Dolomiti Alpi Italija

септември 30, 2024

” Eat. Sleep. Ski. Repeat ” на Доломити

Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која е меѓу најдобрите во светот за скијачите кои сакаат различности. Од почетници кои сакаат да запознаат област за скијање која е совршена за семејства со деца, до искусни скијачи која нуди прекрасни падини до ѕвездите на Светскиот куп кои бараат повеќе спортски предизвик. Скијањето на Доломитите значи скијање на патеките на Мармолада, заедно со помали скијачки центри,значи акција во 30 снежни паркови. Новото и модерно хотелско сместување на Алпите заедно со нашиот искусен тим се подготвени да ви го овозможат најубавиот и најзабавен зимски одмор досега. Придружете ни се и поминете незаборавен зимски одмор исполнет со многу активности, дружење и забава. Искусете уникатни моменти и создадете доживотни спомени.

Учесниците ќе бидат сместени во Hotel Orsa Maggiore 3* кој се наоѓа непосредно до прекрасните стази на Доломити.

Придружете ни се и поминете незаборавен зимски одмор исплонет со многу активности, дружење и забава. Искусете неповторливи моменти и создадете  спомени за цел живот .

Датум: 08.01 – 14.01.2025
14.01 – 19.01.2025
Времетраење: 5 и 6 ноќевања
Дестинација: Доломити, Италија
Транспорт: Автобус од Скопје
*Можност за авионски превоз (со доплата)
Цена: 495 еур – со вклучен автобуски превоз за 6 ноќевања
429 еур – со вклучен автобуски превоз за 5 ноќевања
399 еур – без вклучен автобуски превоз за 6 ноќевања
349 еур – без вклучен автобуски превоз за 5 ноќевања

08.01 – 14.01.2025(6 ноќи ) & 14.01 – 19.01.2025(5 ноќи)

07.01.2025
– Собир на група и тргнување од Скопје со автобуски превоз – Ноќно возење
08.01.2025
– Пристигнување во Фалкаде – Сместување во хотел (после 15.00 часот) – Помош при купување ски карти и ски рент – Вечера во хотел и ноќевање
09.01.2025 до 13.01.2025
– Појадок во хотел – Индивидуални активности/Ски активности – Вечера – Слободни активности
14.01.2025
– Појадок во хотел – Тргнување кон Скопје
15.01.2025
– Пристигнување во Скопје во утринските часови

Во цената е вклучено:

  • 6 ноќевања на база полупансион ( појадок – Шведска маса, вечера = предјадење, главно јадење и десерт ) во Hotel Orsa Maggiore 3*
  • WSC програма со едукативни активности
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Доломити – Скопје
  • Патролни инструктори
  • Професионални инструктори и водичи
  • Wi-Fi во хотел
  • Бесплатен shuttle bus до гондолата

Во цената не е вклучено: 

  • Ски опрема
  • Ски карта
  • Туристичка такса 2,5 еур од ден ( плаќање во хотел )
  • Патничко осигурување

Забелешки:  

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зонаta
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД