Цена –
178 EUR |
(30.12.2024 ) | Скопје / Струмица – Лутраки
Тргнување од Скопје/Струмица во раните утрински часови,.Патување кон граничниот премин со Грција каде што после царинските формалности се упатуваме кон Солун.Слободна прошетка и шопинг во ИКЕА/КОСМОС. Продолжуваме понатау кон Лутраки. Пристигнување во Лутраки и сместување во апартмани (A категорија), кои се опремени со парно греење, сопствено купатило,ТВ и кујна. Слободно време. Ноќевање.
(31.12.2024 ) | Лутраки
Посета на минералните бањи, можност за уживање во топлите минерални води на отворените базени.Слободно време. Вечерта, Новогодишнавечера во најпознатиот ресторан во цела област“KALOFAGAS”кај газда Митре, надалеку познат по приготвувањето на јагнешки специјалитети под вршник. Ноќевање.
(01.01.2025 ) | Лутраки – Воден – Струмица / Скопје
Во договореното време поагање кон Воден. Пристигнување во Воден – градот на водопадите и прекрасните градини познати во цела Грција. Најголемиот водопад познат како Керанос паѓа од 70 метри висина. Слободно време за разглед на паркот и водопадите како и за гиро и фрапе во некој од многуте ресторани. Во попладневните часови враќање кон Македонија.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со туристички автобус;
2 ноќевања во апартмани “А” категорија;
Водство и реализација на програмата со придружник од агенцијата;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Патничко осигурување
Новогодишна Вечера кај газда Митре- 2170 ден
(Избор на порција – јагнешко печено, свинско печено или риба) , салата, 2 пијалока и десерт)
Сместувањето е во приватни апартмани (наем на апартман) :
– Деца до 5 години плаќаат 50% од цената, без дополнително легло.
– Деца од 6 до 12 години – 10 евра попуст
Општи напомени:
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
atlan