ДОЧЕК НА НОВАТА 2025 – КАВАЛА
(Со вклучена Новогодишна вечера)
(30.12.2024-01.01.2025)
Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се возобновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки… Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште …
Прв ден: 30.12.2024 година (понеделник)
02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување на групата во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во центарот на градот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ градот кој живее во празнична еуфорија. Ноќевање.
Втор ден: 31.12.2024 година (вторник)
Појадок. Слободен ден за уживање покрај море во празнична атмосфера. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки “kourabiedes” (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и “melomakarono” (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Вечерта организирано заминување во таверна во градот Драма каде ќе ја дочекаме Новата 2025 Година во весела атмосфера и музика во живо. После полноќ враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.
Трети ден: 01.01.2025 година (среда)
Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………179 евра (11.100 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 ****
– Организиран Дочек на Новата Година во таверна во Драма (вечера со музика во живо)
– Посета на Солун
– Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Доплата за еднокреветна соба – 32евра (за двете ноќевања)
– – Пијалоци за време на Новогодишната вечера во таверна
– – Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер
– Патничко осигурување
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
атлк