Групно крстарење со MSC Fantasia 5* Западен Медитеран

Групно крстарење со MSC Fantasia 5* Западен Медитеран

Термин: 27.04.2027-06.05.2027

• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •

 

Запловете со нас кон најубавите бисери на Медитеранот и доживејте незаборавно патување низ Барселона, Ибица, Сардинија, Рим, Ливорно и Кан. Уживајте во удобноста на вашиот хотел со 5 кој патува заедно со вас, додека секој ден ве носи во нова дестинација исполнета со историја, култура и медитерански шарм по цена од   1499€

  • Маршута за крстарење: Барселона → Ибица (Балеарски Острови) → Ден на море → Каљари (Сардинија) → Чивитавекија (Рим) → Ливорно (Фиренца/Пиза) → Кан (Азурен Брег) → Барселона.
  • Појдовна точка: Скопје
  • Крајна точка Скопје  
  • Брод: MSC Fantasia 5*
  • Датуми на поаѓање: 27.04.2027

Ден

Пристаниште

Пристигнување

Поаѓање

29.04.2027

Барселона (Шпанија)

21:00

30.04.2027

Ибица (Балеарски Острови), Шпанија

12:30

23:30

01.05.2027

Ден на море

02.05.2027

Каљари, Сардинија (Италија)

08:00

08:00

03.05.2027

Чивитавекија (Рим), Италија

08:00

19:00

04.05.2027

Ливорно (Фиренца/Пиза), Италија

08:00

18:00

05.05.2027

Кан (Азурен Брег), Франција

07:00

17:00

06.05.2027

Барселона (Шпанија)

09:00

ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ

27.04.2027

Скопје-Барселона

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром „Скопје“ е 3 часа пред полетувањето, односно во 16:00 часот, поради навремено пријавување за летот, предавање на багажот и завршување на аеродромските формалности.

Полетување за Барселона во 19:00 часот, со пристигнување во 21:50 часот.

По пристигнувањето и завршувањето на пасошките и багажните формалности, следува организиран трансфер до хотел 3, сместен во централното подрачје на Барселона. Сместување во хотелот и слободно време за индивидуални активности.

Ноќевање.

Услуга: Ноќевање со појадок.

28.04.2027

Барселона

Нашата прошетка започнува од срцето на градот – Ла Рамбла (La Rambla), најпознатата пешачка улица во Барселона, каде ќе ја почувствуваме вистинската атмосфера на градот. Ќе поминеме покрај Пазарот Ла Бокерија (Mercat de la Boqueria), еден од најпознатите пазари во Европа, а потоа продолжуваме кон Готската населба (Barri Gòtic) – историскиот дел на градот со тесни улички, старински плоштади и прекрасна архитектура.

Пешачењето продолжува кон Плоштад Каталуња (Plaça de Catalunya) и елегантната улица Passeig de Gràcia, каде ќе ги видиме познатите архитектонски дела на Антони Гауди – Casa Batlló и Casa Milà (La Pedrera).

Од тука продолжуваме кон најпознатата градба во Барселона – Саграда Фамилија (Sagrada Família), величественото дело на Гауди и симбол на градот.

Пристигнување кај Саграда Фамилија околу 13:00–13:30 часот. Слободно време за фотографии, индивидуално разгледување и пауза за ручек во прекрасната околина на базиликата.

Предлог за ручек: во близина се наоѓа Plaça de Gaudí, мало и пријатно паркче со прекрасен поглед кон Саграда Фамилија – идеално место за кафе, одмор или лесен ручек во околните ресторани и тапас барови.

Околу 14:45 часот, по желба и со доплата, можност за организирана посета на Парк Гуел (Park Güell) – уште едно ремек-дело на Гауди, познато по уникатната архитектура, шарените мозаици и прекрасните погледи кон Барселона.

По посетата на Парк Гуел, враќање и слободно време.

Услуга: Ноќевање со појадок.

29.04.2027

Барселона – качување на MSC Fantasia

По појадокот во хотелот, слободно време за индивидуални активности и последни моменти за уживање во Барселона.

