Индокина 29.11-10.12.2024

август 2, 2024

ЗЛАТЕН ТРИАГОЛНИК НА ИНДОКИНА

(Виетнам, Лаос, Камбоџа)

29.11-10.12.2024

https://www.myfavouritehols.com/articles/1.664395cambodia.jpg

29.11.2024 |СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Истанбул во 20:35 часот. Пристигнуваме во Истанбул во 00:15 часот после полноќ.

 

30.11.2024 | ИСТАНБУЛ-ХАНОЈ (ВИЕТНАМ)

Поврзаниот лет кон Ханој, Виетнам е во 02:30 часот. Пристигнуваме во Ханој во 15:25 часот локално време. По завршување на сите формалности на аеродромот, со организиран трансфер, се упатуваме кон хотел. Се сместуваме во хотел. Одмараме од долгиот пат, пред вечерните прошетки во градот. Ноќевање.

 

01.12.2024 | ХАНОЈ (City and Food Tour with Train Street Visit)

Појадок во хотел. Секое патување го започнуваме со запознавање на градот во кој престојуваме, а тоа најдобро го знае локалниот водич кој ќе ни ја раскаже приказната на Виетнам. Почнуваме рано наутро во 08:00 часот каде прв на нашата агенда ќе биде храмот Tran Quoc Pagoda, сместен на островот Golden Fish. Ова е најстариот храм во Ханои, изграден во 6-от век. Ќе го посетиме комплексот Хо Ши Мин, (Ho Chi Minh), кој го носи името на бившиот претседател на Демократска република Виетнам, чије балсамирано тело можете да го видите овде. Тука се и неговите 2 куќи во кои што живеел и работел се до неговата смрт. Можеби најуникатниот храм во светот се наоѓа овде – Pillar Pagoda (Godess of Mercy), а при влез во овој и било кој друг храм, Вашите рамена и колена треба да бидат покриени. Приказната продолжува кон Етнолошкиот музеј на Виетнам, каде ќе дознаеме за културата на дури 54 етнички групи кои живеат овде. Следува пауза за ручек каде можете да пробате најразлични специјалитети на виетнамската кујна. Продолжуваме кон музејот на книжевноста (Temple of Literature) кој е и првиот унверзитет на Виетнам, отворен во 11ти век. Последната точка на овој разглед е затворскиот музеј Хоа Ло (Hoa Lo Prison Museum), кој на почетокот бил користен за политички затвореници од страна на француските колонисти во Индокина, а подоцна и од Северен Виетнам, за воени заробеници на САД, во текот на Виетнамската војна. Но нашата авантура штотуку започна, па така продолжуваме во друштво со мешатаните, каде ќе дегустираме вкусна локална храна. Сигурно секој од Вас слушнал или видел фотографии или видеа од воз кој поминува буквално до влезовите на домовите на мештаните. Оваа глетка ќе имаме прилика да ја видиме одблиску, и да пиеме кафе на самата пруга. Започнуваме претпладневите часови од претходно договорено место со нашиот локален водич кој ќе не води во денешната авантура. Околу 4 часовно движење низ локалните ресторани на мештаните каде ќе пробаме виетнамски солени и благи специјалитети. Со полн стомак заминуваме кон улицата која е позната како “Train Street”. Со оглед на тоа што возовите имаат дневни планови на возење, ќе бидеме повеќе од среќни доколку бидетеме пристутни на моментот кога токму возот поминува пред нашите лица. Додека го чекаме истиот, уживаме во кафе и десерт на оваа улица, која можете да ја најдете само во Виетнам. Се враќаме во хотел. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

02.12.2024 | ХАНОЈ (Ninh Binh, Trang An, Bai Dinh & Mua Cave Trip)

Рано појадуваме во хотелот бидејќи во 07:30 часот започнува турата преку која ќе се запознаеме со виетнамска култура и историја воедно. Патуваеме од Ханој до Нин Бин (100км), каде ќе го посетиме најголемиот комплекс на будистички храмови – Баи Дин, и ќе видиме преку 500 статуи напревени од сини камења, 36 тонското ѕвоно и статуата на Буда која се издига 10 метри и тежи ни помалку ни повеќе, 100 тона! Правиме пауза во локален виетнамски ресторан каде што ќе пробаме локални специјалитети (шведска маса). Продолжуваме кон комплексот Транг Ан кое е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Оттука се впуштаме во авантура на стар традиционален дрвен брод по мирните реки, каде ќе видиме мистериозни пештери и варовнички карсти покриени со тропски растенија. Пред да се вратиме во Ханој, се качуваме на 500 скалила каде ќе се возхитуваме на панорамскиот поглед кон Там Кок. Околу 19:00 часот се враќаме во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

 

03.12.2024 | ХАНОЈ (Halong Bay Cruise with Swimming & Kayak Tour)

Појадок во хотел. На овој ден ќе побегнеме од метежот во Ханој, директно во брегот Ха Лонг. Патуваме 2 ипол часа низ едни од најубавите предели со зелени полиња кои некогаш сте ги виделе, а dress code-от за денес е костим за капење J. Целодневна тура на заливот каде ќе уживаме во прекрасните карпести планини, пештери и песочни плажи. Пристигнуваме на пристаништето Туан Чау од каде ќе крстариме по тиркизните води, восхитувајќи се на карпестите формации пред нас. На бродот ќе имаме виетнамски ручек за целосно уживање на ова патување. Нашата авантура продолжува кон овде познатата пештера Сунг Сот, позната и како Пештера на изнендувањата. Се возхитуваме на светкавите сталактити во безброј уникатни форми. Со кајак или бамбус брод, ја истражуваме пештерата Луон. Ја чуствуваме топлината на сонцето поминувајќи покрај островот Титоп, каде ќе имаме време за плажа, капење. Оние со планинарски дух ќе имаат можност да се искачат на врвот на овој мал остров од каде ќе уживаат во панорамска глетка на околкните острови и карпести форми. Пред да се вратиме на бродот, се опуштаме со забава на зајдисонце, со црвено вино и закуска. Се враќаме со бродот од пристаништето, од таму до Ханој. Ноќевање.

 

04.12.2024 | ХАНОЈ (Слободен ден или факултативен излет – Cooking class)

Појадок во хотел. За денешниот ден оставаме простор за индивидуални активности или предлог дополнителни излети со кои би го збогатиле ова патување. Препорачуваме тура во стариот дел на градот и часови по готвење, каде ќе можете сами за себе да си припремите локален специјалет, во коорцинација со професионален готвач. На крајот добивате серфитикат кој ќе остане Ваш спомен. Ноќевање.

 

05.12.2024 | ХАНОЈ-ЛУАНГ ПРАБАНГ (Лаос)

Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран трансфер, се упатуваме кон аеродромот во Ханој, за лет кон Луанг Прабанг, Лаос. Пристигнуваме на аеродромот во Лаос, од каде со организиран превоз се упатуваме кон хотелот овде. Се сместуваме во хотел. Одмараме и го истражуваме градот индивидуално или во договор со групата и пратителот на истата. Ноќевање.

 

06.12.2024 |ЛУАНГ ПРАБАНГ (Cruise to Pak Ou Caves & Kuang Si Waterfalls)

