САНКТ ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА 02.10.2026 – 10.10.2026

февруари 10, 2026

САНКТ ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА

02.10.2026 10.10.2026 | 7 ноќи – 9 дена | лет од Скопје

Авионска програма

 

 

Авионски лет:   Turkish Airlines (Скопје – Истанбул – Ст Петербург | Москва – Истанбул – Скопје)
Поаѓање: 02.10.2026 во 08:45ч. (Скопје)
Пристигнување: 03.10.2026 во 00:10ч (Ст Петербург)
Сместување: 4BB во хотел со 4* во Санкт Петербург | 3BB во хотел со 4* во  Москва
Услуга: 7 ноќевања со појадок
Друго вклучено: Багаж + трансфери + панорамски разгледи на 2та града + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 10.10.2026 во 07:55ч.

 

ЦАРСКА РУСИЈА

Моќна, мистична и бескрајна

Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеи – секој агол открива ново лице на оваа огромна земја. Октомври е особено убаво време да се почувствува рускиот дух – кога православните храмови блескаат во светлина, а градовите живеат во есенски ритам.

Санкт Петербург – со својата елеганција, романтика и уметничка душа, и Москва – со својата строга величенственост и динамичност; и, ќе ве поведат на патување низ царската историјата, уметноста и верата. Патување што се памети цел живот.

–  –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   –   

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1 ден:  02.10.2026 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – САНКТ  ПЕТЕРБУРГ

Состанок на групата два часа пред поаѓање на аеродромот ТАВ Скопје, во 06:45 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines  за Истанбул во 08:45 часот (TK1004). Пристигнувањето на аеродромот во Истанбул во 11:20 часот. Лет за Sankt Petersburg во 20:30 (TK403). Пристигнување во 00:10 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

2 ден:  03.10.2026 САНКТ  ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж; Крстарење по Нева)

Појадок. Панорамско разгледување на градот: Невски Проспект, Казанскиот Парламент, Кралскиот  плоштад, Адмиралитетот, Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската  катедрала, Бронзениот коњаник … (без да се влезе во објектите). Факултативен разглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петтропавловската Црква, каде се погребани сите руски императори (почнувајќи од Петар I), Историскиот музеј на Санкт Петербург, како и прочуените зандани. Слободно време.  Ноќевање.

 

3 ден: 04.10.2026 САНКТ  ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж; Крстарење по Нева)

Појадок. Факултативна програма: Ермитаж, разглед на еден од најголемите музеи во светот, во зградата на Зимскиот дворец, со над 3 милиони експонати, со ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Пикасо. Слободно време. Факултативен излет – Крстрење по реката Нева, со специјални бродови, прилагодени за минување низ каналите и ниските мостови, поради кои овој град го доби името Северна Венеција. Поглед кон знаменитостите на градот и неговата архитектура од легендарната река Нева, кое преставува големо доживување и ќе остане засекогаш врежано во вашите сеќавања. Слободно време. Ноќевање..

4 ден: 05.10.2026 САНКТ  ПЕТЕРБУРГ (Пушкин – Царско Село; Петерхоф)

Појадок. Факултативна програма: Екскурзија до Петерхоф – Рускиот Версај, царската летна резиденција на Петар Велики. Разглед  на  Горниот и Долниот Парк и познатата фонтана со 250 позлатени скулптури. Разгледот  вклучува прошетка по парковите, со прекрасен поглед кон Заливот на Финска, Санкт Петербург и Кронштат. Факултативна програма до Пушкин – Царското Село – летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметнички предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300-годишнината од основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата  Килибарска сала, која  го врати  некогашниот сјај на дворецот на Екатерина. Слободно време. Ноќевање.

 

5 ден: 06.10.2026 САНКТ  ПЕТЕРБУРГ – МОСКВА Град на Империјата (Московското метро)

Појадок. Трансфер до железничка станица. Патување за Москва околу 09.00 часот со современ воз Сапсан. Патувањето трае 3 часа и 50 минути. Панорамско разгледување на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот  Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот „Ломоносов“,  Паркот на победата  и други (без влегување во објектите). Трансфер до хотелот.  Сместување. Слободно време. Факултативна програма: Посета на Московското метро во вечерните часови, од најубавите метро станици, 44 имаат статус на  културно наследство. Наликуваат на музеи (мозаици, скулптури, мермерни столбови и портрети на  националните херои). Ноќевање.   