Во 13:00 часот следува организиран трансфер од хотелот до пристаништето во Барселона.

По пристигнувањето на терминалот, следува пријавување за крстарењето, предавање на багажот и качување на бродот MSC Fantasia. По сместувањето во избраните кабини, време за одмор и запознавање со бродот и неговите содржини.

Вечерата и останатите оброци се на бродот според програмата за крстарење. Уживајте во рестораните, баровите, базените и богатата понуда на активности што ги нуди MSC Fantasia.

⛴️ Испловување од Барселона: 21:00 часот

Со испловувањето на MSC Fantasia започнува нашето медитеранско крстарење исполнето со нови дестинации, прекрасни глетки и незаборавни искуства.

Услуга: Полен пансион на бродот (појадок, ручек и вечера).

30.04.2027

Ибица (Балеарски Острови), Шпанија

Пристигнување: 12:30 часот
Испловување: 23:30 часот

По пристигнувањето на островот Ибица, започнуваме со организирана пешачка прошетка низ главниот град Ибица Таун (Eivissa) – едно од најубавите места на Балеарските Острови, познато по својата историја, шармантните улички и медитеранската атмосфера.

Пешачка прошетка низ Ибица Таун (околу 4 часа)

Нашата прошетка започнува од пристанишниот дел, од каде се упатуваме кон старата градска населба Dalt Vila, историското срце на Ибица и дел од светското наследство на UNESCO. Ќе ги истражиме старите камени улички, градските ѕидини и најубавите видиковци со поглед кон пристаништето и морето.

Во продолжение ќе ги посетиме:

  • Катедралата Santa Maria d’Eivissa – најпознатата градба во стариот град;
  • Dalt Vila и старите градски ѕидини – идеални места за фотографии;
  • Mirador de Dalt Vila – панорамска точка со прекрасен поглед;
  • La Marina – шармантниот крајбрежен дел со кафулиња, ресторани и продавници.

По завршување на прошетката, околу 19:00 часот, враќање кон бродот за вечера и одмор. Можност за уживање во вечерната атмосфера на MSC Fantasia, коктел во некој од баровите на бродот или релаксација пред продолжување на крстарењето.

⛴️ Испловување од Ибица: 23:30 часот

Со вечерното испловување продолжува нашето медитеранско патување кон следната дестинација.

Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.

01.05.2027

Ден на море

Ден посветен на уживање и релаксација на бродот MSC Fantasia.

Појадок, ручек и вечера на бродот, со можност слободно да ги користите сите содржини што ги нуди крстаречкиот брод.

Уживајте во базените, сончевите палуби, баровите, рестораните, фитнес центарот, SPA зоната или едноставно опуштете се со поглед кон бескрајното море.

Во текот на денот, на бродот има организирана програма со различни активности, забава, музика во живо и вечерни шоуа.

Совршен ден за одмор, дружење со групата и уживање во атмосферата на едно вистинско крстарење.

Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.

02.05.2027

Каљари, Сардинија (Италија)

Пристигнување: 08:00 часот
Испловување: 17:00 часот

По појадокот на бродот, започнуваме со разгледување на Каљари, главниот град на островот Сардинија, познат по својата богата историја, медитеранскиот шарм и прекрасните панорамски погледи.

Пешачка прошетка низ Каљари (околу 3,5 часа)

Од пристаништето се упатуваме кон историскиот дел на градот – Castello, најстарата населба во Каљари, сместена на ридот над градот.

Во текот на прошетката ќе ги посетиме:

  • Bastione di Saint Remy – една од најубавите панорамски точки со поглед кон градот и морето;
  • Катедралата Santa Maria – главната катедрала и симбол на историскиот центар;
  • Piazza Palazzo и старите градски улици;
  • Римскиот амфитеатар – значајно сведоштво од античкиот период.

По прошетката, слободно време за кафе, краток одмор или индивидуално уживање во атмосферата на градот.

Враќање на бродот пред испловување.