Појадок во хотел. Денешната агенда предвидува целодневна тура по која ќе ги запознаеме знаменитостите на Луанг Прабанг во Лаос. Од хотелот тргнуваме кон пристаништето од каде со брод заминуваме по реката Меконг. Уживаме во погледот поминувајќи ги рибарските локални села. Првата пауза ја правиме на Бан Ксанг Хаи (Ban Xang Hai) или познато како “селото на вискито”. Го истражуваме селото и процесот на изработка на “Lao Lao”, омиленото виски од ориз, кое ќе имате можност да го вкусите овде. Продолжуваме со бродот патувајќи кон познатите пештери Пак Оу (Pak Ou Caves). Овие будистички пештери биле место за верниците и обожувачите на Буда повеќе од 1000 години, кои во текот на истите ги исполниле овие природни пештери со збирка на статуи од него. Следно на агендата е кампот на слоновите Манифа (Manifa Elephant Camp), каде ќе уживаме во вкусен ручек на шведска маса, во ресторан со поглед кон реката Меконг и слонови кои слободно се движат наоколу. По ручекот се упатуваме кон водопадите Куанг Си (Kuang Si) каде 2 часа ќе уживаме во слободното време. Ќе прошетаме по патеките на овој природен резерват и ќе пливаме во тиркизните води на водопадот. Ова е всушност последната станица за денешната авантура, по која се враќаме во хотел. Ноќевање.

 

07.12.2024 | ЛУАНГ ПРАБАНГ-СИЕМ РИП (Камбоџа)

Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот, за лет кон Камбоџа и градот Сием Рип. Се сместуваме во хотел и го истражуваме градот. Ноќевање.

 

08.12.2024 | СИЕМ РИП (Анкгор Ват)

Одморени, рано наутро тргнуваме кон најпознатиот храм овде – Angkor Wat, каде го дочекуваме најубавото изгрејсонце. Одвојуваме час и половина за обиколка на храмот и можност за неверојатни фотографии. Ќе појадуваме во локален ресторан и ќе го почуствуваме руралниот живот на Преа Дак (Preah Dak), каде ќе имаме можност да вкусиме познат десерт/торта, кај мештаните познат како “Palm cake”. Оваа тура ја продолжуваме кон почетокот на џунглата Та Пром (Ta Prohm) каде е лоциран истоимениот храм, кој оставен во првотибна состојба, со изразнати дрвја и големи корења околу него. Ја посетуваме и јужната порта на Angkor Thom, каде се возхитуваме на храмовите Bayon и Baphoun со нивните 54 кули 216 лица на Buddhisatva Avalokesvara. Следува Терасата на слонот (The Elephant terrace) и терата на лепрозниот крал (Leper King Terrace), позната како кралска платформа. Нашиот водич ја продолжува приказната за овој крај на светот, со интересни факти и приказни, пред да се вратиме во хотел. По 8 часовна тура, се враќаме во хотел. Одмор и пауза за ручек во некој од локалните ресторани. Попладне продолжуваме во пешечка тура со локален водич, како одблизу би се запознале со градот. Тура од 2 часа каде што ќе се впуштиме во внатрешното јадро на овој град, кој иако мал, е во голем туристички подем. Ќе ја видиме Кралската градина и резиденција, пред да се пробиеме низ улиците до селото Кандал, кое според локалците, важи за најголемата шопинг област овде.  Продлжуваме во Wat Preah Prom Rat, наголемиот храм овде и лежечката статуа на Буда, каде што локалниот водич ќе ни раскаже како храмовите и будизмот влијаат на секојдневниот живот на жителите на Камбоџа. Продлжуваме кон Par Chas (стар пазар), каде што ќе најдете буквално се’, од сувенири и текстил, до тезги со храна. Се враќаме во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

 

09.12.2024 | СИЕМ РИП-ХАНОЈ-ИСТАНБУЛ

Појадок и одјавување од хотелот. Последни прошетки во Сием Рап пред организираниот превоз до аеродромот овде за летот кон Ханој. Оттаму полетуваме кон Истанбул.

 

10.12.2024 | ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Пристигнуваме во Скопје во утринските часови.

 

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 2690

 

Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува.