 

6 ден:  07.10.2026 МОСКВА (Кремљ, Палата на оружјето и  Бородинската  битка)

Појадок. Факултативна програма: Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, Цар-ѕвоното и Цар-топот, како и Палатата на Оружјето – ризницата на царска Русија. Огромните историски и уметнички богатства на Московскиот Кремљ се собрани во една збирка, од која настанал Музејот Палатата на Оружјето, кој е под заштита на УНЕСКО. Факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската  битка – посветен на војната  Наполеон  во 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамаата,кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Слободно време. Ноќевање.

7 ден: 08.10.2026 МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)

Појадок. Факултативна програма: Сергиев  пасад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј. Попладне слободно време за одмор и индивидуални активности. Факултативна програма: Вечерен разглед на Москва по река – пловење со ексклузивниот брод – ресторан Radisson. Ноќевање .                                                    .

 

8 ден / 9 ден: 09.10.2026/10.10.2026              МОСКВА – ИСТАНБУЛ СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време. (Постои можност за користење на собата до трансферот, со доплата). Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines во 01:15 часот (10.10.2026) (TK410). Слетување во Истанбул во 05:25 часот. Лет за Скопје во 07:25 часот (TK1003). Пристигнување во Скопје во 07:55 часот.

 

САНКТ ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА   
Октомври 2026

Хотели 4****

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 02.10.2026 – 10.10.2026
УСЛУГИ   Ноќевање со појадок
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 7 Ноќи / 8 Дена
 Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1.395 € / 86.490 мкд
 EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 31.03.2026 1.295 € / 80.290 мкд
 Доплата за еднокреветна соба 200 € / 13.020 мкд
 Попуст за дете од 02-11,99 години -100 € / 6.200 мкд
 Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Леглото за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните.

Доплата за користење на собата последиот ден, до трансферот во 21.00 часот :

За двокреветна соба – 70 еур (за соба)

За еднокреветна соба – 50 еур

Се доплаќа при уплата на аранжманот (на лице место не можеме да гарантираме дека ќе има слободни соби).

 

Во цената е вклучено: 

  • Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Санкт Петербург и Москва – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
  • Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
  • Воз Сапсан од Ст. Петербург до Москва (окулу 4 часа).
  • 4 ноќевања со појадок во хотел 4* во Санкт Петербург.
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Москва.
  • Трансфери според програмата.
  • Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
  • Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
  • Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот.

 

Во цената не е вклучено: 

  • Патничко здравствено осигурување.
  • Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
  • Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (со водич, превоз и влезници вклучени):

    Москва
    • Кремљ (и 2 православни цркви)*** 50еур
    • Сергиев Имот 55еур
    • Прошетка низ Московско Метро 10еур
    • Бородинска Битка 40еур
    • Крстарење по реката Москва 50еур
    • Палатата на оружјето 55еур
    Ст. Петербург
    • Ермитаж 50еур
    • Пушкин (Царското село) *** 65еур
    • Петерхоф, Горен и Долен парк 55еур
    • Петропавловска Тврдина 40еур
    • Пловење по реката Нева 40еур

    *** За реализација на Пушкин (Царско село) и Кремљ е потребно пријавување и плаќање со правење на резервацијата во агенција.
    *** За пријавување и уплата на сите факултативни екскурзии однапред во агенција – 10 % ПОПУСТ (вкупна цена 460еур)

    ОПИСИ НА ХОТЕЛИТЕ:
    Санкт Петербург, Cosmos Pulkovskaya 4*
    Се наоѓа на Московскиот проспект и има одлична метро-врска со центарот на градот. Во рамките на хотелот има ресторани: пивница со сопствена мини-пивара од познатиот бренд Paulaner и жива музика, како и јапонски ресторан со голем избор на специјалитети. Хотелот располага со целосно опремен фитнес-центар, базен, сауни и масажни третмани.
    Москвa, Delta4*
    Хотелот Делта се наоѓа во хотелскиот комплекс Измајлово. Метро-станицата е оддалечена околу 100 метри од хотелот, а до строгиот центар и Црвениот плоштад се стигнува за само 25-30 минути, што е од големо значење за ефикасно искористување на слободното време. Во рамките на комплексот се наоѓа сè што им е потребно на туристите и гостите на градот – евтини ресторани за брза храна, трговски центар, како и голем пазар на сувенири. Хотелот е целосно реновиран. Појадок – шведска маса.

    ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:
    • Организатор на ова патување е Aурора Турс.
    • За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
    • За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.
    • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
    • Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.

Aur