⛴️ Испловување од Каљари: 17:00 часот

Продолжуваме со нашето медитеранско крстарење кон следната дестинација.

Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.

03.05.2027

Чивитавекија (Рим), Италија

Пристигнување: 08:00 часот
Испловување: 19:00 часот

По појадокот на бродот, пристигнуваме во Чивитавекија, пристанишниот град кој е главна влезна точка за посета на вечниот град – Рим.

Пешачка прошетка низ Чивитавекија (околу 2,5 часа)

За гостите кои сакаат полесен ден, предлагаме прошетка низ ова шармантно приморско градче. Ќе ја почувствуваме локалната атмосфера, ќе прошетаме покрај крајбрежјето и ќе ги видиме најзначајните места во градот:

  • Форт Микеланџело (Forte Michelangelo) – симболот на Чивитавекија и историска тврдина покрај морето;
  • Пристанишниот дел и шеталиштето – идеално место за уживање покрај Средоземното Море;
  • Историскиот центар на градот со локални улици и плоштади;
  • можност за кафе и краток одмор во пријатна медитеранска атмосфера.

За гостите кои сакаат да го посетат најпознатиот град во Италија, по желба и со доплата, организирана факултативна екскурзија до Рим (околу 6–7 часа).

Во рамки на екскурзијата можност за посета на најпознатите знаменитости на Рим:

  • Колосеумот (надворешно разгледување);
  • Римскиот форум;
  • Плоштад Венеција;
  • Фонтана ди Треви;
  • Пантеон (надворешно разгледување);
  • Пјаца Навона;
  • Шпанските скали;
  • слободно време за фотографии и уживање во атмосферата на Рим.

По завршување на разгледувањето, враќање кон Чивитавекија и качување на бродот пред испловување.

⛴️ Испловување од Чивитавекија: 19:00 часот

Продолжуваме со нашето крстарење низ Медитеранот кон следната дестинација.

Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.

04.05.2027

Ливорно (Фиренца / Пиза), Италија

Пристигнување: 08:00 часот
Испловување: 18:00 часот

По појадокот на бродот, пристигнуваме во Ливорно, пристанишниот град во Тоскана и идеална почетна точка за откривање на едни од најубавите италијански градови.

Опција 1: Пешачка прошетка низ Ливорно (околу 3 часа)

За гостите кои сакаат полесно и порелаксирано утро, предлагаме прошетка низ Ливорно, град познат по своите канали, медитеранска атмосфера и приморски шарм.

Ќе ги посетиме:

  • Terrazza Mascagni – најпознатото шеталиште со прекрасен поглед кон морето;
  • Quartiere Venezia (Малата Венеција на Ливорно) – шармантен дел со канали и мостови;
  • Fortezza Vecchia – старата тврдина и симбол на градот;
  • централните плоштади и улици со можност за кафе и уживање во локалната атмосфера.

Опција 2: Факултативна екскурзија со доплата – Фиренца (околу 5–6 часа)

За оние кои сакаат да го откријат срцето на Тоскана, предлагаме организирана посета на Фиренца, еден од најубавите градови во Италија и колевка на ренесансата.

Во рамки на екскурзијата ќе ги видиме:

  • Катедралата Santa Maria del Fiore (Duomo);
  • Плоштадот Piazza della Signoria;
  • Palazzo Vecchio;
  • Ponte Vecchio – најпознатиот мост во Фиренца;
  • историскиот центар со прекрасни улици и плоштади.

Слободно време за фотографии, кафе и уживање во атмосферата на градот.

По завршување на разгледувањето, враќање во Ливорно и качување на бродот пред испловување.

⛴️ Испловување од Ливорно: 18:00 часот

Продолжуваме со нашето медитеранско крстарење кон следната дестинација.

Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.

05.05.2027

Кан (Азурен Брег), Франција

Пристигнување: 07:00 часот
Испловување: 17:00 часот

По појадокот на бродот, пристигнуваме во Кан, еден од најпознатите и најелегантни градови на францускиот Азурен Брег, познат по филмскиот фестивал, луксузните хотели, прекрасните плажи и неповторливата медитеранска атмосфера.

