Белград 30.12.-02.01.2025

октомври 17, 2024
ПРВ ДЕН 30.12.2024 (понеделник)

Состанок со групата на паркингот наспроти театарот Војдан Чернодрински во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН 31.12.2024 (вторник)

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз за патниците кои што се имаат пријавено за новогодишен дочек на брод. За останатите патници индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани.Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 01.02.2025 (среда)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 02.01.2025 (четврток)

Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме кон пристаништето каде што има можност за факултативно крстарење со брод по Дунав или слободно време за прошетка покрај кејот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Дополнителни информации

Оваа Нова Година, повторно Ве водиме во градот кој никогаш не спие – БЕЛГРАД. Посетете го градот каде што се сретнаа Дунав и Сава, посетете ја црквата Свети Сава – најголемата православа црква на Балканот, тврдината Калемегдан како еден од најшармантните паркови во светот, Белград Waterfront, прошетајте по најпознатата улица Кнез Михајлова …..
Дочекајте ја Новата Година со крстарење по Сава и Дунав…
Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот.

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово

Цена по лице -169 еур

Што е вклучено во цената

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во избраниот хотел во Белград
Што не е вклучено во цената
  • Патничко осигурување 200 мкд
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 20 евра по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус.
  • Kрстарење со брод по Дунав 1 час –15 евра по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус
  • Новогодишен дочек на брод – 85 по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус
  • Влезници во културно/историски споменици

Факултативни излети

Крстарење по Дунав  Цена за пакет: 15е1 часовно крстарење по Дунав со разглед на голем дел знаменитости на кејот – минимум 30 лица

Нови Сад –Цена за пакет: 20е

  • Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот

НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА БРОД СО КРСТАРЕЊЕ ПО САВА И ДУНАВ

Цена за пакет: 85e

 

  • Неограничена конзумација во текот на целата ноќ од алкохолни и безалкохолни пијалоци
  • НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА (ладно топло бифе)
  • Музика во живо – Забавна и народна музика со познат бенд
  • 85€  по лице
  • Програма за дочекот:
    • 21:30 – 22:45 – Качување и сместување на бродот
    • 23:00 – 01:00 – КРСТАРЕЊЕ по Сава и Дунав
        • 01:00 – 03:00 – Продолжување со забавата
      • Линија на пловење:
        • Хотел Југославија (Пристаниште на бродот) – Големиот воен остров – Коњскиот остров – вливањето на Сава и Дунав – Калемегдан – Хала Бетон – Савско Пристаниште – Соборна Црква – Бранков Мост – Београд на води – Стариот Савски мост  – Газела – Стариот Железнички мост – Новиот Железнички мост – Београдски Саем – Мост на Ада – враќање кај хотелот Југославија на пристаништето на бродот.
        • * Линијата на пловење е подложна на измени зависно од хидрометеорошките услови
    • Важно

      • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
      • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
      • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
      • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
      • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
      • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
      • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
      • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
      • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
      • Двајца возрасни и дете до 12 години цена за аранжман 149 евра
      • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
      • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
      • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

      ОПШТИ НАПОМЕНИ:

      • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
      • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
      • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
      • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
      • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
      • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
      • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред  датумот на започнување на истиот
      • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
      • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
      • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
      • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
      • atlan