила, да направите тетоважа со Хена или да пробате наргиле пред да се служи вечера во кампот. Традиционално забавата ќе ја комплетираат стомачни танчери. Ќе се возите со професионални возачи во затворени возила Land Cruiser.  Враќање во Дубаи околу 21:00 часот.

Ноќевање.

 

02.01.2025 (Четврток)                    ДУБАИ 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности.

Вечерта, крстарење по Дубаи Марина, најголемата во светот, со традиционална вечера. Уживајте во забавата и спектакуларниот поглед на градот. Ноќевање.

 

03.01.2025 (Петок)                           ДУБАИ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Абу Даби за Тирана полетува во 09.15ч и слетува во 12.20ч. Трансфер до Скопје.

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü  Автобуски превоз Скопје-Тирана-Скопје

ü  Авионски превозТирана – Абу Даби – Тирана со Визер

ü  Аеродромски такси

ü  Трансфер аеродром-хотел-аеродром

ü  Кабинска тоба со димензии 40х30х20cm до 10кг

ü  Сместување во “Novotel Dubai Al Barsha” 4* на база ноќевањa со појадок во Дубаи

https://all.accor.com/hotel/6535/index.en.shtml

ü  Локален водич за реализација на излетите

ü  Свечена новогодишна вечера во хотел

ü  Претставник од Агенција за време на патувањето

ü  Организација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Виза за Дубаи 95 евра

Ø  Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг, куфер до 20кг…

*( цената е променлива, инфо во агенција дена пред поаѓање)

Ø  Патничко – здравствено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба 39.000 мкд

Ø  Туристичка такса (се плаќа во хотелот)

Ø  Факултативни излети: Целодневен разглед на Дубаи со вклучена влезница The View At The Palm 55 евра, Пустинско сафари 65 евра, Екскурзија  до Абу Даби 80 евра, Крстарење по Дубаи марина 65 евра, Burj Khalifa 124 кат влезница 45 -50 евра, Miracle Garden 5евра…

 

Напомена:

–           Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

–           За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

–           Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош.

–           Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.

–           Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

–           Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

–           Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

–           Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

–           Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

mag