Опција 1: Пешачка прошетка низ Кан (околу 3 часа)

За гостите кои сакаат да го запознаат градот пеш, предлагаме прошетка низ најубавите и најпознати делови на Кан.

Ќе ги посетиме:

  • La Croisette – прочуената крајбрежна улица со палми, елегантни хотели и прекрасен поглед кон морето;
  • Palais des Festivals – местото каде се одржува светски познатиот Филмски фестивал во Кан;
  • Le Suquet – стариот дел на градот со шармантни тесни улички, историски градби и панорамски поглед;
  • Vieux Port – старото пристаниште, идеално место за фотографии и уживање во атмосферата на Азурниот Брег.

По прошетката, слободно време за кафе, индивидуално разгледување или уживање покрај морето.

Опција 2: Факултативна полудневна екскурзија со доплата – Монако и Монте Карло (околу 4–5 часа)

За гостите кои сакаат дополнително да го откријат еден од најпрестижните делови на Азурниот Брег, постои можност за организирана полудневна екскурзија до Монако и Монте Карло.

Во рамки на екскурзијата ќе ги посетиме:

  • Кнежевството Монако – една од најмалите и најпознати држави во светот;
  • Le Rocher (Стариот град на Монако) со прекрасни погледи кон брегот;
  • Кнежевската палата;
  • Катедралата во Монако;
  • Монте Карло – симбол на луксузот, познатото казино и елегантните улици.

Екскурзијата е со доплата, а точната цена и деталите ќе бидат објавени дополнително.

По завршување на избраната активност, враќање во Кан и качување на бродот пред испловување.

⛴️ Испловување од Кан: 17:00 часот

Продолжуваме со нашето медитеранско крстарење кон Барселона.

Услуга: Полна пансионска услуга на бродот

06.05.2027

Барселона – Скопје

По појадокот на бродот, следува напуштање на кабините и подготовка за искрцување од MSC Fantasia.

По завршување на процедурата за симнување од бродот, околу 11:00–12:00 часот, следува организиран трансфер до аеродромот во Барселона.

До вечерниот лет, гостите ќе имаат слободно време. По пристигнувањето на аеродромот, можност за оставање на багажот во сервис за чување куфери и слободно користење на времето пред летот.

Предлог за слободно време пред летот:

Gran Via 2 Shopping Centre (околу 10–15 минути со такси од аеродромот) – голем и модерен трговски центар во близина на аеродромот, со бројни продавници, кафулиња и ресторани. Одлична опција за краток одмор, кафе, шопинг или релаксација пред вечерниот лет.

Потоа навремено враќање на аеродромот за летот.

Полетување за Скопје во 22:35 часот.

Пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 01:20 часот (+1 ден).

Со пристигнувањето завршува нашето незаборавно групно крстарење со MSC Fantasia низ најубавите дестинации на Медитеранот.

Крај на патувањето.

ПАКЕТНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ

Рана резервација – Early Booking
Цените важат за резервации направени до 30.08.2026 година.

По истекот на рокот за рана резервација, пакетите ќе се продаваат по редовни цени.

  • Деца до 17г, во кабина со двајца возрасни  899€ 999€
  • Доплата за 3/4 лице во кабина со 2 возрасни -1199€ 1299€
  • *Цените на крстарењето се загарантирани и потврдени од нашиот тим.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✈️ Повратен авионски билет на релација Скопје – Барселона – Скопје со вклучени аеродромски такси (директен лет) и вклучен рачен багаж до 10 kg (1 парче по лице) согласно условите на авиокомпанијата.

🚐 Сите трансфери аеродром – пристаниште – хотел – аеродром.

🛳️ 7-дневно крстарење со MSC Fantasia 5 – сместување во избрана категорија на кабина, полен пансион (појадок, ручек и вечера), пристанишни такси, задолжителни бродски трошоци, користење на бродските содржини (базени, фитнес, дневни активности, шоу програми и забава), како и секојдневно одржување на кабината.