  • Повратни авионски билети од Скпоје, согласно програмата;
  • Аеродромски такси;
  • Рачен багаж до 8кг по лице;
  • Чекиран багаж до 23кг по лице;
  • 5 ноќевања со појадок во хотел во Ханој (Hanoi);
  • 2 ноќевања со појадок во Луанг Прабанг (Luan Prabang);
  • 2 ноќевања со појадок во Сием Реп (Siem Reap);
  • Излети според програмата;
  • Пратител на групата во текот на целото патување;
  • Патничко осигурување.

 

Пакет цената НЕ вклучлува:

  • Визи за влез во Виетнам, Лаос и Камбоџа кои се издаваат и плаќаат на лице место (или онлајн);
  • Патничко осигирување;
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелите (доколку има таква);
  • Доплата за еднокреветна соба: 500€

 

Напомени:

  • Понудата е валидна при минимум 10 пријавени лица;
  • Агенцијата го задржува правото за корекција на пакет цената на аранжманот, во случај на недоволен број пријавени лица или промена на набавните цени од страна на авиокомпанијата, хотелските капацитети, трансфер компаниите, како и излетите кои се вклучени во истиот;
  • Резервација за гарантира со уплата од минимум 50% од вкупниот износ на аранжманот, со целосна доплата најдоцна 30 дена пред датумот на патување;
  • Агенцијата се обрзвува најдоцна до 30 дена пред почетокот на патувањето да ги извести пријавените лица за реализација или откажување на патувањето;
  • Во случај на отказ на патувањето од страна на агенцијата, депозитот за резервација се рефундира во целост;
  • Во случај на отказ од страна на патникот, при потврдена реалзиција на програмата, уплатениот депозит не се рефундира.

 

ОПШТИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕСТИНАЦИИТЕ

 

Виетнам

 

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗЕМЈАТА 
Виетнам е земја во Југоисточна Азија. Сместена е на брегот на Јужното Кинеско Море и Тајландскиот Залив. На север се граничи со Кина, на запад со Лаос и на југо-запад со Камбоџа. Престорна површина: 331.210 км2, 66-та по големина во светот;
Население: 94,34 милиони жители
Главен град: Ханој (3,29 милиони жители)
Националност: виетнамци (85,7%), други етнички групи (14,3%)
Официјален јазик: виетнамски; се користат уште и англиски и француски;
Вероисповед: неопределени (80,8%), будисти (9,3%);

2. ВИЗА
Виетнам: Што се однесува до визата за Виетнам, ќе ви биде издадена еднократна виза за Виетнам и ќе ја добиете на аеродромот со авионскиот билет. Цената на визата е 20УСД (кои ги уплаќате во агенцијата) + 25УСД кои ги плаќате на аеродромот кога ќе слетате. За виза во Виетнам, треба да имате две фотографии со вас, а кога ќе слетате, одете на пултот на кој пишува LANDING VISA, каде визата ќе Ви биде залепена на вашиот пасош.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Временската зона е UTC +7, што значи 6 часа пред С. Македонија.

4. КЛИМА
Тропската монсунска клима е распространета во областа Индокина. Сезоната на дождови трае од средината на мај до октомври, додека сушната сезона е од ноември до април. Поради високата влажност, и пониските температури тешко се толерираат. На северот влажноста е многу пониска, а климата е поблага. Ноември и декември означуваат пристигнување на сувата сезона и ноќните температури на големи височини може повремено да се спуштаат до ниво на благ мраз. Температурите започнуваат да се искачуваат во јануари, кога достигнуваат и до 40°С.

Во Виетнам, климата е тропска, обележана со чести монсуни. На северот забележан е пад на температурата помеѓу ноември и април. Температурите се движат помеѓу 5°C и 37°C.

