ПАРИЗ -ВЕРСАЈ ДИЗНИЛЕНД 17.04.2025 – 22.04.2025

јануари 24, 2025

ПАРИЗ -ВЕРСАЈ ДИЗНИЛЕНД

Велигден17.04.2025 22.04.2025

 

ПАРИЗ -ВЕРСАЈ ДИЗНИЛЕНД

Велигден17.04.2025 22.04.2025

799
49.538 мкд

ПАРИЗ 6 ДЕНА / 5 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ 

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

1 ден – 17.04,2025 (Четврток)

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:25 ч од Скопје. Слетување во Париз во 11:05 ч. Организиран трансфер со автобус  до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејски полиња, Триумфална капија, Конкорд, црквата Мадлена, опера Гарние, Вандом, Лувр, Орсеј, Нотр Дам, Латински кварт, Инвалиди, Воена Школа, Ајфелова кула, мостот Александар III. Сместување во хотел. Слободно време за ручек и одмор. Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските полиња, Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

2 ден – 18.04.2025 (Петок)

Појадок. Организирана прошетка до Лувр (со метро). Од Конкорд преку паркот Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр. Слободно време за влез во Лувр со претходно резервирани влезници. Посетата трае 2 часа. Слободно време за ручек. Заедничка организирана прошетка и посета од надвор на Операта Гарние, влез во галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар. Прошетката продолжува пешки до плоштадот Вандом и хотелот Риц. Прошетка и слободно време за сликање на плоштадот Конкорд. Враќање во хотел со метро. Организирана  прошетки по Елисејските полиња со можност за посета и влез Триумфалата капија (факултативно) од каде погледот на дванаесетте авении е најубав.Слободно време за заедничка вечера (факултативно ). Ноќевање.

3 ден – 19,04,2025 (Сабота)

Појадок. Во 08.00 часот поаѓање за Версај (факултативно). Посета

и влез во дворецот. Слободно време за прошетка по парковите. Враќање во Париз и факултативна посета на латинскиот кварт, посета на Богородичната црква. Слободно време за ручек во познатиот кварт. Попладневна Факултативно посета на квартот на уметниците Мон Мартр (со метро). Слободно време и прошетка , посета на црквата Свето Срце. Посетата продолжува со прошетка  по познатата улица Пигал  и слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден – 20,04,2025 (Недела)

Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк Дизниленд. Се патува со брз воз, влезниците се купуваат преку интернет. За оние кои остануваат во Париз има организирана прошетка до квартот Маре, Општината, Бастиља, центарот Помпиду. За љубителите на кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање.

5 ден – 21,04,2025 (Понеделник)

Појадок. Крстарење со брод по Сена (факултативно). Посета на Луксембуршките градини и Сорбона. Слободно време за ручек. Можност за посета на Музејот Орсеј или катедралата Sainte Shapelle и Conciergery  (факултативно).Организирана прошетка до Ајфеловата Кула и слободно време за посета на истата. Слободно време за вечера во некој од рестораните на Трокадеро (факултативно). Враќање во хотел со метро.  Ноќевање.

6 ден – 22,04,2025 (Вторник)

Појадок. Багажот се остава на рецепција. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг. Посета на La Defence ( на 10 мин.пешки од хотелот) . Слободно време за ручек. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 14:30 часот. Полетување за Загреб во 18:30 часот, слетување во 20.20 ч. Полетување за Скопје во 22.15 ч, слетување во 23.40 часот.

 

 

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

·          Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со Croatia Airlines

·          Аеродромски такси

·          Бесплатен багаж 20 кг

·          5 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence  или сличен

·          Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно

·          Организиран панорамски разглед на градот со автобус

·          Организирани пешачки разгледувања  на градот со пратител на група: Ла Дефанс, Елисејски Полиња, Триумфална Капија, плоштад Конкорд, Елисејска Палата, Мала и Голема Палата, музеј Лувр однадвор и паркот Тујлери, музејот Орсеј однадвор, плоштад Вандом, операта Гарние, галерија Лафајет, Фрагонард музејот (со влез),  Ајфеловата Кула, Дом На Инвалиди, Трокадеро…

·          Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

·          Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€ карнет )

·          Влезница за Ајфелова Кула (до 2-риот кат 22.60€, до врвот 28.30€)

·          Посета на Лувр 22€ влезница (клиентите може сами да реервираат билет преку интернет или во музејот при влез)

·          Посета на Версај – 85€ (влезница + водич), за лица до 18 год.  45€ (се патува со автобус од хотел), не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 11€

·          Влезница за брод по Сена 25€ (се патува со метро)

·          Посета на Операта Гарние 15€, музејот Орсеј околу 16€

·          Посета на Мулен Руж со претстава (цена од 100-150€ со пијалок ½ шампањ), Крејзи Хорс ( 80-100 €)

·          Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (од 105 € возрасен, дете до 12 год. 98 €, но, цената е променлива). Цена на RER 10 € повратна карта

·          Вечера или ручек во ресторан од 20 € без пијалок

·          Задолжително здравствено и патничко осигурување 180 мкд.

·          Разглед на латинскиот кварт и Нотр Дам однадвор, Сорбона, Пантеон, Луксембуршки градини, Мон Мартр и Пигал, Мулен Руж 15 еур од лице

·          Туристичка такса 6 по лице на ден  – се плаќа кај претставникот на групата

Општи услови: Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62  ден);

  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување, и е потребен минимум од 20 патници
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • Цените и редоследот на екскурзиите кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
  • фиб