🥤 Пијалаци: Во основната тарифа не е вклучен пакет за пијалаци. Бесплатно се достапни вода, кафе и чај од апарати во buffet ресторанот, додека останатите пијалаци (флаширана вода, безалкохолни пијалаци, пиво, вино, коктели и сл.) се доплаќаат.

🏛️ Прошетки и разгледи во пристаништата – туристичкиот претставник ќе подготви агенда и ќе ги придружува патниците низ дестинациите, водејќи ги од точка до точка, со цел гостите без грижа да ги посетат најинтересните места без самостојно планирање на рути, превоз и организација.

🏨 Ноќевање со појадок во хотел 3 во Барселона

👩💼 Туристички претставник на македонски јазик за време на целото патување и крстарењето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

🧳 Багаж согласно тарифата на авиокомпанијата (Wizz Air) – дополнителен багаж се доплаќа по желба.

🍽️ Премиум и гурмански ресторани на бродот (Specialty Dining).

🍹 Алкохолни и премиум пијалаци (со можност за дополнителен MSC Drink Package).

📶 WiFi интернет пакети на бродот.

💆 SPA третмани и Wellness услуги.

🚌 Официјални MSC Shore Excursions (екскурзии од бродот) – организирани тури со локален водич, професионален превоз и детални историски и туристички објаснувања; се резервираат и плаќаат дополнително по желба.

🚇 Локален превоз за време на прошетките според програмата (метро, такси, воз или друг јавен превоз доколку е потребен).

🧾 Туристички такси во хотелот (се плаќа директно на рецепција согласно локалните правила).

🧺 Лична потрошувачка: дополнителни пијалаци, перална, фризерски услуги, телефонски повици, интернет, третмани за здравје и убавина и други лични услуги.

🩺 Патничко здравствено осигурување.

🛂 Трошоци за виза, доколку е потребна.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПЦИИ НА MSC FANTASIA 5 (со доплата)

🍹 ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ – MSC ALL INCLUSIVE ПАКЕТИ (со доплата)

🍺 EASY PACKAGE – 331N9

Уживајте во избор на пијалаци во текот на целото крстарење:

Кафе, чај и топли напитоци
Безалкохолни пијалаци и сокови
Минерална и газирана вода
Одбрани брендови на пиво
Домашно вино и пенливо вино на чаша
Класични коктели и мешани пијалаци со домашни жестоки пијалаци
Безалкохолни коктели, вина и пива
До 15 алкохолни пијалаци дневно

💶 Доплата: 280 € по возрасно лице
👧 Деца: 0 €

Не важи во специјализирани ресторани и на приватни острови.

 

🥂 PREMIUM EXTRA PACKAGE – 332N9

Премиум избор на пијалаци низ целиот брод:

Специјални кафиња, чаеви и топли напитоци
Безалкохолни и енергетски пијалаци
Свежи сокови, смути и протеински шејкови
Минерална и газирана вода
Безалкохолно пиво, вина и коктели
Богат избор на пива (точени и флаширани)
Премиум вина и пенливи вина на чаша
Премиум жестоки пијалаци и ликери
Коктели со премиум брендови
До 15 алкохолни пијалаци дневно

💶 Доплата: 469 € по возрасно лице
👧 Деца: 0 €

 

📶 ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ – MSC INTERNET ПАКЕТИ (со доплата)

🌐 Browse & Stream – 2 Devices

Интернет за 2 уреди
WhatsApp, е-пошта, социјални мрежи, видео повици, музика и видеа
💶 Доплата: 190,26 € по лице

🌐 Browse – 3 Devices

Интернет за 3 уреди
Пребарување интернет, е-пошта и апликации за пораки
💶 Доплата: 196,14 € по лице

🌐 Browse – 4 Devices

Интернет за 4 уреди
Неограничен пристап во текот на целото крстарење
💶 Доплата: 237,79 € по лице

🌐 Browse & Stream – 3 Devices

Интернет за 3 уреди
Видео повици, стриминг музика и видеа, социјални мрежи
💶 Доплата: 267,54 € по лице

🌐 Browse & Stream – 4 Devices

Интернет за 4 уреди
Целосен интернет пристап со стриминг можности
💶 Доплата: 332,99 € по лице

📌 Сите дополнителни пакети се опционални и се додаваат дополнително на основната цена на крстарењето, согласно желбата на патниците.