5. ХРАНА И ПИЈАЛОК

Храната е многу разновидна, таканаречено типично азиска. Има многу ориз, риба, тестенини, пилешко, овошје и зеленчук. Виетнам има обилна трпеза и разработена техника за подготовка на храна. Подготовката на храна станала уметност кај виетнамскиот народ, така што некои виетнамски јадења станале светски познати. Во Виетнам, имате можност да пробате многу вкусни јадења што не можете да ги најдете на кое било друго место во светот. Некои јадења се подготвени од морска храна, како што се јастог, риба, рак и лигњи… кои се релативно ретки и скапи во некои западни земји, но неверојатно евтини во Виетнам. Покрај уживањето во традиционалните јадења како супа од тестенини (Pho), свински колбас (Gio lua), пролетно пециво (Nem ran), рибни кугли (Cha ca) и др… Виетнам го прифатил начинот за подготовка на некои јадења од земји што се познати по нивната добра подготовка на храна и добрите кулинарски техники, како што се Тајланд, Кина, итн…

 

6. ЗДРАВЈЕ

Вакцинацијата е по избор. Нашите патници одлучуваат индивидуално дали сакаат да бидат вакцинирани или не. Најдобро е да се јавите во Институтот за јавно здравје и да проверите. Препорачливо е да земете абдоминални лекови (пробиотик), треска или некои лекови за болка и покачена телесна температура, за секој случај. Ако не го земете тоа, не е страшно, сè може да се купи во аптеките таму. Исто така, има комарци таму, па можеби ќе сакате да донесете и Аутан, и таму може да земете репеленти против комарци, од искуство, нивните средства се посилни.

 

7. ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурувањето е незадолжително, но секако го препорачуваме за далечни дестинации. Можете да го платите во која било осигурителна компанија и да го понесете на патувањето, или можете да го уплатите кај нас во агенцијата најдоцна 5 дена пред патувањето.

 

8. СИГУРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

На сите посетители им се советува да бидат внимателни. Се препорачува внимателно чување лични документи и пари заради ризик од грабеж и џепароши. Движењето по улица навечер се препорачува само доколку не сте сами. Дрогата е нелегална, и како таква е казнива со закон и затвор.

 

 

 

9. ОБЛЕКА

Пакувајте што е можно помалку облека! Насекаде можете да ги исперете алиштата. Оваа услуга е многу поволна, околу 1 евро по килограм, алиштата брзо се завршени, убаво испрани и здиплени. Со оглед на високите температури, понесете лесна гардероба. Задолжително понесете дуксер или некоја лесна јакна и некои долги панталони за возењето со автобуси (кои се климатизирани). Кога посетувате културни и историски места, поточно храмови, имајте во предвид дека е задолжително да ги покривате нозете и рамената, затоа при пакување внимавајте на ова.

 

10. ЛОКАЛНА ВАЛУТА

Валутата во Виетнам е виетнамски донг, а девизниот курс е 1 УСД = 23.365 VND. Исто така, не препорачуваме да се потпрете на плаќање со платежни картички, па затоа е подобро да носите пари во готово.

 

11. ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ И БАНКОМАТИ

Банкарскиот систем е високо развиен, така што ќе најдете бројни банки и банкомати на секој чекор од патот. Треба да проверите кај матичната банка за точниот износ на провизијата. Наша препорака е да понесете пари во готово. Може да се користат кредитни картички, но претходно мора да ја известите вашата банка за да немате проблеми со блокирање на картичката. Исто така имате менувачници на секој чекор, достапни во текот на целиот ден.

 

12. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мрежи во Виетнам работат, но најлесно ќе ви биде да си купите локална SIM картичка. Исто така, насекаде има интернет кафулиња, а сместувањата се опремени со wireless интернет.

 

Камбоџа

Камбоџа e држава во југоисточна Азија. На југозапад излегува на Тајландски залив (дел од Јужно кинеско море). На запад и север се граничи со Тајланд, на север со Лаос и на исток и југ со Виетнам.

Површина на земјата: 181,035 km2, 90. по големина во светот

Број на жители: 15,7 милиони жители

Главен град: Pnom Pen (1,7 милиони жители)

Националност: Kамбоџанци – Кмери (90%), останато: Виетнамци, Кинези;

Официјален јазик: kмерски;

Вероисповед: будизам (будисти 96,9%);

 

ВИза за Камбоџа се вади на граница. За тоа е потребно да имате две фотографии, 3.5 x 4.5cm на бела позадина и 40 долари (во долари). На излез од Камбоџа се плаќа и такса од 20 долари.

Временската зона е UTC +7, значи 6 часа нанапред во однос на С. Македонија.

Во Kамбоџа климата е монсунска. Од декември до април трае сушен период, кога преовладува сув североисточен монсун. Просечната температура се движи помеѓу 21°C и 35°C.

 

Камбоџанската кујна се издвојува со често користење на билки, тревки и зеленчук. Камбоџанската кујна се краси со репутација на една од најстарите и најздравите во светот. Најважниот додаток во сите јадења е ориз и тестенини од разнолики видови и облици. Од месо се јаде пилешко, свинско, телешко и месо од патка. Се консумираат многубројни видови на овошје и зеленчук. Специјалитет на камбоџанската кујна е Амок – кари паста со кокосово млеко и бројни додатоци, спакувано во лист од банана. Тука се уште и супата со нудли, месо од скара, салата од манго и разни други слатко – луто – кисели комбинации.

 

Вакцинација не е задолжителна. Нашите патници индивидуално одлучуваат дали сакаат да се вакцинираат или не. Најдобро е да се консултирате со Институт за јавно здравје и да проверите. Пожелно е да понесете лекови за стомачни болки (пробиотик), фервекс или некои лекови за болка и покачена телесна температура, за секој случај. Доколку не понесете, не е страшно, сé може да се купи и во тамошните аптеки. Исто така, таму има комарци, па би било добро да понесете и Аутан, а можете и таму да купите средства против комарци, но од искуство, нивните средства се со посилно дејство.

На сите посетители им се советува да бидат внимателни. Се препорачува грижливо чувањена личните документи и пари поради ризик од кражби и џепароши. Движење во доцните вечерни часови се препорачува само доколку не сте сами. Дрогата е нелегална појава, и како таква е казнива со закон и затвор.

Спакувајте што е можно помалку багаж! Секаде можете да ги исперете алиштата. Таа услуга е навистина поволна, околу 1 евро по килограм, алиштата се набрзина готови, убаво испрани и здиплени. Со оглед на високите температури, носете лесна гардероба. Задолжително понесете дуксер или некоја лесна јакна и некои долги панталони за возењето со автобусите (бидејќи се климатизирани). Понесете некои удобни патики за целодневните обиколки на комплексот Ангкора. За обиколките на културно – историските знаменитости, конкретно храмови, мораме да напоменеме дека е задолжително покривање на нозете и рамењата, така да обрнете внимание и на тоа за време на пакувањето. Ако било што заборавите, од гардероба, козметика, обувки, без грижи, таму можете да купите сé.

Што се однесува до парите и плаќањето, пожелно е да носите долари, особено за Камбоџа. Валутата во Камбоџа е камбоџански рил (Riel). Однос на валутата изнесува околу 1 USD = 4.045 KHR, иако во Камбоџа секаде е можно плаќање со долари, па поради тоа Ве советуваме да понесете долари и тоа што е поситно можно.

Банкарскиот систем е многу развиен, така што ќе најдете бројни банки и банкомати на секој чекор. За износот на точната провизија би требало да проверите со матичната банка. Наша препорака е да понесете готовина.

Користење на платежни картички е можно, но тоа морате претходно да го најавите во матичната банка, за да не дојде до блокирање на картичките. Менувачници исто така имате на секој чекор, достапни во текот на целиот ден.

Нашите мрежи не функционираат во Камбоџа. Исто така, интернет кафулиња има насекаде, а и во сместувањата е достапна wireless интернет мрежа.