Боготувачка Бања – Велигден
Bogutovac
Спој на убавото и корисното! ✨
Сместена на падините на планината Троглав, Богутовачка Бања е вистинска оаза на мир и здравје. Со својата надморска височина од 530 метри и заштитена од околните планински венци, климата овде е умерена и секогаш пријатна. Чистата природа и лековитите својства на водите ја прават оваа бања идеална за одмор и рехабилитација.
💧 Лековити минерални води:
Богати со магнезиум, калциум и железо, овие води со температура од 25-27°C се совршени за пиење и капење, овозможувајќи природна терапија за телото и нервите.
🌟 Што ја прави уникатна?
Чист воздух и спокојна природа
“Патека на здравјето” за релаксација и рекреација
Позната како “Неуро Спа” – совршена за стабилизација на нервниот систем
✨ Уживајте во:
Романтични викенди за парови во идилична атмосфера
Пешачење покрај реките Ибар и Лопатница
Релаксација во чиста природа и прекрасни планински пејзажи
Богутовачка Бања – Ваша следна дестинација за здравје, мир и природна убавина! 🌿
Програма на патување:
1.Ден 18.04.2025 (Петок) СКОПЈЕ – БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.00 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 05.30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 19.04.2025 (Сабота) БОГУТОВАЧКА БАЊА – КРАЉЕВО – БОГУТОВАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот со придружник (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црка Света Тројица, Храм Свети Сава…) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Ручек. Слободно време за релаксација и уживање во базените. Вечера. Ноќевање
3.Ден 20.04.2025(Недела) БОГУТОВАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА – БОГУТОВАЧКА БАЊА
Појадок. По појадокот одиме организирано во посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на вклучени во цената. Ноќевање
4.Ден 21.04.2025(Понеделник) БОГУТОВАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена за пријави до 21.03.2025 – 169€/10.478ден
Редовна цена на аранжманот 189€/11.718 ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел Минерал 3* во двокреветни соби на база 3 ноќевања
– Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
– Користење на базенот со лековита вода
– Користење на рекреативниот базен со температура на водата до 28 степени, може да се користи во текот на целиот ден ( поврзан е со хотелот )
– Посета и разглед Манастирот Жича
– Туристичка такса
– Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
-факултативна посета на Краљево – 10€ (доплата на лице место)
Попусти и опционални доплати:
– Дете до 4 год. во придружба на 2 возрасни (дели легло) бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
– Дете 4-10 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 115€/ 7.130ден (на барање)
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба 70€/4.340ден (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник
Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.