🚌 MSC Shore Excursions (екскурзии на копно) – од околу 50–150 € по лице
Организирани тури со локален водич, превоз и детални објаснувања за историјата и знаменитостите.

💆 MSC Aurea Spa & Wellness – од околу 50 € па нагоре
Масажи, третмани за убавина, релаксација и wellness услуги.

🍽️ Specialty Dining (премиум ресторани) – од околу 30–60 € по лице
Специјализирани ресторани со дополнителна понуда и гурманско мени.

📱 MSC for Me апликација – бесплатна апликација за следење на дневната програма, активности, ресторани, мапа на бродот и сите важни информации.

📌 Цените се ориентациони и зависат од актуелната понуда на MSC Cruises, периодот на патување и достапноста. Сите услуги се резервираат по желба и се плаќаат дополнително.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

💳 При потврда на резервацијата:
• Уплата на депозит од 100 € по лице за потврда на резервацијата.

💳 Распоред на дополнителни уплати:

До 27.01.2027 (90 дена пред поаѓање)
➡️ Потребно е да биде уплатено вкупно 30% од цената на аранжманот по лице.

До 26.02.2027 (60 дена пред поаѓање)
➡️ Потребно е да биде уплатено вкупно 50% од цената на аранжманот по лице.

До 28.03.2027 (30 дена пред поаѓање)
➡️ Потребно е да биде уплатено вкупно 100% од цената на аранжманот по лице.

УСЛОВИ ОТКАЖУВАЊЕ:

• Повеќе од 90 дена пред поаѓање – се задржува/се губи депозитот од 100 € по лице.

• 89 до 60 дена пред поаѓање – 30% од вкупната цена на аранжманот.

• 59 до 30 дена пред поаѓање – 50% од вкупната цена на аранжманот.

• 29 и помалку дена пред поаѓање – 100% од вкупната цена на аранжманот.

БЕЛЕШКИ:

• Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со прописите на MSC CRUISE.

• Сопственикот на бродот го задржува правото да ја промени програмата за крстарење и други промени поради непредвидени меѓународни околности прописи за пловидба и превоз на патници по морски пат.

• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени програмата за патување во случај на непредвидени околности.

• КОУЗОН ТРАВЕЛ  не сноси одговорност за неточни пасоши или за немање потребни визи за ова патување, како и одговорност доколку дипломатското конзуларно претставништво одбие да издаде виза или ако имиграција

одделот на странската држава на учесникот на патувањето не му дозволува влез во земјата.

• За ова патување, пасошот мора да има важност уште најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.

• Туристичка агенција  работи во согласност со правилата и прописите на Европската Унија и компанијата MSC CRUISE.. Обврска на агенцијата и на патниците е да ги почитуваат сите валидни и потенцијални нови услови за патување . Туристичката агенција ќе ги информира патниците за актуелната регулатива, како и за сите измени обезбедени од MSC CRUISE.доколку ги има.

• Задолжителна е полиса за патничко здравствено осигурување што покрива Ковид-19

ETIAS – Европска пред-патничка дозвола:

  • Од крајот на 2026, граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и уште 50+ земји (вкл. САД, Канада, Јапонија, Австралија…) ќе им треба ETIAS за влез во Шенген-зоната (29 земји, вкл. Франција, Италија, Шпанија, Германија).
  • ETIAS важи за краткорочен престој до 90 дена, важност 3 години, цена 20 €; аплицирање исклучиво онлајн: europa.eu/etias
  • ⚠️ Без ETIAS – нема поаѓање! Патниците без оваа дозвола ќе бидат вратени уште на аеродромот.
  • Важно: Агенцијата не презема одговорност доколку патникот не поседува ETIAS.

 Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари